Skip to main content

Posts

Showing posts from March, 2016

МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ВО СВЕТОТ

На 16 март, во просториите на угледниот Melbourne Recital Centre се одржа едночасовен концерт насловен Локални херои - Писма од туѓина,  ( Local heroes - Letters from abroad) . Вокалистките Ања Акер и Кирсти Moрфет ( Anja Acker & Kirsty Morphett) настапија со песни од Србија, Турција, Грција, Бугарија, Естонија, Македонија. Беа придружувани од професионални музичари, тапанарот Matthew Horsley, басистот, Andrew Tanner, Michael O’Connor на флејта, Donald Nicolson на харфа кои ја воведоа публиката во прекрасниот свет на традиционалната народна музика. Ања и Златна исполнија неколку македонски песни меѓу кои Македонско девојче , Милице. Песната Јано мори беше изведена на пијано, хармоника и флејта и предизвика посебно внимание кај публиката која најдолго аплаудираше токму на оваа песна. На крајот задоволната публика со громогласни и долги аплаузи ги поздрави учесниците и ги врати повторно на сцена. Вокалистката Ања изјави: Многу ја сакам македонската песна и сметам де...

МОНОЛОГ НА ЃОРЃИ СУГАРЕВ

По повод 110 годишнината од загинувањето на Горги Сугарев  Стрелам со поглед молња и гром малихера во ѕидни простори што во пранги тонат. И само една е целта. Ќе напнам да бидам река на животот, Параливо мое. Еве мои браќа идам со соколи на моите раце- одбор јунаци и "слушам ви гласој, гласој жалосни".

НАЈСПЕКТАКУЛАРНА МУМБА ПАРАДА ВО МЕЛБУРН

Како и секоја година така и оваа се со низа активности се одбележа Денот на трудот во Викторија. Денот на трудот е ден на победата на работникот да се избори за осум часа работен ден. Во почетокот на 19 век, повеќето работници работеле 10- или 12-часа дневно и тоа во период од шест дена секоја недела. Од 1850 година работниците започнаа со силен притисок за подобри услови. Започнаа протести во 1855 година во Сиднеј а на  21 април 1856 година се одржа масовен протест и во Мелбурн а кој претставува и прв протест во светот кој ја постигна целта - осумчасовен работен ден. Одбележување на големата победа на работничкото движење односно државен празник е прогласен и во другите републики на Австралија. Во Јужна Австралија, Квинсленд, Нов Јужен Велс се прославува првиот понеделник во октомври,  Во Викторија и Тасманија, тоа е вториот понеделник во март. Во Западна Австралија, Денот на трудот е првиот понеделник во март. Во Северната Територија тоа е првиот понеделник во мај. ...

МЕЃУНАРОДЕН НАГРАДЕН ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС

23-ти април, денот кога светот го напуштија двајца великани во книжевноста, Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, секоја година се слави како Светски ден на книгата и авторските права. Здружението за наука култура и литература „Златно перо“- Битола распишува Меѓународен награден конкурс за најубава песна,по повод 23 април меѓународниот ден на книгата и авторското право.Темата е слободна,секој учесник има право на 3 песни сместени во три страни А-5 формат .Ракописите да се испратат по - meil: naumovskaolga@yahoo.com во  Times New Roman, font 12 со кирилична поддршка. Уплатата се врши на тр.см. Наумовска Олга Стопанска Банка АД -Скопје тран.см.200001743138589 Секој учесник плаќа 700 ден.при што добива по 5 книги од Меѓународната антологија.Конкурсот трае од 12.02.2016год. до 20.03 2016год.Уплатата се врши од 20.03 -31.03. Промоција на книгата како и доделување на наградите на 23.04,со дополнителна најава.Учесниците од останатите земји пишуваат на својот мајчин јази...

ФОРМИРАНО ЛИТЕРАТУРНО ДРУШТВО „КОЧО РАЦИН”, МЕЛБУРН

На состанокот одржан во просториите на библиотеката во  Mill Park, се оформи новото литературно друштво “ Кочо Рацин“, Мелбурн. Тоа беше заедничката желба на иницијаторите, писатели и поети кои долги години се активни во Македонската заедница во Викторија и издаваат свои дела. Нивната мисија и цели ќе бидат спроведувани преку низа активности и ќе бидат насочени кон поттикнување на писателите од македонско потекло да творат на и збогатуваат фондот со книги на Македонски јазик, создавање на литературен модел кој ќе овозможи делата да бидат промовирани пред поширока публика насекаде во светот како и поголема афирмација на македонскиот јазик во Австралија. Литературното друштво изготви програма за активности кои ќе ги преземе оваа година а ќе се започне со организирање на награден литературен конкурс и Саем на книги од наши автори. Управниот одбор го сочинуваат: претседател,  Гордана Димовска , потпретседател,   Нове Младеновски , секретар,  Виолета Јовановска , ...

Романот „ Единствена моја љубена ќе те пронајдам и на крајот од светот“ од Ване Лозаноски ги воoдушеви Кичевчани

Љубители на литература, култура и наука „Свети Висарион “ Демир Х исар со Н.У Центарот за култура , Кичево организираа промоција на љубовниотт-психолошки и родољубив роман „ Единствена моја љубена ќе те пронајдам и на крајот од светот“ од Ване Лозаноски на 09 март во просторите на библиотеката "Кочо рацин" , Кичево ОД ПРОМОЦИЈА ТА НА РОМАНОТ "ЕДИНСТВЕНА ЉУБЕНА" НА ПРОФЕСОР ВАНЕ ЛОЗАНОСКИ (извадок) - Сакам сите Македонци низ светот да ги слушнат овие зборови кои ми извираат од срцето и протекуваат низ душата... -Деца мои, кога зборувам душата ми се распарува, а срцево крвари. Македонија ја сочувавме од воени и авантуристички походи. Нашите претци и ние ја чувавме како зеница во окото, а вие младите сега бегате од неа, се раселувате низ светот без да помислите дека како Македонија нема никаде друга земја. И син ми замина, еве сака да оди и Сара, мојата најголема надеж.

БОЖИЦА

И реките течат како што времето одминува тивко И ги забележува  сите тајни на човековото срце И планините се раззеленуваат и мамат со својата убавина И сонцето ги простира своите топли зраци А ти жено Божица на убавината Со насмевка на Мона Лиза Пленуваш со својата убавина каде и да се појавиш. Твојата насмевка некој треба да знае да ја види Затоа што колку брзо се појавува, Толку брзо може и да исчезне затоа што се грижи Се грижи за некој свој, за брат, татко, мајка или сестра Ти си жена со челично срце И толку силна да ги поместиш планините во сечие срце Лицето ти  е одраз на мудрост Зрачи како сонце  и кога најтешко ти е Зборовите твои лечат туѓи рани Со твоите раце прегрнуваш и грееш сечија душа

ВИСТИНА

...И набројуваа и понатаму. Анабел слуша и само слуша. "Еј,еј,доста со тие глупости ваши"-се јави дедо што седеше под дрвото во дворот. "Има поголеми вистини од вашите вистини.Ех,внуче мило,сеуште си мало да ги слушнеш и сватиш.Можеби после повеќе години,кога ќе одрастиш и учиш за повеќе работи,можеби ќе ја дознаеш и вистината за нашата Македонија.Не знам дали до тогаш ќе бидам јас жив."-и почна како сам на себе да си кажува." "Од каде да почнам; од Македонија библиска земја, Александар

РОДИЛКА

Жено, мајко родилка си и надеж на животот. И изгрев, светлина топлина, сончев зрак, на рожбата твоја ова и зората нова што веќе се руди. Се роди дете нов живот се буди Капка роса во овој универзум, нежно ко тревка, ко цвеќе.