- Aвтор: Анте Поповски
Никојпат не е таа сама.Таа се две: онаа која бесконечно молчии онаа која го слуша моето молчење.Никојпат не е таа сама.Таа се две: онаа која бесконечно чекаи онаа која влегува во своето чекање.Никојпат не е таа сама.Таа се две: онаа што е распнатаи онаа која ги кове клинците врз себе.Оваа песна до бесконечности продожувазашто никојпат не е таа сама:сама се чита - сама се пишуваСама себеси врата - сама себеси клуч
ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год. Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.
Comments
Post a Comment