ЗА ГОЛЕМОТО МАКЕДОНСКО ДЕЛО

„Секој човек за себе мора да одлучи што е добро а што лошо, кој правец е патриотски, а кој не е. Не можеш да се извлекуваш од тоа, а да бидеш човек. Да одлучиш спротивно на своите убедувања значи да бидеш предавник, на себе си и на својата земја.“

Марк Твен

Лесно е да се одлучи што е добро а што лошо но некои го избираат лошото заради тоа што личните интереси им се поважни од нацијата. Оној што поседува најдлабоко чувство кон духовното, културното, историското и други вредности на својата татковина не може никогаш да ги стави личните интереси пред националните или интересите на одредена групација, партија.Тоа е чувство на патриотизам кое доаѓа од срцето, и не може да се научи. Таквите луѓе секогаш се стремат да направат нешто повеќе, да се надминат себе си, да направат големи дела за татковината.

Па така се случи едно големо дело на 2-ри август 1903, и како силен оган ја осветли Македонија. Организирано од ВМРО, Илинденското востание, и ден денес претставува голем историски настан за една мала земја. Испишани се безброј страници од странски патописци кои во тоа време престојувале во Македонија и биле сведоци на самиот настан

Август Крал, австриски конзул во Битола, претставува еден одретките сведители што пројавиле посебен интерес и доблест аргументирано да ја пренесат до својата влада вистината за она што се случувало во неговиот регион, и за Организацијата и за востанието. Тој, меѓу другото, пишува и тврди дека тука, „Навистина се работи за едно востание, прво во Македонија, кое треба сериозно да се сфати.Тоа е излив на незадоволството на еден цел народ,тоа е повик за помош на едно длабоко угнетено население кое се бори за слобода и за уредени прилики. Востанието тука е речиси општо, го опфаќа скоро целиот словенски дел на вилаетот. За одвивањето на востанието во Битолскиот вилает во светот се шират најлажни вести. Љубовта кон вистината, а не пристрасноста во прилог на христијаните, ме принудува да констатирам, сосема спротивно на гледиштата што  ги застапува печатот и со такво задоволоство , дека постапката на востаниците беше хумана и лојална а постапката на турците, варварска и свирепа .Тоа што првите не ги фаќаа своите противници со ракавици спаѓа во доменот на Револуцијата.“

За востанието пишувал и  познатиот грчки истражувач Цорбазоглу (извештај од 27 март 1904 г.). Востанието во земјата  е многу подлабоко и пошироко отколку обично се мисли. Во врска со драмата во Крушево, тој додал дека „православните Грци , како што не убеди поранешниот пелагониски митрополит, соработуваа со четите врз братски ослободителен дух.“

Велика Британија и Франција, па и Италија во извесна мера, поинаку гледале на настаните во Македонија. Грофот Ленсдаун сметал дека Европа повеќе не треба да остане индиферентна кон настаните во Македонија. Тој предлагал преземање средства што ќе ја окончаат „жалната“ положба во Македонија. Големата саможртва на востанатиот народ, жестокоста со која османлиските власти го задушиле востанието, предизвикале сочувство и жалење кај пошироката јавност на Европа и на Америка. Биле формирани разни македонски комитети што ја ширеле вистината за Македонија и собирале помош за настраданото население. Во тие акции учествувале и некои славни имиња на епохата: Лав Толстој, Ана-тол Франс, Виктор Берар и други.

Помошта стасувала од повеќе земјина Европа и од Америка, но посебно место во историското помнење на македонскиот народ има помошта испратена од англискиот народ. Во акцијата за спасување на луѓето што останале под ведро небо, како да учествувало целото англиско општество. Секретарот на Комитетот запомош, Хенри Ноел Брејлсфорд, заедно со својата сопруга, пристигналво Битола во октомври 1903 година лично да раководи со распределбата на помошта. Балканскиот комитет продолжил да испраќа помош и вотекот на целата 1904 година.

Со ова се зацврсти свеста кај народот во однос на македонскиот простор како одделен кој е сопственост на народ со славно минато, народ кој се жртвува да обезбеди слобода,самостојност  и пристоен живот во своите граници. Силниот одек на Илинденското востание ги разубеди сите монархии во светот кои сметаа  дека македонскиот народ не е способен за вакви големи дела. После Втората светска војна направени се големи материјално штети, уништување на животи, прогони, но и  менување на чувства и погледи во политиката и науката при конституирање на македонскиот национален субјект.

Такви појави секогаш имало, а се присутни и денес. Па не е за чудо што  “се родија“ куп  предавници, луѓе без идеал, луѓе кои го изгубиле чувството за припадност и без срам излегуваат во јавноста да и кројат ново име на Македонија и со тоа се ставаат во служба на јужниот сосед. Кај некои навистина исчезнала грижата за заштита на македонските национални интереси!

Тешко извојувани придобивки кои секој Македонец треба безусловно и континуирано да ги брани како од внатрешните така и од надворешните посегнувачи. И се што се случуваше вчера, денес и утре, пишува нови страници, пишува нова историја. И со тие страници ќе треба да се гордеат наредните поколенија како што ние се гордееме и укажуваме на големите дела на  нашите претци.

Објавено во Македонска нација 

Гордана Димовска

Macedonian Timeline Australia

Comments

  1. Прывітанне, мяне завуць Клаўдыя Кляйн, я фінансавы супрацоўнік, я даю крэдыты і іншыя фінансавыя паслугі, і я прадстаўляю Spotcap Global Financial Services.

    Spotcap Global Financial Services - гэта комплексная і надзейная крэдытная кампанія, і мы прапануем усе віды крэдытных паслуг, такіх як; Асабісты крэдыт, бізнес-крэдыт, іпатэчны крэдыт і многае іншае. Калі вам вельмі патрэбныя якія-небудзь крэдытныя паслугі, я параю вам звязацца з маёй фірмай праз | spotcapglobalservices@gmail.com | або адправіць тэкст у WhatsApp праз: +31642117819 | і атрымайце пазыку на свой рахунак на працягу 24 гадзін, таму што мы прапануем выдатныя паслугі па пазыцы па ўсім свеце.

    Мы прапануем як доўгатэрміновыя, так і кароткатэрміновыя крэдыты, забяспечаныя і незабяспечаныя крэдыты, а таксама вы можаце пазычыць да 15 мільёнаў еўра з працэнтнай стаўкай 3% у год з перыядам пагашэння ад 1 да 30 гадоў. Мая кампанія дапаможа вам дасягнуць розных мэтаў з шырокім спектрам крэдытных прадуктаў.

    Я прызнаю той факт, што атрыманне законнай пазыкі заўсёды было вялікай праблемай. Для людзей, якія маюць фінансавыя праблемы і патрабуюць іх вырашэння, многім людзям так цяжка атрымаць пазыку пад уласны капітал у мясцовых банках або іншых фінансавых установах з-за высокая працэнтная стаўка, недастатковае забеспячэнне, суадносіны запазычанасці і даходу, нізкі крэдытны бал або любыя іншыя прычыны

    Няма больш часу чакання або напружаных візітаў у банк. Наш сэрвіс даступны 24/7 - вы можаце атрымаць крэдыт і здзейсніць транзакцыі ў любы час і ў любым месцы.

    Мы прапануем 24-гадзінныя паслугі па крэдытах сусветнага ўзроўню. Для запытаў / пытанняў? - Адправіць ліст на | spotcapglobalservices@gmail.com | або адправіць тэкст у WhatsApp праз: +31642117819 | & Неадкладна атрымаеце адказ

    Ваша сям'я, сябры і калегі не павінны ведаць, што ў вас мала грошай, проста напішыце нам, і вы атрымаеце пазыку.

    Ваша фінансавая свабода ў вашых руках!!

    ReplyDelete

Post a Comment