Skip to main content

МАКЕДОНСКИ КОД

Да застанеме во одбрана на македонскиот идентитет
Сите историски извори и напишани, матријални и усни, поврзани со етнологијата и лингвистиката народните традиции облека, музички инструменти, покуќнина и фолклорот ја обелоденуваат историската вистина во светлината на континуитетот на автентичен македонски идентитет низ вековите. “Многу ме погодуват незнаењето на македонските академици и политичари...Не знам дали ни е потребен македонски цар од било каде да знае да ја сака и да се бори за Македонија...па нека биде и Индијанец...Се борам со сите сили и духовни и физички..Света Богородица да ни помогне...Вербата поголема ми е во мудрата и храбра дијаспора, која со љубов е поврзана со Македонија“ - Ванѓелко Лозаноски
Александар Стојчев во „Отворено студио“ на ТВ НОВА на тема „За или против одбрана на македонизмот и македонскиот јазик изјавува:“Институциите молчат и тоа е понижувачко во однос на сите генерации што живееле и живеат на овие простори. Тие се оградуваат дека не е нивна работа да се вмешуваат во дневно-политички активности, иако се работи за историски проблем. Не можеме молкум да се откажеме од нешто што е наше и тоа е навредливо и за осуда. МАНУ е собир на врвни научни работници. Не можам да поверувам дека нема начин на кој тие можат да дејствуваат за одбрана на македонизмот“
 Стојчев исправено остро се спротивставува на контраверзните изјави на директорот на бугарскиот национален историски институт Божидар Димитров кој е еден од најголемите негатори на македонизмот. Ако ИНДИЈАНЦИТЕ во Америка беа прогонувани од Америка..денесАмерика со нови проекти се бори за опстанок на Индијанците. Австралија војуваше за да ги уништи Абориџините. сега се води битка за нивно вклопување во општеството...Зошто се населија народи кои не ја сакаат Австралија како своја Мајка...Грција од ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ги прогони Македонците кои низ вековите создадоа просвета, култура убави села и градови...А насели диви племиња од Азија, се населија и албанците и што направи Грција, сама нож си заби...Бугарија направи злодело кога се појави како заштитник на Македонците од Тракија и Грција и им наметна сурово духовно ропство......

Извадоци од статијата на Стефан Захариев:…Но толку сега што говоревме за свадбата на богатиот Македонец Каран, сега да го оставиме споменатиот Атинеј да докажува дека Римјаните ја прифатиле раскошноста во гозбите од Македонците, и да ги видиме оние од сегашните Македонци, кои заслепени од подзатворениот блесок на елинските мудрувања прифаќаат да се презираат и да се откажуваат од својата народност. Затоа по опишувањето на Карановите гозби ми се виде времето поволно да извикам и оф: навистина колку сме одалечени од времето кога од сите денес наречена Елада (Грција) беше потчинета од Македонската власт, и се одалечуваше од нивната јунаштина, на нивните богати пирови, и робски ги обожаваше…

Ванѓелко Лозаноски
Macedonian timeline

Comments

Popular posts from this blog

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...