Неверојатно, но вистинито, кога во образовниот систем
постојано се соочуваат со проблемот како децата да го подобрат читањето,37 годишниот
њујорчанец, Амон Шиа ги соборува сите рекорди во читаност. Си поставил задача во животот и ја реализира
без око да му трепне. Како никој друг, успеа да прочита томови од 22.000
страници. Уште од мали нозе бил љубител на книгата и собирал речници. За една
година тој абсорбирал 59 милиони зборови а во неговата библиотека посветува 10
часа дневно да ги среди и со шоља јако
црно кафе продолжува со читање. Како голем љубител на пишаниот збор тој добро
ги забележува интересните зборчиња од некоја книга и се плаши да не го заборави
нивното значење. За најинтересни зборови кои ги запазил се obmutescence
(quiet- тивок), hypergelast )некој кој не престанува да се смее, deipnosophist
– човек кој ја учи уметноста во јадењето. Имал
моменти кога бил толку фрустриран што му се чинело да се откаже. Најмногу се
нервирал кога не можел да разбере некои зборови при читањето. Прашање кое секој му го поставува е “Зошто започна
ваква интересна, несекојдневна мисија?“. Тоа го прави затоа што е голем љубител
на зборови. Поседува илјадници речници и го сака предизвикот да чита големи
речници во што најмногу ужива. Тој е човек кој не сака да не знае некој збор. Тој
е човек кој го прочита англискиот речник
на Оксфорд и направи документирани
забелешки во врска со одредени зборови и што значи тоа да се прочита речник од
21.730 страници.
Gordana Dimovska
No comments:
Post a Comment