Skip to main content

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА “АНТИЧКА МАКЕДОНСКА АРХИТЕКТУРА И УРБАНИЗАМ“



Книгоиздателство “Матица македонска“ ја објави моногафијата “Античка македонска архитектура и урбанизам” од Меланија Шерденковска. За првпат пред македонската и светската јавност се афирмираат изворната античка македонска архитектура и урбанизам.За првпат, на научно ниво, детално се анализираат и пред стручната и пошироката македонска и светска јавност се презентираат и афирмираат карактеристиките на изворната античка македонска архитектура и урбанизам. Изданието е двојазично, на македонски и на англиски јазик, а со него, за првпат, на ваков начин, се афирмира самостојниот развој и пат на македонското античко градителство, коешто иако користи дел од искуствата и дострелите на хеленската цивилизација и на останатите антички држави со кои дошла во контакт Македонија, има во себе доволно елементи за да може да се воведат и полнозначно да се користат термините “Македонска античка архитектура“ и “Македонски урбанизам“.



Како што истакнува во својата рецензија проф.д-р Марјан Јованов од Филозофскиот факултет при Унивезритетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје, со оваа монографија се остварува обид на светската мапа на културното наследство, како посебно поглавје, да се издвојат архитектонското наследство и урбанистичките решенија што зад себе ги оставило Античкото Македонско Кралство, почнувајќи од доцните фази на железното време, па сѐ до потпаѓањето под римска власт, а особено во периодот кога е на врвот на својата моќ и кога бележи најголема градежна активност. Шерденковска посебно го потенцира периодот од освојувачките походи на Александар Македонски и времето по неговата смрт, како време на севкупен процут на македонската култура, наука и уметност како посeбност во светски рамки, дотолку што би требало да се означат со терминот “Македонски период“.




- Посебно треба да се истакне дека, проблематиката на архитектурата, како и урбанизмот од античкитот перид во Македонија, досега многу малку се истражувани, во една ваква форма, односно едно комплетно дело, што се однесува само на посочената проблематика… сега се добиени цврсти, сигурни и експлицитни заклучни разгледувања, кои стануваат дел од нашата поширока научна и стручна мисла и придонесуваат за нејзиниот развој… 




Овој труд претставува исклучително вреден придонес во развојот на научната мисла од областа на историјата на архитектурата, особено што истиот се однесува на античкиот македонски период, време кое досега скоро воопшто не е истражувано, посебно не во таков обем и низ една детална анализа... Сметаме дека книгата ќе наиде на позитивен одзив и исклучително голем интерес кај пошироката стручна јавност, која се занимава со архитектурата, историја на архитектурата и историја на уметноста, - нагласува меѓу другото проф.д-р Небојша Гаџиќ од Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Белград.


Тој истакнува дека анализите, согледувањата и заклучоците од оваа монографија ќе станат незаобиколна литература, и неопходна материја, што студентите по археологија, историја на уметноста и архитектурата ќе мораат да ја совладаат. Со оваа монографија, посебно се поставува потребата низ едно уште посеопфатно истражување да се верификува овој период и севкупната архитектура на античките Македонци, на светско ниво, со сосема заслужениот термин - античка македонска архитектура и урбанизам, односно античка македонска култура, како што е подвлечено во една од рецензиите за монографијата.


Професорот Гаџиќ нагласува дека монографијата е важна не само за истражувачите и институциите што се занимаваат со архитектонско наследство, туку и за општата, поширока читателска публика, бидејќи предметот што се покрива има силна културна и национална компонента. Со тоа, и оваа монографија се вбројува меѓу изданијата на “Матица македонска“ што треба да ги има во секој дом, но и на полиците на сите специјализирани и референтни библиотеки во светот.Во истражувањето што резултира со оваа монографија, главниот метод применет од Меланија Шерденковска е комп аративната анализата, што со оглед на темата која е обработувана, е оценета и како најсоодветен метод. Применет е и историскиот метод, низ еден конкретна анализа на развојот на архитектурата и урбанзимот во античка Македонија, како и историските прилики низ кои таа се развива, како и методот на синтеза низ кој се поставени општите карактеристики на античката македонска архтиектура и урбанизам, но и крајните согледувања. Користен е и методот на директно мерење - утврдување на опипливи, видливи елементи, за да се утврдат и објаснат архитектонските орми, како и величините.Авторката на монографијата, Меланија Шерденковска е доктор на науки, а вработена е на Архитектонскиот факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје, од 1986 година, најпрво како асистент професор, а од 1997 година е раководителка на Библиотеката на Факултетот. Авторка е на неколку повикани и отворени архитектонски конкурси, како и на повеќе проекти за ентериер. Се истакнува како авторка на поголем број трудови објавени во стручни и научни списанија и учесничка е на повеќе меѓународни конференции. Во нејзината научна работа посебно место заземаат долгогодишните истражувања и тезите сублимирани во докторската дисертација “Мијачко станбено градителство - потекло, развој и дострели“, што во малку изменета форма се објавени во книга со истиот наслов, во издание на “Матица македонска“.


G6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН









Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.