Зурлите ни се за "Тешкото",
тешкото ни е во градите,
а градите вијат за тебе,
земјо од камен испилена.
Орли те кинат однадвор,
однатре месо ти колваат,
ти пак стоиш исправена,
не даваш да те урнисаат.
И пак небото сино синее,
поле со жито жолто златнее,
блеснало сонце угоре,
модреат води удолу.
No comments:
Post a Comment