Skip to main content

MOOMBA PARADE 2014


МАКЕДОНЦИТЕ НА МУМБА ПАРАДА 2014


Под мотото People at Moomba денес пред сто илјади посетители продефилираа 2000 учесници, претставници на организации, здруженија и етнички групи од Викторија. Мелбурн, знае тоа да го направи во стил и секогаш да ја постигне целта. И оваа година ги потврди способностите да го прикаже пулсирањето на овој мултиетнички град преку разновидните костими, возила, презентации кои беа вистинско шаренило по улицата и топло поздравувани од публиката. Македонските организации, здруженија, по долги години отсуство од овој настан повторно се враќаат на сцена. Оваа година повторно на иницијатива на Гордана Димовска, во соработка со Лидија Нешковска од Македонско-австралиската организација, успееја да организираат и обезбедат учество на македонски претставник. Одговорноста за кореографијата ја презеде кореографот Аце Петровски кој направи избор од неколку македонски ора адаптирани за парада. Честитки за големиот труд што го вложија младите играорци на ММД Никола Карев и ја претставија Македонската заедница во Викторија во најубаво светло. MACO ќе продолжи и понатаму да ги мотивира културно уметничките друштва да пројавуваат поголем интерес за учество на големи настани во Австралија. Инаку Мумба парадата се одржува во чест на Денот на трудот во Австралија и ја следат еден милион гледачи пред тв екрани.
Фасцинантен настап на нашите играорци кои предизвикаа голем интерес кај публиката која довикуваше убаво играње beautiful dancing! Македонските знамиња ги носеа Гоце Дуковски (облечен како Војвода), Лидија Нешковски и Лидија Поцев во народна носија. Со препознатливиот музички инструмент гајда се претстави Мишко Кордaновски.
Минатогодишен претставник на Мумба беше КУД Александар Македонски.











Gordana Dimovska

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...