Пладне есенско и сиво Мајчини очи гледаат милно Чедото стои пред неа силно За нерамна борба нестрпливо се спрема Со чекори брзи заита кон ридот! Не зажали за домот и мајката своја, На прагот се сврте и вети Земја ќе брани од тирани клети! Мажи, жени и деца се најдоа таму Чекорат смело а пукот и татнеж од сите страни Одеднаш и глас се слушна: Останавме сами! Ко најсветли ѕвезди од небото да беа Изгаснаа за миг а живот не жалеа Нивниот спомен е посилен сега Живее и грее во секое срце грее за мајката тажна грее за детето силно грее за борците храбри грее за земјата родна! Незнајни и знајни јунаци наши Гордост и чест е Македонец да си! Гордана Димовска
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ