Skip to main content

ИСКОНСКО И ВРЕДНО ОД ПАМТИВЕК ДО ДЕНЕС И СЕКОГАШ ВО ИДНИНА





Ние Македонците немаме пирамиди и сфинги, нашата татковина не е украсена со палати на материјални паметници, но има нешто кое ниту вековите, ниту природните стихии, ниту демонската рака на насилниците не можат да го разурнат.Таа нескршлива сила е излеана во единствениот паметник – народната песна, најбогато и најценето наследство што ни останало од минатиот живот и културата на Македонецот, сочувано и до денес‘ -Јосиф Чешмеџиев, 1926.
Овој прилог е за народната традиција, религијата и културата. Овие три важни области, ја граделе човечката цивилизација. Можеби недоволно се почитува и проучува некој дел од овие области но доволно е застапено да не инспирира и води напред. Поради немање можности да ја развива книжевноста во услови на окупации, ропства и наметнати туѓи култури, кај Македонците во минатото сепак се разбудија посебни поетски, музички , играорни дарби.
А духот на народот доаѓал до израз најчесто преку создадените, приказни, легенди, гатанки, мудрости, пословици кои денес зборуваат за едно минато време. Преку гатанките и загатките можеме денес лесно да заклучиме колку бил досетлив и мудар нашиот народ. Затоа Марко Цепенков во својата автобиографија ја опишува вродената дарба на Македонецот и ја нарекува ‘божева умствена дарба.
Загатките биле една форма на забава но натпревар на итрост и на тој начин го чувале својот јазик. Самиот збор гатанка значи гледање во минатото, претскажување на иднината, откривање на нешто непознато. Во текот на времето, гатанките претрпеле многу промени поради туѓите влијанија во земјата. Сепак нивната смисла и архаични елементи и ден денес се зачувани.
За да се одговорат гатанките потребно е размислување со што се изострува досетливоста, ги засилува вниманието и концентрацијата. Во минатото ако некое момче и девојка сакале да се земат, им поставувале три гатанки. Ако ги одговореле точно, тогаш се заклучувало дека тие се зрели личности што ќе можат да формираат семејство и дом. Остатоци од вакви обичаи се срќаваат и во приказните за умната девојка или за момчето кое дури откако ќе одговорело на три гатанки станувало царски зет. (според Марко Китевски).
Гатанките грижливо ги собирале и чувале, собирачите на македонски народни умотворби од сите краишта на Македонија
Првите 104 гатанки биле објавени во македонскиот Зборник на браќата Миладиновци во 1861 г.
Браќата Миладиновци од Струга, работеле на тоа да ја издигнат националната свест кај македонскиот народ и да ги задржат народните елементи во јазикот.Тие се бореле за истиснување на грчкиот јазик од училиштата и користење на својот мајчин јазик.
Така во 1857 година кукушани, разбудени со национален дух го повикале Димитар Миладинов да стане учител во нивниот град. Тој со задоволство ја прифатил поканата и напишал писмо во кое се вели: „Скокам од радост кога го гледам вашиот стремеж и вашата љубов кон мајчиниот јазик и особено поради тоа што многумина од младите се решиле упорно да го учат македонскиот јазик. Криво на вас погледнуваат Грците, имате гради македонски и покажувајте ги. Го напаѓаат нашиот јазик кој е еден од највредните и најбогати јазици, нарекувајќи го варварски. Со прсти покажувајте им ги македонските филолози, физичари, математичари и други учени луѓе. Грците не можат да не погрчат“.

Во недостиг на можности за уметничко креативно издигнување, и наместо да создава печатени страници, македонскиот поробеник ги ‘нижеше‘ песните, ората како еден вид заштитна обвивка на својата културна самобитност. Македонската народна песна и оро буди посебно, радосно чувство , и говори за едно минато време. Низ македонската песна,игра и македонска народна носија, се открива дел од животот на македонскиот човек низ сите периоди од неговиот живот, неговите моменти на тага, радост, печалбарски маки,херојство, копнеж и љубов кон Македонија.
Народните носии со естетски вредности, како и силата на традицијата, содржат етнички одлики на Македонецот. Тие зборуваат за едно вистинско совршенство, со посебна стилска убавина. Народната носија е како чувар на македонскиот етнички идентитет со сите негови карактеристики.
Напротив, народните песни, ора култура, традиција, денес се инспирација и на странски уметници кои покажуваат голем интерес и почит . А за нас не претставува само нешто со кое се гордееме и радуваме туку треба и понатаму да го чуваме, негуваме , да се изнаоѓаат нови начини на промоција, интересни и привлечни за светот. Религијата исто така одиграла важна улога во развојот на општествениот живот. Македонските цркви, манастири во време на турското владеење, биле значајни центри кадешто живеела православната вера, јазикот и каде што се чувало културното благо на македонскиот народ. Тоа непроценливо благо, наследено од минатите поколенија, центри на културен живот, од каде што се ширела книжевноста, писменоста и образованието. Во нив се чувале обичаите, народните традиции, со еден збор, народната култура.

Основен сегмент на народната култура и традиција е фолклорот кој одигра водечка улога во развојот на македонската култура, националниот културен идентитет. Фолклорот придонесува за сегашно, и идно себепочитување и себеприфаќање.Се уште претставува поле на понатамошни истражувања и како непроценливо културно наследство треба да се заштити со Закон.
Моја статија објавена во Македонска нација, 22 февруари 2023 година
Гордана Димовска



Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21) - By Slave Nikolovski - Katin

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21)      PART OF THE BOOK   “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN In the history it is noted that the Macedonian people from the Aegean part of Macedonia, together with all its ethnic brethren from Macedonia in 1903 rose to a rebellion to fight for their freedom and an independent Macedonian state. Only ten years later Macedonia was brutally attacked, occupied and divided from its neighbors Greece, Serbia and Bulgaria, and later from Albania; division confirmed by the European great powers, of August 10, 1913, with the Treaty of Bucharest. It is known that the Macedonians existed in 1912 and in 1913. In fact, the whole world knew that the Macedonians existed even before, since read about them in history books and other information media. The whole world read about the Ilinden Uprising of 1903 and how the Macedonian people are trying to get rid of the yoke. Today we have hundreds of newspaper clip...