Skip to main content

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА АНТОЛОГИЈА СО ПОЕЗИЈА


Macedonian Literary Association “Grigor Prlichev” of Australia
Македонско Литературно Друштво „Григор Прличев“
P.O. Box 227 Rockdale NSW 2216


ABN: 64751353521        INC: 9885424
                                                             
  СООПШТЕНИЕ

По повод 40 годишнината од постоењето на Литературното друштво „Григор Прличев“ се планира да се издаде Антологија со поезија од членовите на истото.
Иако годишнината на Друштвото ќе се прославува во март 2018 година, Друштвото има во план да организира повеќе културни активности во кои спаѓа и издавањето на оваа антологија до крајот на 2017 година.
Услови:
1.      Да се испратат најповеќе до 10 песни по свој избор;
2.      Темата на песните е слободна;
3.      Кратка биографија до 200 зборови;
4.      Фотографија со големина 35 мм Х 45 мм (големина наменета за издавање на патна исправа);
5.      Делата можат да бидат пишувани на македонки (со кириличен фонд) или на англиски јазик;
6.      Во Антологијата ќе бидат застапени само членовите на Друштвото „Григор Прличев“;
7.      Лица кои не се членови, а имаат желба да се зачленат да побараат прием во Друштвото преку dushan@macedon.com . Ќе им се приложи формулар за членување. Само лица кои живеат во Австралија ќе можат да се зачленат во Душтвото;
8.      Членовите кои не ја имаат обновено годишната членарина се молат истото да го направат пред приложувањето на своите дела, во спротивно нема да бидат застапени во Антологијата;
9.      Текстовите како и фотографијата да бидат испратени само по електроска пошта на dushan@macedon.com  или itrposki@hotmail.com
1.  Делата да се испратат најдоцна до 31 март 2016 година.
Напомена: Сите дела ќе бидат испратени за рецензија и коректура и изборот ќе биде направен од виден македонски литературен критичар.
За повеќе информации можете да се јавите кај Душан Ристевски на 0425231335 – dushan@macedon.com  или Иван Трпоски на (02) 978 92063 – itrposki@hotmail.com

Од  Управниот одбор на Литературното друштво „Григор Прличев“








Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.