‚Македонците насекаде низ светот треба да разберат дека треба да се почитуваат помагаат да се сакаат имаме една Македонија која е библиска и треба да ја сакаме почитуваме и на културно ниво да се бориме за неа. Доста се веќе задкулисни игри бодежи во грб суета, омраза ние сме гости на овој свет и ништо нема да однесеме со нас само можеме да си наштетиме едни на други.‚ - Симе Младеновски
MT - Симе, имате многу нови работи во изминатиов период. Со што би сакале да го започнеме ова интервју?
Симе - Најнапред ќе почнам со една моја мисла.За да ја оствариш целта која си ја зацртал треба да се вложи многу труд, многу енергија,да се поминат многу бариери на патот макотрпноста е голема и големо трпение за сето тоа, и тогаш доаѓа резултатот успехот а можеби тогаш ќе ви се случи нешто невозможно кое сте го очекувале со години.Можеби посветеноста кон работата која ја сакаш ќе те поттикне да направиш многу резултати и успеси кои во иднина можат да бидат некој модел за успешен живот.
МТ – Дали имате поддршка во вашите проекти од државата? Како се снаоѓате?
Симе - Некогаш
се запрашувам зошто толку труд вложуваме зошто толку се мачиме кога немаме
никаква подршка од државата и тука доаѓа еден убав одговор доволна е поддршката
од блиските од фамилијата од моите ценети колеги, од сите мои пријатели кои
помогнале за сите наши проекти од Деси која многу ни помогнала од фризерскиот
салон Диенси од пријателите во Америка, пријателите од целиот свет и најмногу
од бога.За да се сработи било кој проект или филм било да е игран и
документарен потребни се финансии и тоа многу но ние некако до сега се снаоѓаме
се надевам и во иднина ќе биде така и на сето тоа убавината во сето тоа е
одличниот производ кој ќе остане засекогаш и ќе се гледа со внимание и ќе се
ужива во сето тоа а тоа е најголемото задоволство што човек може да си го
посака.
Симе - Секогаш си го посакувам ова прашање зошто секогаш скоро сите снимања ни отпочнуваат со тешкотии со проблеми но кога ќе се размисли подлабоко старите велат ако успееш да го поминеш потешкиот пат,тогаш лесно се ќе поминеш со врзани очи.Процесот за изработка на еден филм е многу сложен и многу треба да се внимава при самото снимање да се вклопуваат кадрите и се да си биде на свое место , но за да дојде до сето тоа треба многу работа некогаш кога било потребно сме работеле и по 24 часа со екипата на терен.При самото снимање ни се случувале многу незгоди повреди но сето тоа е заборавено кога на крај ќе видиме дека се е изработено како што треба.
М.Т – Каде се
наоѓаш најповеќе себеси?
Симе - Јас некако се пронајдов тука баш во овие
документарци го пронајдов својот мир издувниот вентил на мојата душа . Тоа е
една голема широчина на теми неисцрпени од секојдневниот живот многу трогателни
теми теагедии вистини пак и среќни мигови со сето тоа мора да се соочиме и со
екипата да смислиме и да направиме една убава приказна која ќе биде многу
интересна и многу гледана.
МТ – Дали се уште
настапувате на филмски фестивали и какви награди сте добиле?
Симе – И покрај
сите тешкотии ние одлучивме да
настапуваме на филмските фестивали ширум светот и одлучивме иако сме негирани
од светот да им докажеме дека Македонија е библиска земја и дека сонцето е само
постаро од Македонија.
Да им ја покажеме Македонија преку филмот природните убавини
нашата култура и уметност нашата традиција обичаите се што е вредно македонско
теадиционално богатство.Тука ќе ја спомнам и мојата екипа која долги години
работиме заедно од 1989 год и се што сме сработиле заедно сме го направиле да
споменам многу награди низ светот за нашите документарци Јад,Прекрасна земја.
Сега го работевме документарецот Бела прашина со кој настапуваме
на филмскиот фестивал во Буенос Аирес Аргентина една многу убава приказна
срочена со тага со среќа и со убав крај.
МТ – Кажете ни
нешто и за вашата емисија Лица и дела, кои се ваши најчести гости?
Симе - Што се однесува за емисијата
Лица и дела на тв Сонце таа постои 12 години во ист формат еден на еден со
многу поразлични кадри и многу гости кои направиле многу за Македонија и
светот.Ни гостувале многу актери естрадни уметници,политичари, министри,градоначалници
и многу кои се успешни во своите професии и носат големи резултати за сето тоа
што го работат.Ќе споменам некои Есма Реџепова Гаровци,Влатко
Стефановски,Сузана Спасовска,НаумПетрески,Вања Лазарова,Јане
Дунимаглоски,Днк,Влатко Лозановски,Бубе Јовановски и многу други.За имаш дел од
овие гости емисијата мора да биде успешна.Затоа оваа година оваа емисија и јас
како режисер и продуцент ја добивме наградата мајка Тереза и Цветинова награда
за мир која посебно ни е драга и ќе ја сместам на едно посебно место во мојот
дом.Благодарност до екипата која работи на оваа емисија и момци ова е и ваша
награда и потик да работиме во иднина многу успешно и квалитетно,и драго ми е
што сеуште има луѓе кои ги ценат вредностите и за тоа наградуваат.
МТ –Кажете нешто за многу успешната манфестација кои ги обедини македонските поети од целиот свет и како и секогаш на крајот сакаме да ја слушнеме вашата порака до сите читатели и гледачи на Лица и дела
Симе - И за крај на ова мое интервју благодарност до тимот на Macedonian Timeline кои успешно ги пратат успешните личности и за нив пишуваат и објавуваат.Тука морам да ја споменам и поетската интернационална манифестација Сплоти се Македонијо која постои цели 7 години и успешно ја реализираме низ светот секоја година бројот на учесници е се поголем.Ја реализираме преку Тв Сонце и преку нашиот тим од Америка и од Европа секако има поента самиот наслов а тоа е дека Македонците насекаде низ светот треба да разберат дека треба да се почитуваат помагаат да се сакаат имаме една Македонија која е библиска и треба да ја сакаме почитуваме и на културно ниво да се бориме за неа.Доста се веќе задкулисни игри бодежи во грб суета, омраза ние сме гости на овој свет и ништо нема да однесеме со нас само можеме да си наштетиме едни на други.Затоа треба да провладее човековиот разум и да се посветиме едни на други да шириме љубов позитивна енергија насекаде меѓу нас и најбитно е да се почитуваме каде и да сме во светот ние Македонците.И за крај ќе завршам животот е краток роман кој споро се листа брзо се чита нема реприза и никогаш не е докажан. Животна ефениција е сплотеност, слога, љубов и позитивна енергија која насекаде зрачи меѓу вас.
МТ – голема
благодарност и до вас за отстапеното време – како и секогаш ви посакуваме многу
среќа и успесу ви иднина. Честитки за добиената награда од Институтот за Македонски
јазик за хуманост мир и животни дела – Мајка Тереза и Цветинова награда.
No comments:
Post a Comment