Skip to main content

ПОД ЕДНО СОНЦЕ



Автор: Гордана Димовска
Шумолат, шепотат брезите крај стариот пат, Никако да запрат
Пожолтеле но сјаат како златни одблесоци на сонцето зад ридот.
А тоа срамежливо излегува и блеска Со бои црвени и жолти есенска слика бои,
И знае дека секој со радост го чека.

Минувачи минат, итаат, брзаат секој по свој пат
Лица радосни, лица тажни, загрижени, ведри
животни приказни кажуваат, протекуваат како река
Река кoja де тече, де застанува
Де жубори и сјае под силното сонце
Де молкне и се губи во тишината силна.


И повторно шепот, не од брезите стари
Не е од златните лисја што сјаат
Не е од минувачите кои итаат и брзаат по својот пат.
Сонцето почна разговор да води: Излегувам секое утро ги милувам минувачите
Со лица уморни, со лица радосни, некои и тажни
Гледам грижи, слушам гласови приказни важни,

Слушам за неправди, надвиснати како планини
Неправди тешки со векови стари надвиснале над еден напатен народ,
од земја разделена на три страни.
Распослав зраци во Солун, Воден, над Пирин и Шара
Некој ми кажува за судбина клета, ме прашува за совет
Ми кажува и со воздишка вели: долга е оваа приказна и стара
Народот се разделил и нов патоказ бара.
Но јас сум со вас и секогаш над вас старо колку и земјата ваша
Сведок кој бдее и сјае над полињата ваши ширни,
Сведок на ропствата, непокорот и бурната историја ваша.

Кој не минал не знае но ќе научи
Само вистината никој не може да ја скрие
Иако некој ја испревртува и вешто крие.

Не молчете вие минувачи тажни,
Не молчете вие распрснати чеда по белиот свет
Вашиот корен е овде, под моите зраци
Длабок, разнишан, се уште неоткорнат кој го осветлувам секое утро,
Го штитам и бранам од секое зло.
Тој е нем сведок на едно време на вашите чекори, насмевки детски.

Моите зраци се долги прегратки топли, да ве прегрнат да ве смират,
Да ви дадат моќ и верба во вашето ЈАС
Да ви одвлечат грижи за неправди стари
Да ви дадат патоказ и зацелат рани.
Чекорете достојно под вашето Сонце
Под Сонцето кое секогаш ве следи
Во добро и во зло, во неправди и борби со самите себе.
Тоа е тука а борбата и патот по кој одите се ваши.
Само да не задоцни правдата затоа што е полоша и од неправдата.
Вашата сила не исчезнала, ниту намерно се скрила
Ниту вие пак дозволете некој да ви ја земе,
Таа е во ВАС, и секогаш била, Чекорете но сплотени, мудри, со кренати глави,

Македонски чеда, обединети од сите страни.

Гордана Димовска


Macedonian timeline

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.