Skip to main content

ВО ОХРИД ПРОМОВИРАНА СТИХОЗБИРКАТА „ШАРЕНИ ДИЈАМАНТИ“ ОД НАУМ ТРАЈЧЕСКИ





Во рамките на своите редовни промотивни активности и поддршка на роднокрајните автори, а во присуство на бројни љубители на поетската реч, роднини и пријатели, како и директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов,  на 18 август – четврток, во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана новата стихозбирка „Шарени дијаманти“ од Наум Трајчески,од Квинбијан, Австралија, чиј  издавач е Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.


Промотори на делото беа м-р: Милчо Јованоски, Мирко Томовскии и Билјана Костова, а свое обраќање имаше  и авторот Наум Трајчески. На настанот присуствуваше и директор на Агенцијата  за иселеништво Горан Ангелов.

 

 Поетот Наум Трајчески е роден во село Издеглавје, Дебрца, во 1952 година, а од 1977 година живее и работи во Квинбијан – во демократска и мултикултурна Австралија. Зад себе има шест стихозбирки. Во 2017 година  стихозбирката „Одминато време“ му ја донесе наградата„Стојан Христов“ за најдобра книга од поет иселеник со македонско потекло што ја доделува Агенцијата за иселеништво, а во рамките на Струшките вечери на поезијата.


Годинава поетот  Наум Трајчески беше гостин на Седмиот балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“, што се одржа во Охрид, а на кои  присуствуваа Македонци кои живеат во Австралија, а кои го слават името и делото на Ванчо Николески. Иато така, секоја година Наум Трајчески им се обраќа со видео порака, или, писмена декларација на учесниците на Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“.


C:\Users\User\Desktop\548377863_10234399659305275_1094819500912941796_n.jpg 

Дел од промоцијата


Инаку, поетот Наум Трајчески е претседател на Македонското Литературното друштво “Ванчо Николески” од Квинбијан. Тоа е .најмладото македонско литературно друштво во Австралија кое го носи името на истакнатиот романсиер, раскажувач, детски писател и поет, Ванчо Николески, кое за само 8 години од своето постоење има издадено четири збирки поезија и проза, благодарение на посветеноста на неговите членови, вистински вљубеници на пишаниот збор.


Стихозбирката „Шарени дијаманти“ од Наум Трајчески излезе од печат во издание на Агенцијата за иселеништво, а промотори беа м-р Милчо Јованоски, Мирко Томовски и Билјана Костова. кои најновата поетска збирка на Трајчески ја оценија како спој на зрелоста во годините, но и умеењето со стиховите на авторот.


Како резултат на добрата соработка на поетот Наум Трајчески и Агенцијата за иселеништво, Билјана Костова, како претставник на Агенцијата, на авторот, во име на долгодишната соработка, му врачи специјална Благодарница.

 

По тој повод, пред присутните се обрати директор на Агенцијата, Горан Ангелов, кој со одбрани зборови го претстави поетот Наум Трајчески кој има богати и трајни врски со Агенцијата за  иселеништво, а преку неа со Република Македонија.


Обраќајќи им се на присутните, на крајот од настанот, авторот Наум Трајчески, за сите и себеси, посака добро здравје, воедно, и се заблагодари на својата животна сопатничка Даница, за нејзината целокупна поддршка во животот и поетското создавање во Австралија, каде осма година, го води Литературното друштво “Ванчо Николески”, со што, името и славата на родоначалникот на литературата за деца и млади кај нас, Николески, од неговото родно село, Црвена Вода и Дебрца, преку морињата и океаните, ја пресели се до Петтиот континент.


slavek 1

Пишува: СЛАВЕ КАТИН



Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.