Skip to main content

"МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА"- ТВ ЕМИСИЈА

Ако по нешто сме препознатливи како народ со свои посебни белези, тоа се секако трудољубивоста, чесноста, достоинството, и нашата богата традиција, култура, јазик и обичаи.
Љубовта кон родната земја и потребата да се зачува патриотското чувство меѓу Македонците во Австралија, ги тера да се зафатат со голем број волонтерски активности, како за подобрување на социјалниот живот, така и за медиумско претставување на случувањата во Македонската заедница. Застапени и медиумски во австралиското општество, ни дава посебно можност да го прикажеме и манифестираме македонските обележја.
Па оттаму се јавува и потребата од емитување на радио програми на Македонски јазик. На тој начин Македонците се чувствуваат поблиску до својата татковина. Со самото емитување на радио и тв програми на Македонски јазик во Австралија се презентира убавината и посебноста на нашиот јазик во рамките на другите етнички јазици во Австралија. На тој начин се здобиваме и со повеќе пријатели, лобисти за Македонија кои би ги застапувале македонските интереси. Потребата од зачувување и помасовно презентирање на се што е македонско е од големо значење. Иселениците иако географски оддалечени, сепак претставуваат огледало на процесите кои се одвиваат во својата матична земја. Македонците во иселеништво се вистински промотори,амбасадори, кои секогаш се спремни да се соочуваат со нови предизвици во земјата во која живеат а истовремено се борат за застапување на интересите и на својата земја по потекло.
Еден успешен пример за тоа како се прзентираат Македонците во Викторија, претставува новата телевизиска програма на Македонски јазик ‘Македонците во Австралија‘, која ја припрема Зоран Силјаноски. Како продуцент,технички реализатор, и водител, Зоран успешно го започна нејзиното емитување со што Македонската заедница се здоби со уште еден бисер во медиумското презентирање. За почит се неговите огромни напори и вложен труд да ја емитува оваа програма на етничкиот канал 31.
Получасовните емисии под наслов ‘Македонците во Австралија‘ се емитуваат секоја недела во 11.30 наутро. Целта на овие емисии е како што вели Зоран Силјановски – да се промовира што повеќе македонската култура, традиција и прикажување на дел од секојдневниот живот на Македонецот во Австралија. Истовремено се одвојува простор и за промовирање на македонските песни испеани од наши пејачи од Мелбурн.
Емисијата ‘Македонците во Австралија‘ е како нишка која ја поврзува Македонската заедница во Викторија со нешто блиско, со нешто свое, впечатливо и препознатливо за својата култура. Просечната гледаност е 23 000 домаќинства во Мелбурн. Според Зоран Силјаноски, најголема гледаност имала за време на прикажување на Македонските демонстрации во 2008. Во тој период се уклучиле над 32 000 домаќинства, во Мелбурн, Викторија. Нешто што се посакува во иднина е да се зголеми времетраењето на оваа единствена Тв програма на Македонски јазик. Со самото тоа би се отворило простор за вклучување на голем број видео материјали, корисни за заедницата и кои би оставиле силен, траен впечаток кај македонската и австралиската јавност.
‘Моја желба е да видат сите колку добар и културен народ сме ние Македонците‘ – вели Зоран Силјаноски. Огромната желба и ентузијазам да се постигне нешто повеќе за медиумско претставување на македонски настани и манифестации, е посилна од се. Зоран е само уште еден пример за тоа како се работи со голема љубов и посветеност за доброто на Македонската заедница.
Покрај оваа телевизиска програма постојат и голем број на радио програми, три весници на македонски и англиски јазик. Тие се гласот на јавноста, гласот на македонската заедница во Австралија. Самите водители, уредници, волонтери, вложуваат голем труд и време за да се стават во служба на заедницата. Сосема разбирливо е да се почитува тоа од страна на слушателите и гледачите и несебично да ги поддржуваат. Само преку заедничка соработка, меѓусебно разбирање, прифаќање, толеранција и почит ќе се оформи силна комуникациска мрежа. Премиерот на Викторија неодамна изјави дека во целост ги поддржува етничките медиуми и ја признава огромната улога што ја играат во Австралија. Во Викторија живеат повеќе од 200 различни националности, се зборуваат над 200 различни јазици и затоа Викторија го ужива епитетот – горда мултиетничка република во Австралија.
А Македонската заедница е горда на македонските медиуми и својата Тв програма ‘Македонците во Австралија‘ на Канал 31. Наше е да ја поддржуваме

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.