Skip to main content

ЛЕГЕНДА - УКРАДЕНОТО БОГАТСТВО ОД ТУРСКАТА БАНКА ВО БИТОЛА


Во Битола, во турско време, првите векови, имало турски магацин, што бил со злато. Нашите Македонии се собрале, од Турците не могле да живеат. Не им се давало тамо право. Нашите православии се собрале кумити и го запалиле магацинот во Битола.
Товариле дванајсе маски злато. И тргнале по сртта битолска и наишле ридовите па дошле во селото Кланков Мост, Kaj Петле.
Тука закопале три маски злато и тргнале по ридот нагоре, према Ореше и Папрадишта на Сланик. Останале уште девет маски за да одат, да бегаат за накаја Cкonje, ридовите да ги ванат. Испаднале на Куртовица. Коа испаднале на Куртовица и проденило.
Турците во
Битола, војскатa турска сетила и по нив трчала. Наоружани Турците - сила голема биле. Ги опколиле нашите каури со златото, со девет маски на Куртовица, ама нашите избегале на Горно Чуле над Бабина Рупа. И кога дошле над Бабина Рупа куртулиле од Турците и дошле на Солунска Глава. На врвот нашите каури виделе дека ќе ги ванат Турците, ќе ги исколат. Маските ги турнале со се златото од Солунска Глава во карпите. И пропадисало златото во вреќите и маските. Каурите разбегале, кој каде стасал тамо избегал, но само еден куртулил од ним и он едно тагарче злато си наполнил и забегал накaj Солунска Глава и заминал за село Бистрица. Во село Бистрица отишол кaj некoj Неделко, се викал Медар. Kaj него ноќевал
и му расправил:
- Дедо - рече - ja бегам од Солун, од оваа од Битола за Солунска Глава. Девет маски злато ги турнавме во пештерите за да се спасиме од Турците!
И дедо Неделко му дал вечера на човекот и човекот заспал.
Дедо Неделко му ги зел паричките на тој наш човек - војвода. Bojводата погинал во село Бистрица и дедо Неделко Медар со тиja пари битолски, со богатство владее.
Тоа времен веќе било во нашите векови, ми беше некој ловец аод селото наше Нежилоо, Hекој дедо Ѓорѓиja и некој дедо Никола,биле ловџии по диви кози и одиле во Солунска Глава. Тоа време со пушките ради диви кози да тепаат и наишле кaj златото, Kaj тоа
вреќите. И кога наишле кaj златото едно дете голо седело над ним. Претворени парите во дете. И парите ги виделе во пештерата, злато големо. Дедо Ѓорѓија викал по дедо Никола:
- Трчи Никола да видиш, што има злато и едно машко дете
голо седи на париве. Додека дедо Никола бил на двесте метра далина, изгинале
парите и детето. 


Изгинале и од тогај тиja предаваа на помали. Jac
го чув ова од ногу стари човеци и тоа злато и денеска може да стоји
во тијa карпи и не може никој да го најди.Таа e голема висина од
илјада и петсто метри висина и не смее тука да влези. Тие ловџиите
од како влегле се прикажува дека на тоа место имало доказ, затоа
Солунска Глава се вика и Битолска Пара.

Macedonian timeline

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...