Monday, July 8, 2013

АРСЕНИЈ ЈОВКОВ

Арсениј Јовков - истакнат македонски револуционер, врвен интелектуалец, публицист, кинематограф е роден на 25 март 1882 во с. Селци, Дебарско, а убиен на 14 септември 1924 година. Поради неговото потекло од револуционерно семејство и неговите младешки активности, тој морал да емигрира во Бугарија. Но и покрај емиграцијата, активноста на Јовков се одвивала за Македонија и за македонското прашање. Тој бил директен учесник во Илинденското востаниe, во балканските војни и во Првата светска војна.
Јовков е автор на сценариото на играниот филм Илинден и документарниот филм Македонија, еден од најстарите филмови што ги поседува Кинотеката на Македонија - Македонија во слики од 1923 година, снимен по повод 20 години од Илинденското востание.
Тој на својот народ му порачувал:
„Македонче, и кога се одмараш, и кога спиеш, знај дека твоите усилби се потребни за повозвишено и почесно дело. Зачувај го тоа дело така чисто, така големо, така недопирливо какво што беше досега. Не го злоупотребувај никаде и никогаш ниту во приватен интерес ниту во корист на партијата, доколку си член на некоја“


Г. Димовска




No comments:

Post a Comment