Во народните македонски песни секогаш е опеан некој настан или личност во минатото. Па така и во елегичната песна „Се посврши Сербез Донка“ се зборува за еден вистински настан, поточно за најубавата велешанка во минатиот век, Донка Јаричкова. (моја забелешка) Донка Јаричкова живеела во месноста Мегдан. Таа била девојка по која многуте ергени од градот воздивнувале. Кога слегувала во чаршијата мајсторите и чираците, престанувале со работа а таа знаејќи дека многумина ја гледаат гордо со исправена става ќе прошетала, не погледнувајќи во никого. Меѓу ергените што ја сакале бил и кондураџиајта Миле Ивчев, кој иако не бил многу при пара, бил убав. Меѓу Донка и Миле се родила љубов, за која веќе дознала велешката чаршија. Разбрал и таткото на Донка, Пецко, кој не сакал да има зет чевлар, па решил да ја омажи за некој богат и имотен. За ќерката убавица нашол младоженец од Башино Село, кој имал лозја и многу земја. Без знаење на Донка се било завршено, дури и прстен се дал а веста за ...
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ