Skip to main content

НАЈСПЕКТАКУЛАРНА МУМБА ПАРАДА ВО МЕЛБУРН



Како и секоја година така и оваа се со низа активности се одбележа Денот на трудот во Викторија. Денот на трудот е ден на победата на работникот да се избори за осум часа работен ден.

Во почетокот на 19 век, повеќето работници работеле 10- или 12-часа дневно и тоа во период од шест дена секоја недела. Од 1850 година работниците започнаа со силен притисок за подобри услови. Започнаа протести во 1855 година во Сиднеј а на  21 април 1856 година се одржа масовен протест и во Мелбурн а кој претставува и прв протест во светот кој ја постигна целта - осумчасовен работен ден. Одбележување на големата победа на работничкото движење односно државен празник е прогласен и во другите републики на Австралија. Во Јужна Австралија, Квинсленд, Нов Јужен Велс се прославува првиот понеделник во октомври,  Во Викторија и Тасманија, тоа е вториот понеделник во март. Во Западна Австралија, Денот на трудот е првиот понеделник во март. Во Северната Територија тоа е првиот понеделник во мај.


Круна на сите активности беше традиционалната парада во Мелбурн, наречена Мумба која секоја година предизвикува се поголем интерес меѓу посетителите. Целта на оваа парада е да се презентира во најубаво светло пулсирањето на градот и мултиетничкиот соживот. Оваа година може да се каже дека парадата ги надмина сите очекувања. Учествуваа 1800 луѓе од 42 различни асоцијации, танчерски групи, како и етничките здруженија на Индонезиската, Виетнамската, Кинеската, Јапонската, Карибската заедница. Противпожарната и спасувачка екипа на Мелбурн, Викторија, беше поздравена со аплаузи. Посебно внимание привлекоа креативните возила во вид на железничката станица и Arts Center, бродот на пиратите, автомобилите на Бетмен, Лудиот Макс и Враќање во иднината. Вистинска атракција и незаборавна филмска сцена која успеа да прикаже се она што нуди Мелбурн како град.
За жал Македонската заедница од Мелбурн не зеде учество на овој спектакуларен настан и покрај бројните културно уметнички друштва и асоцијации во Мелбурн.

Macedonian timeline
Gordana Dimovska




























Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ТЕАТАРСКИ СПЕКТАКЛ КОЈ ГО ЗАПАЛИ СВЕТИ НИКОЛЕ

Театарската претстава „Хај-Фај сватови“ ги крена сите на нозе – публика во транс и брилијантна глума која ќе се памети! ​Свети Николе беше центар на вистинска уметничка магија и театарски триумф! Во атмосфера преполна со емоции, смеа и громогласни аплаузи, театарската претстава „Хај-Фај сватови“ го доживеа својот врв, оставајќи ја публиката без здив и на нозе. Тоа не беше само обична театарска претстава – тоа беше вистинска културна експлозија која покажа колку силно бие срцето на македонската уметност. ​Уште со првите минути и подигањето на завесата, сценската енергија ја исполни салата до последното место. Претставата „Хај-Фај сватови“, која на маестрален начин ги испреплетува традицијата, модерното време, хуморот и живописните човечки судбини, успеа да допре до срцето на секој еден гледач. Актерски ансамбл кој доминираше на сцената ​Оваа театарска бајка ја носеше феноменална актерска екипа која покажа врвна професионалност, харизма и брилијантен уметнички израз: ​Габи ја...