Friday, June 19, 2015

НАГРАДЕН ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС

По повод големиот македонски национален празник Илинден, АМЛД “Браќа Миладиновци“, Мелбурн распишува награден литературен конкурс на тема Илинден тогаш и денес. Конкурсот е за поезија и куси раскази, во две категории, за деца и возрасни. Заинтересираните можат да ги испратат своите песни или куси раскази под шифра на email: miladinovci@mail.com или на адреса P.O. BOX 544, Тhomastown, Victoria 3074, најдоцна до 28 јули 2015 година.
Расказите за возрасни да бидат до 500 зборови, напишани на Times new roman font 12.
Кусите раскази за деца да бидат до 300 зборови напишани на Times new roman font 12.
И во двете категории ќе бидат доделени прва, втора и трета награда.
Испратените дела ќе бидат разгледани од комисијата на литературното друштво “Браќа Миладиновци“ Мелбурн. Добитниците на најуспешните творби ќе бидат објавени и наградени на 2 август, Илинден.
За повеќе информации јавете се кај Гордана на мобилен 0423496821, Иванка на мобилен 0404249004 или Виолета на мобилен: 0402757374.

Овој литературен конкурс е дел од кампањата "Сакај ја книгата, негувај го јазикот" која ја започна АМЛД “Браќа Миладиновци“, Мелбурн. 

За повеќе информации јавете се кај Гордана на мобилен 0423496821, Иванка на мобилен 0404249004 или Виолета на мобилен: 0402757374.

No comments:

Post a Comment