Skip to main content

Posts

ЗАЛОГ ЗА СЛОБОДА НА МАКЕДОНИJA

Извадок “ Есента 1894 година во Штип, каде бил учител Даме Груев, пристигнале Гоце Делчев и неговиот другар туше Делииванов. Уште со своето пристигнување Гоце внел нов дух и нов живот во развитокот на револуционерното движење. Тој го раширил кругот на учесниците во револуционерните групи, откако привлекол сиромашни еснафи и работници од маалото Ново Село, во кое тој бил учител, а исто така и селани од целата штипска околија. Секоја саботна вечер тој излегуваше од Штип, преправен или не, и се враќаше в недела навечер или в понеделник наутро...со доаѓањето на Гоце се изменил карактерот на организацијата. Скриената, конспиративна дејност на дотогашните мали групички, тој ја преобразил во пирока илегална дејност. Надарен со здрав национален усет, Гоце јасно согледал дека во единството на сите Македонци лежи залогот за слободата на Македонија како самостојна политичка единица. Пред неговата убедлива проповед во името на заедничкиот идеал, исчезнуваа вештачки создадените национални неп...

ЧОВЕКОТ КОЈ ПОСТОЈАНО ЧИТА

Неверојатно, но вистинито, кога во образовниот систем постојано се соочуваат со проблемот како децата да го подобрат читањето,37 годишниот њујорчанец, Амон Шиа ги соборува сите рекорди во читаност. Си поставил задача во животот и ја реализира без око да му трепне. Како никој друг, успеа да прочита томови од 22.000 страници. Уште од мали нозе бил љубител на книгата и собирал речници. За една година тој абсорбирал 59 милиони зборови а во неговата библиотека посветува 10 часа дневно да ги среди и  со шоља јако црно кафе продолжува со читање. Како голем љубител на пишаниот збор тој добро ги забележува интересните зборчиња од некоја книга и се плаши да не го заборави нивното значење. За најинтересни зборови кои ги запазил се obmutescence (quiet - тивок ), hypergelast ) некој кој не престанува да се смее, deipnosophist – човек кој ја учи уметноста во јадењето. Имал моменти кога бил толку фрустриран што му се чинело да се откаже. Најмногу се нервирал кога не можел да разбере некои ...

СЕ БАРА БРАЧНА ДВОЈКА ЗА ПАТУВАЊЕ НА МАРС

Првиот приватен вселенски турист, мултимилионерот,Денис Тито најавува нов амбициозен,  план. Овојпат тој сака  да испрати брачен пар во вселената. Инаку, Денис во 2001 година плати   13.000.000 £ за неговото патување до Меѓународната вселенска станица. Неговата мисија има за цел да ги поттикне луѓето за поголемо истражување и осознавање на животот во вселената. Тој вели дека немало пратено луѓе во вселената во последните 40 години и сака ова да биде едно историско патување. Планирано е да се полета во јануари 2018 а патувањето  ќе го чини 1 до два билиони американски долари. Имено, се работи за патување од 501 ден. Избраните кандидати ќе летаат околу Марс и ќе се вратат на земјата. Велат дека условите во вселенскиот број ќе бидат на високо ниво, и набавка на  1360 кг дехидрирана храна која ќе им биде доволно за 501 ден. Тимот се уште работи на обезбедување фондови за ова несекојдневно патување. Не чекајте, пријавете се.

ПОВТОРНО ВРАЌАЊЕ НА “ТИТАНИК“

A встралискиот рударски магнат, Клајв Палмер дојде на идеја да изгради реплика на најпознатиот патнички брод во светот, Титаник. За да ја оствари таа цел и да изгледа се како што беше во 1912 година, тој треба да потроши 195 милиони евра. Наречен “ бродот од соништата “, Титаник остави силни впечатоци не само по својата уникатност, луксуз туку и по големата трагедија што го снајде на првото негово испловување. И ден денес претставува инспирација за уметниците, енигма за историчарите и истражувачите. Титаник 2, според Палмер, ќе биде уште “брод од соништата“, кој ќе се оствари. Ќе има 835 кабини, казино, театар, турси бањи, ексклуивни скали и тераси, болница, и сала за вежбање. Овојпат нема да се потпише декларација дека бродот не може да пропадне како што беше случајот со оригиналниот. Изградбата на Титаник 2 се очекува да биде завршена во Кина во втората половина на 2016 година. И како што популарноста е голема, така и побарувачката на билети за првото патување е далеку од оч...

ЧЕКОРИ ПО СВОЈОТ ПАТ

Треба да се ризикува. Ние навистина го сфаќаме чудото на животот дури откако ќе ни се случи нешто неочекувано. Секој ден Господ ни дава со утринското сонце, еден миг во кој е можно да се измени сето она што не прави несреќни. Секој ден ние се преправаме дека не сме свесни оти тој миг постои, се однесуваме како божем веруваме дека денешниот ден е сличен на вчерашниот и дека ќе биде сличен на утрешниот. Но, човекот кој со внимание го следи денот во што го живее, го открива волшебниот миг. Тој може да биде скриен во минутите, кога наутро го ставаме клучот на клучалката, во миговите на тишината што настапуваат по вечерата, во илјада и едната дребност што ни се чинат наполно исти. Но тој миг постои. Тоа е миг во кој сета моќ на ѕвездите минува низ нас и ни овозможува да сториме чуда. .. СРЕЌАТА понекогаш е благослов – но најчесто е освојување. Волшебниот миг на денот ни помага да се измениме, не тера да тргнеме во потрага по нашите сништа. Ќе страдаме, ќе чекориме по патиштата п...

АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ ЈА ИЗМИСЛИЛ ВОЈНАТА

Простиот народ кажува и верува дека војните првин биле пронајдени од Александар Велики Македонски. Кога тој шетал по море одејќи во некој друг непознат свет, за да најде и нацрпи “бесмртна вода“, за да се напие, та да не умира никогаш, кога видел во морето како се бијат рибарите меуѓу себе, како во војна намислил и тој да го направи истото, па кога дошол во своето царство, прв ја измислил војната во овој свет. Македонска легенда

ПРИСТИГНА ПОМОШ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

Проектот “Македонска новогодишна приказна“ како дел од кампањата за поттик на младите од македонско потекло да го изучуваат македонскиот јазик во Австралија, беше поддржан и од Агенцијата за иселеништво на Р. Македонија. За таа цел беа пратени неколку пакети со книги и двд “Чудесната земја Македонија“ кои деновиве пристигнаа во Австралија. Од особена значајност е да го негуваме и чуваме јазикот каде и да сме. Тоа е наше основно обележје како посебна нација и треба да се работи на негово афирмирање и посебен статус во средините каде има можност да се развива.Голема благодарност до Агенцијата за иселеништво за нивната поддршка и следење на нашите активности во Австралија. Gordana Dimovska