Автор: Иван Трпоски
Секогаш кога ќе се потсетев на Волино и Волинци, незаборавно низ паметот ми се вртеа активистите од нашето село кои му оставиле во неговата изградба свои белези. А тоа се активистите Спасе Трпоски и Звонко Тупанчески. Спасе роден во 1947 година во Волино, кој по подолго боледување почина на 16 декември 2000 година во Охрид. Едниот со куферот враце замина преку мориња на печалба во Австралија, а другиот уште помлад, со куферот в раце, со авион замина за Њу Џери, во Америка. Двајцата поткоени со патриотизам, покрај печалбата, се втурнаа во многунационлниот живот на двете капиталистички држави, за да ги заштитуваат своите национални чувства и да се дружат со истомисленици, Македонци со кои ќе се борат за своите права и слободи, како за себе, така и за својата татковина Македонија. Спасе, со својот бунтовен патриотизам постана идол за идните поколенија на Волино. Негови приоритети се изградба на селското речно корито, со базент за фрлање на крстот за време на Светијонските празници, изградба на црквата Св. Недела, изградба на Илинденскиот споменик, тој ги организира Волинските вечери кои се одржуваа во Охрид од 1991 год. иницијатори бевме за објавување на монографска книга за село Волино и на многу други проекции со кои ќе се гордеат Волино и Волинци. А Звонко е иницијатор за организирање на Волинските вечери во Гарфилд за кои бараше инструкции од мене и создавање на ФК „Волино“ во Гарфилд кој се натпреваруваше во локалната лига. Звонко е и спонзорот за повеќе кратно обновување на Македонското знаме по улиците на Волино. Бунтовник како Спасе за правдата која ја тераат ВМРО-ДПМНЕ во полза на народот и државата Македонија.
Мојата благодараност и сега после од 30 години, можам да им ја искажам на двајцата, на покојниот мој брат Спасе и активниот сограѓанин Звонко кои ја помогнаа мојата промоција успешно да се одржи во нашето родно село Волино и тоа на Свети Богородичиниот селски празник во 1995 год. Не дојде претседателот на МЗ, правникот Зоран Ногачески кој ми вети дека ке дојде и ќе се потруди книгата да биде претставена на вистинско ниво. Каква несмасна лага. Не дојде тој, недојдоа и неговите другари останаа да го чекаат солистот Кенан Таировски за да им ги релаксира нивните бедни душички. На Промоцијата покрај промоторот проф. д-р Стојан Ристески со неговата сопруга Вера - Учителката, рецензенката Светлана Христова - Јоциќ со нејзиниот сопруг карикатуристот Владо Јоциќ од Скопје, секретарот на СВП м-р Разме Кумбароски и поетот Мирче Клечкароски од Струга, поетесата Душица Илин од Белград, писателот Јане Велјаноски со сопругата, уредникот на Радио - Охрид Крсте Спасески и други гости. А моите роднини и пријатели кои се потрудија да зготват ѓомлезец и друга пригодна закуска кои ќе бидат залиени со Скопско пиво и сокчина за децата кои вечерта беа најгласни.





Comments
Post a Comment