Tuesday, June 30, 2015

LEARN TO DANCE MACEDONIAN


Македонското младинско друштво “Никола Карев“ има потреба од нови играороци и музичари. Запишете ги вашите деца да ги изучуваат убавините на македонскиот фолклор. Проби се одржуваат  секој понеделник и среда. За повеќе информации јавете се кај претседателот и кореограф на друштвото, Аце Петровски на мобилен 0417128641. 
Macedonians are closely connected with their traditions and respect the cultural heritage that has been passed on with centuries from one generation to another.
One of the best forms through which you can discover the Macedonian culture and tradition is traditional folk dances performed with passion by people of all ages.Depending on the style, choreography and the customs they express, there are dances which originate from different regions of Macedonia. There are many cultural artistic groups teaching young Macedonians to dance. Оne of them is Australian Macedonian Youth Association "Nikola Karev", Melbourne.
They teach new generations of Macedonians in Australia to love and preserve macedonian customs, traditions through the beautiful dance. 

Sunday, June 28, 2015

THE NEW HUMOROUS DRAMA SHOW - "AH TIE MAZI"

RBT, (Rainbow Bozilak Theatre) whose director is the actress Donna Dimovska Kantarovska presents new play called "Oh those men." In fact, "Oh those men" is a humorous performance interwoven with various scenes and lots of music. The play was presented in front of numerous audience in Sv. Zlata Meglenska, Hoppers Crossing.

Friday, June 26, 2015

НОВО ХУМОРИСТИЧНО ШОУ “АХ ТИЕ МАЖИ“


Театарот Rainbow - Божилак, започнува со прикажување на новото хумористично шоу “Ах тие мажи“ што всушност е адаптација на текст од книгата “Женски разговори“ на Душан Радовиќ. Во ова забавно хумористично шоу ќе настапат Дона Димовска Кантаровска, Вера Трајкоски, Стево Мачкар и групата Рум дум дум.
Новото хумористично шоу ќе се прикажува на следните дати:
26 јуни - Preston Social club, со почеток во 7 p.m (адреса: 231 Broadhurst avenue, Reservoir)
27 јуни - Св. Злата Мегленска,  Hoppers Crossing
со почеток во 7 p.m ( адреса: 12-14 Lentini st. Hoppers Crossing)


Им посакуваме голем успех и посетеност.
Македонската заедница безрезервно треба да ги поддржува сите културни настани во кои се вложува многу труд и време.

Мacedonian timeline 

Saturday, June 20, 2015

ТАГОВНА

Автор: Славко Крстевски
Ај да не тагувам
За тоа што ми остана
Книга недозавршена
Мисла недоискажана.

Ај да не тагувам
За тоа што ми остана
Денот недоразденет
Сонцето недоизгреано.
Ај да не тагувам 
За тоа што останав
Заспан - недозаспан,
Буден - недоразбуден
Со сон - недосонет...

Friday, June 19, 2015

НАГРАДЕН ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС

По повод големиот македонски национален празник Илинден, АМЛД “Браќа Миладиновци“, Мелбурн распишува награден литературен конкурс на тема Илинден тогаш и денес. Конкурсот е за поезија и куси раскази, во две категории, за деца и возрасни. Заинтересираните можат да ги испратат своите песни или куси раскази под шифра на email: miladinovci@mail.com или на адреса P.O. BOX 544, Тhomastown, Victoria 3074, најдоцна до 28 јули 2015 година.
Расказите за возрасни да бидат до 500 зборови, напишани на Times new roman font 12.
Кусите раскази за деца да бидат до 300 зборови напишани на Times new roman font 12.
И во двете категории ќе бидат доделени прва, втора и трета награда.
Испратените дела ќе бидат разгледани од комисијата на литературното друштво “Браќа Миладиновци“ Мелбурн. Добитниците на најуспешните творби ќе бидат објавени и наградени на 2 август, Илинден.
За повеќе информации јавете се кај Гордана на мобилен 0423496821, Иванка на мобилен 0404249004 или Виолета на мобилен: 0402757374.

Овој литературен конкурс е дел од кампањата "Сакај ја книгата, негувај го јазикот" која ја започна АМЛД “Браќа Миладиновци“, Мелбурн. 

За повеќе информации јавете се кај Гордана на мобилен 0423496821, Иванка на мобилен 0404249004 или Виолета на мобилен: 0402757374.

Tuesday, June 16, 2015

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА АНТОЛОГИЈА СО ПОЕЗИЈА


Macedonian Literary Association “Grigor Prlichev” of Australia
Македонско Литературно Друштво „Григор Прличев“
P.O. Box 227 Rockdale NSW 2216


ABN: 64751353521        INC: 9885424
                                                             
  СООПШТЕНИЕ

По повод 40 годишнината од постоењето на Литературното друштво „Григор Прличев“ се планира да се издаде Антологија со поезија од членовите на истото.
Иако годишнината на Друштвото ќе се прославува во март 2018 година, Друштвото има во план да организира повеќе културни активности во кои спаѓа и издавањето на оваа антологија до крајот на 2017 година.
Услови:
1.      Да се испратат најповеќе до 10 песни по свој избор;
2.      Темата на песните е слободна;
3.      Кратка биографија до 200 зборови;
4.      Фотографија со големина 35 мм Х 45 мм (големина наменета за издавање на патна исправа);
5.      Делата можат да бидат пишувани на македонки (со кириличен фонд) или на англиски јазик;
6.      Во Антологијата ќе бидат застапени само членовите на Друштвото „Григор Прличев“;
7.      Лица кои не се членови, а имаат желба да се зачленат да побараат прием во Друштвото преку dushan@macedon.com . Ќе им се приложи формулар за членување. Само лица кои живеат во Австралија ќе можат да се зачленат во Душтвото;
8.      Членовите кои не ја имаат обновено годишната членарина се молат истото да го направат пред приложувањето на своите дела, во спротивно нема да бидат застапени во Антологијата;
9.      Текстовите како и фотографијата да бидат испратени само по електроска пошта на dushan@macedon.com  или itrposki@hotmail.com
1.  Делата да се испратат најдоцна до 31 март 2016 година.
Напомена: Сите дела ќе бидат испратени за рецензија и коректура и изборот ќе биде направен од виден македонски литературен критичар.
За повеќе информации можете да се јавите кај Душан Ристевски на 0425231335 – dushan@macedon.com  или Иван Трпоски на (02) 978 92063 – itrposki@hotmail.com

Од  Управниот одбор на Литературното друштво „Григор Прличев“








Wednesday, June 3, 2015

ВОЈДАН ПОП ГЕОРГИЕВ


Војдан Поп Георгиев- Чернодрински (роден во село Селци, Дебар во 1875 година) е првиот македонски драмски автор во чии дела прозвучи мајчиниот, македонски, јазик. Тој бил доста коректен кон македонскиот јазик и еден од основните критериуми за членство на актери во неговата драмска група било солидно познавање на македонскиот јазик. Сите негови драмски дела обработуваат теми и проблеми од секојдневниот живот на македонците и борбата за слобода.