Автор: Славко Крстевски
Ај да не тагувам
За тоа што ми остана
Книга недозавршена
Мисла недоискажана.
Ај да не тагувам
За тоа што ми остана
Денот недоразденет
Сонцето недоизгреано.
Ај да не тагувам
За тоа што останав
Заспан - недозаспан,
Буден - недоразбуден
Со сон - недосонет...
***
... Ама, како да не тагувам
За тоа што ми остана
Плачот - недоисплакан
Викот - недоизвикан
Како да не тагувам
За тоа што ми остана
Болка заболена -
НЕПРЕБОЛЕНА?!
Како да не тагувам
За тоа што ми остана
Жалба тажна, зажалена -
НЕДОИЗЖАЛЕНА
Како да не тагувам
За тоа што ми остана
Тажачка ТАГОВНА
ЗАТАЖЕНА -
НЕДОИСТАЖЕНА?!
... како... ?! ...
За сите со судба:
камен - срце
чемер - душа
Песна од стихозбирката “Крикови“ од Славко Крстевски
No comments:
Post a Comment