Skip to main content

Posts

Showing posts from July, 2013

ИЛИНДЕНСКА

Тирани и беда, со векови така народот страден се реши за борба Со пушка в рака во раните зори тргна низ села, градови и гори Илинденци славни чекорат напред Оставија најмили свои, да жалат и плачат А тие со надеж дека пак ќе се вратат И ќе ја донесат слободата ко птица белокрила Повторно повик се слушна, повик за борба Ура за слобода на Македонија!  Започна нерамен бој Во Крушево славно на Мечкин Камен Одекна пукот, загина јунак!

ЗА ИЛИНДЕН

"Гориме од нестрпливост - се вели во Окружното - и одвај чекаме да падне ноќта и да го преземеме Крушево, та заедно со сиот народ да го викнеме нашето Македонско УРА!" Од Штабот на Крушевските востаници на чело со Никола Карев - 1903

БРСЈАЧКАТА БУНА

·     Да се корегира една историска неправда  - од Научниот собир во Битола – Објавен научен труд во книгата Зборник – Битола 2012, стр.371 од Ванѓелко Лозаноски ·      Брсјачкото востание одразено во Македонската народна песна и кај српските историчари и собирачи на народни песни По Разловечкото и македонското Кресненско востание, во западна Македонија, во 1881 година, започна Брсјачкото востание. Кое до ден - денеска во историјата ова востание е познато како буна. Кога ја пишував книгата „Брсјачка буна“, д-р Глигор Тодоровски ми даде можност да го обработам како востание. Во овој труд ќе се задржам на изборот на востаничкото раководство, востаничкиот штаб. И одразот во македонските народни песни запишани од македонски и српски историчари, културни дејци и собирачи на народното творештво. И Брсјачкото востание е одраз на востаничките движења кај соседите и во Македонија, како незадоволство од Берлинскиот конгрес, за македонското прашање. ИЗБОРОТ НА Р...

РОПСТВО

Дејди моја мила мајко, од кај иде силен екот, дење - ноќе век ќе крене, мира, мајко, не ни дава? Дали негде огин гори, та сред огин змии пиштат ели, мајко, веди трештат, та се пуста земја тресе? - Нити синко, огин гори, ни сред огин змии пиштат нити веди, синко, трештат, ни се пуста земја тресе туку,, синко, полошо е и од оган и од вода: Врие чедо, тиран гладен низ нашава црна земја Автор: Коле Неделковски

КАЖИ МИ

Кажи ми јасно, момче мило на кој народ си предан син? - На македонскиот! Во која земја гнездо свиле твоите мисли, твоите мечти? - Во Македонија Кажи ми громко, момче мило на кој храм ти принесуваш дар? - На македонскиот! Чија е твојата младост бујна и твоето срце - олтар? - На Македонија! Кажи ми смело, момче мило на кој идол му служиш со жар? - На македонскиот Кажи решително, мили во животот имаш ли идеал? Да! МАКЕДОНИЈА! Автор: Никола Киров Мајски Никола Киров Мајски е роден во 1880 година во Крушево. Бил учител во с. Баница, Крушево, Ресен и на други места. Бил активен учесник во Илинденското востание,а се претпоставува дека е и автор на Манифестот на Крушевската Република, што подоцна го вградил и во својата драма Илинден.  Никола Киров Мајски починал во  Софија , во длабока старост, токму на денот на  Илинден ,  2 август   1962  година. Никола Киров Мајски оставил доста историски трудови, како: „Со по...

БЕЛИЧКИ СРЕДБИ 2013

Во организација на Здружението за развој на месната заедница на село Белица  се  о држаа третите по ред, “Белички средби“. Оваа манифестација секогаш успева да го оживее овој крај со неговите природни убавини, место каде што пулсира минатото споено во народните игри и песни, во поетските стихови и традицијата.  Г-динот Лозаноски секогаш со искрена љубов и гордост ги афирмира убавините на родната Белица. Тој понесува искрени впечатоци во врска и со овие Белички средби и изјави: “Ние како поети, научници, писатели и новинари не можеме да ги опишеме доживувањата од Беличките средби. Ех таа божествена рајска природна убавина, тие бистри води, тие развиорени ора со македонско знаме, народните песни за Белица и Македонија, можат да се доживеат само во Белица. Крај невестинската Бечаничка чешма која младите ја именуваат како чешма за вљубените, да токму крај таа чешма заискрила љубовата кај многу млади.  Тука гувееле безброј невести во китна беличка носија, тука пи...

БЕЛИЧАНСКИТЕ ВОДАРКИ

Автор: Ванѓелко Лозаноски На мајка ми Бевцена, на сестра ми Илинка и сите жени од Белица. Во чест на возобновената селска чешма во Белица Кичевска Крај чешмата, под црквата, Свети ЃОРЃИЈА-недалеку од сред селото. Чешмата за заљубените девојки и невести. Везеа со срмен и златен конец   Длабоко во ѕвездените ноќи,   На месечина, кандило и ламба.   Везеа со љубов и занес. Везеа руба за себе, за своето љубено момче Со љубов, бескрајна неизмерна Бистра како бистрите   Бисерни белички извори. Везеа дарови за татко,мајка брат и сетра Очите им блескаа со сончевина   Везеа дарови со денови, месеци   и години за свадба за мајка и свекрва,   за татко и свекор за мили девери. Се будеа со песната на петлите Со првите сончеви зраци Крај огледало   Со занес и милина чешлаа   долги и бујни коси Со раце ги мреса Со цветови ги китеа. Да бидат поубави и посјајни и од сјајот на Сонцето   Порумени и од руменото јаболко. Ко...

АРСЕНИЈ ЈОВКОВ

Арсениј Јовков - истакнат македонски револуционер, врвен интелектуалец, публицист, кинематограф е роден на 25 март 1882 во с. Селци, Дебарско, а убиен на 14 септември 1924 година. Поради неговото потекло од револуционерно семејство и неговите младешки активности, тој морал да емигрира во Бугарија. Но и покрај емиграцијата, активноста на Јовков се одвивала за Македонија и за македонското прашање. Тој бил директен учесник во Илинденското востаниe, во балканските војни и во Првата светска војна. Јовков е автор на сценариото на играниот филм Илинден и документарниот филм Македонија, еден од најстарите филмови што ги поседува Кинотеката на Македонија - Македонија во слики од 1923 година, снимен по повод 20 години од Илинденското востание. Тој на својот народ му порачувал: „Македонче, и кога се одмараш, и кога спиеш, знај дека твоите усилби се потребни за повозвишено и почесно дело. Зачувај го тоа дело така чисто, така големо, така недопирливо какво што беше досега. Не го злоупотребув...

ДЕНОВИ

Како на вратот ѓердани ниски камења студени, така на плешки денови легнале та натежнале. Денови ли се – денови аргатски маки големи! Стани си утре порано Дојди си вечер подоцна, наутро радост понеси навечер тага донеси – ај, пусти да е, пуст да би остана живот кучешки! Роди се човек – роб биди роди се човек – скот умри, скотски цел живот работи за други, туѓи имоти. За туѓи бели дворови копај си црни гробови! За себе само р’гај си за себе маки тргај си – нижи си ѓердан денови нижи си алки ковани, нижи си синџир железен околу вратот навезен! Кочо Рацин

РЕЧНИК

Речник Објаснување на македонски зборови: директен - непосреден детуле - деминутив од Дете дисидент - отпадник дисхармонија - нескладност дефтонг - двогласник дума - мисла дограмаџија - столар дус - рамен Ѓердан - огрлица Ѓуле - топовско зрно Ѓумрук - царинарница Ѓурултаџија - галамџија Ѓутуре - се заедно, без мера Евидентно - очевидно Егоизам - себичност еквивалентно - со иста вредност Ексклузивен - исклучителен Екскомунициран - исклучен Дилбер - убав, драг (во наодната поезија) директива - упатство дисимилација  - разедначување дистрикт - област дифтик - килим со реси ѓомити - божем думан - магла, прашина во воздух ѓурултија - галама евентуален - можен Егзалтација - одушевеност Едиција - издание експлоатација - искористување Дерби - решавачки натпревар Gordana Dimovska

ЗЛАТЕН ЗАНАЕТ

Како прокоба се ниже ден по денот, како кошмар се гнезди во душата темна, мачна неизвесност од времињата што идат. Нешто бавно, бавно стега во душата и дави. -Еј, тешки ли времиња дојдоа , пусти биле! Опусте чаршијата, раскапаа ќепенците, во некогаш веселите, ѕунливи занаетчиски работилници се завлече чума: со прашина просипан лежи алатот по тезгињата, со прашина просипано едно мртво, златно време – рѓоса златниот занает...Еј Темо, Темо, еј пусто турско. Како дождалец седи Темо со скрстени нозе и со скрстени раце на голиот чардак, седи и премислува: сноп од сонце што дрско се вовира низ скршеното прозорско стакло на чардакот, силно се извива врз нечистиот под и штици, и разводнувајќи се оттаму во бледи одблесоци, благо го облева неговото мрачно и неизбричено лице, по кое се браздат страдалнички брчки. Но безчувствен е Темо за сонцето, неприемлив за видот. Какво проклетство му донесе овој тутун! Тој, Темо Крапчето, некогаш добар столар, виден занаетчија, едно време дури и уста...