Да застанеме во одбрана на македонскиот идентитет
Сите историски извори и напишани, матријални и усни, поврзани со етнологијата и лингвистиката народните традиции облека, музички инструменти, покуќнина и фолклорот ја обелоденуваат историската вистина во светлината на континуитетот на автентичен македонски идентитет низ вековите. “Многу ме погодуват незнаењето на македонските академици и политичари...Не знам дали ни е потребен македонски цар од било каде да знае да ја сака и да се бори за Македонија...па нека биде и Индијанец...Се борам со сите сили и духовни и физички..Света Богородица да ни помогне...Вербата поголема ми е во мудрата и храбра дијаспора, која со љубов е поврзана со Македонија“ - Ванѓелко Лозаноски
Александар Стојчев во „Отворено студио“ на ТВ НОВА на тема „За или против одбрана на македонизмот и македонскиот јазик изјавува:“
Институциите молчат и тоа е понижувачко во однос на сите генерации што живееле и живеат на овие простори. Тие се оградуваат дека не е нивна работа да се вмешуваат во дневно-политички активности, иако се работи за историски проблем. Не можеме молкум да се откажеме од нешто што е наше и тоа е навредливо и за осуда. МАНУ е собир на врвни научни работници. Не можам да поверувам дека нема начин на кој тие можат да дејствуваат за одбрана на македонизмот“