Skip to main content

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА “ВЕЧНА СВЕТЛИНА НАД МАКЕДОНИЈА“ ОД ГОРДАНА ДИМОВСКА

 За големиот ден Илинден беа организирани низа свечености, фестивали, чествувања пред споменикот Shrine , што е доказ дека значајноста на овој светол датум од македонската историја е голема и се повеќе живее во свеста на секој Македонец каде и да е во светот.  
Еден од настаните беше и промоцијата на книгата “Вечна светлина над Македонија“ од Гордана Димовска, одржана во Sheldon Reception а чиј промотор беше Јанко Томов – писател и активист од Бризбен.  Презентацијата на книгата беше поткрепена и со цитати, рецитации, драматизација на расказот Завет за Македонија кој многу идентично го отслика времето, ликовите, тагата на старата мајка во очекување на синот да се врати од туѓина.
Песните од авторката Илинденска и Татковина беа рецитирани од Весна Дамчевска и Соња Стојановска. Драматизацијата беше на Дона Д. Кантаровска, Мартин Масалковски и Пара Петровска (раскажувач).
Беа прочитани поздравни писма од Ванѓелко Лозаноски – Здружение на литература, култура, наука Св Висарион (издавач на книгата), од Мане Јаковлески – уредник на Македонска нација и од литературното здружение Григор Прличев од Сиднеј (Душан Ристевски). Десет книги беа откупени пред промоција од читателот Доне Димов и  по негова желба беа доделени на присутните.

Водител беше Виолета Јовановска од SBS радио. Музички гостин беше Вера Трајкоска која ја воодушеви публиката. Промоцијата беше поткрепена, спонзорирана и снимeна од DI GI Целе Петровски кој со своето долгогодишно професионално искуство им дава посебна магија на сите настани, фотографиите од спонзорот Darbor photography (Перо Веселинов), поклони за учениците додели C-net Tecnology (Крис Ланговски).
 Говорител беше и Гоце Дуковски, поранешен професор на авторката кој сакаше да и честита и заблагодари за нејзините активности во Заедницата. Координаторот на Литературното здружение “Браќа Миладиновци“ направи изненадување со  доделување на  плакета со посвета за Гордана Димовска.
На промоцијата учествуваа и ученици од класот на Гордана и Весна Дамчевска кои рецитираа патриотски песни, пееја песна за Гоце.

Во дел од говорот, авторката рече: Македонската историја е како река која непрестајно тече, колку повеќе читаш, толку повеќе сакаш да знаеш и да се напојуваш со знаење. Македонската историја  е поголема и од нејзината територија. Таа е жива реалност од минатото и постои за да ја создаде иднината. Знаејќи ја историјата , полесно се планира иднината. Со знаење и мудрост, со голема почит едни кон други, со љубов кон Македонија да продолжиме со дела да ја градиме иднината на наредните поколенија и да го зацврстува нашиот идентитет како Македонци
Благодарност до Пецо Луканоски за изработување на дизајнот на книгата како и фотографиите за сцената од расказот

Книгата содржи научно историски записи, песни, расказ и осврт од издавачот.


Поткрепено од следниве спонзори:

Целе Петровски (contact Cele Petrovski:  www.facebook.com/digivideo.com.au)
Лидија Нешковска
Перо Веселинов

 Игор Павловски
Билјана Костова

Крис Ланговски


Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

Ensemble of Folk Instruments and Songs "Stefce Stojkovski" - keep Macedonian tradition alive

The Macedonian traditional music and dance seminar, which has my name as a brand, is known on the world music scene, traditional folklore festivals, at the departments of world-famous universities in ethnomusicology, ethnochoreology, musicology, folklore studies and beyond. The need for organizing such a seminar as well as the significance of the existence of such a seminar are enormous for us Macedonians. Namely, through this seminar, which is being organized for the 19th time, the general public is introduced to Macedonian musical traditions, the playing of original and classical instruments, Macedonian songs and dances, the styles and manner of playing, singing and dancing are studied. The seminar is organized for beginners, connoisseurs and more advanced amateur or professional level of participants. The seminar is organized by the members of the ensemble, and the lecturers are prominent and renowned amateurs and professionals in the field of folklore. All visitors who register ar...