Thursday, March 13, 2014

ЈАСМИН

Песна за секое мајчинско срце кое копнее по своето чедо
 Таму некаде далеку,
 под студено сонце без светлина,
 дел од мене откинат,
 без мене, без нас, самува.

 Распукај Земјо отвори се,
 стреси се та преврти се,
 северот да се измести,
 до мене да се доближи!

 Па срцево да ми заигра,
 очиве да ми се наполнат,
 пак тука да ми расцвета
 јасминот одовде откорнат!

Розита  Христовска

No comments:

Post a Comment