Skip to main content

ИНТЕРВЈУ СО СУЗАНА ТУРУНЏИЕВА




“Сакам свет со добри и свесни луѓе, кои ќе размислуваат глобално, зашто среќата е убава кога се дели со останатите" – Сузана Турунџиева

Љ.П Повод,вашата најнова книга"5 минути"Како дојдовте на идеја,како добивте творечка инспирација да ја напишете оваа книга.Како созреваше идеата за неа?

С.Турунџиева 5 Минути е Ода за животот... Неисцрпна потрага по добрината и безусловното пријателство, за кои јас цел живот се борам и залагам, уште од малечка. И покрај тоа што живееме во крајно сурово и неблагодарно време кое се темели на чисти интереси помеѓу луѓето, јас сеуште трагам и наоѓам на добрина, затоа што длабоко во себе верувам дека ако бараш, ќе најдеш, ако тропнеш ќе ти се отвори, и ако силно посакуваш, ќе ти се оствари. Ете така, во една доцна јануарска ноќ, започна мојата потрага по добрината, низ приказната на двете хероини, чие пријателство беше посилно од сите забрани, притисоци и уцени.

Љ.П.Во Битола,вашиот роден град,имавте ексклузивна промоција на "5 минути".Како се одвиваше промоцијата на свој терен?
С. Турунџиева - Битола е град со кој јас се идентификувам, се гордеам и со нескриени емоции а неретко и солзи во очите зборувам при секое мое интервју, или ТВ гостување. Промоцијата помина многу добро, во салата каде јас за првпат пред 30 години запеав, со многу емоции и чувства, кои замрзнале во моите спомени уште во периодот кога бев чупето од Битола.
 Љ.П.Која е пораката што ја носи оваа книга?

С. Турунџиева -  Пораката на 5 минути е јасна и силна! Дека ние сме одговорни за се што ни се случило, за се што не ни се случило, а можело да ни се случи, и за се што допрва ќе ни се случува... И дека секој ден е важен ден, а секоја минута е најважна минута во нашиот живот!
Љ.П.Организирате промотивен патувачки караван на романот"5 минути".Кои градови ги поминавте и низ кои уште ќе настапите?
С. Турунџиева - Досега поминаа промоциите во Скопје, Битола и Куманово.... Следуваат Струмица на 8ми април, Виница на 15ти, Велес на 19ти, Валандово на 22ри, Прилеп на 26ти, Кавадарци на 3ти мај и најверојатно во Крушево на 20ти мај.
Љ.П Колку книги имате издадено и кои се тие.Од кога почнавте да пишувате и зошто.Кои се книгите?
С. Турунџиева - Досега имам издадено 3 романи и 3 збирки со мисли и цитати, кои постојано ги споделувам на фб. Луѓето за брзо време ги препознааа моите размисли и им станаа симпатични уште во првите 3 месеци кога започнав со споделувањето. Токму поради тоа, многу голем дел од збирките со мисли и цитати отпатуваа низ некокку европски земји и во Америка, секаде каде што живеат Македонци. Првите два романи ми се со автобиографска содржина: "Куфер со соништа", издаден во 2007мата и "Животот не е бајка", (посветен на мојата мајка Блага и нејзините патешествија) издаден во 2015та.
Љ.П.Кои теми ги обработувате?
С. Турунџиева - Кога започнав со пишување во 2007мата мислев дека цел живот, ако воопшто продолжам со пишување ќе пишувам само за мојот живот, одн. за она што го преживувам. Но 5те минути ме воведоа во еден сосема поинаков свет, во кој јас доживеав вистинско откровение, и сфатив дека да креираш приказна, одн да измислуваш приказна и да креираш ликови кои не ги познаваш и не постојат, е многу возбудлива авантура, која ме прави премногу среќна, исполнета и позитивно настроена кон целата таа процедура додека трае создавањето на делото. Тоа е една невидена екстаза, во која учествувам целосно, со секој атом енергија и емоција која не ја штедам ни малку.
Љ.П Како созреваат вашите идеи?
С. Турунџиева - Идеите ми доаѓаат спонтано, ненајавено, непланирано... Во секој миг од моето постоење. Додека возам, чистам, шетам и спијам... Се инспирирам од се што ме опкружува, од се што восприемам и не чекам време, ами сега и веднаш отпочнувам со фаќање белешки, за да не ми замине идејата.
Љ.П.Какви се вашите планови на литературното поле.Дали имате и работите на нови инспирации и дела?
С. ТурунџиеваПланови не правам, туку  секојдневно работам, творам, пишувам, и крадам време за да не ги нервирам постојано домашните.. Одвреме навреме им се извинувам за сите незготвени ручеци, за сите неиспеглани кошули, и ненаправени палачинки... Затоа сопругот има ресторан, па се вадам некако со него. Се надополнуваме.Во ракопис имам 4 започнати дела, од кои 2 до крајот на годинава сигурно ќе бидат објавени. Останатите ќе ги оставам за 2017та.
Љ.П Вие сте сестрана личност, тв водител со ваш проект емисија. Вие сте и сценарист и организатор и водител-реализатор. Од кога ја водите емисијата "Трета смена"на НАША ТВ која е популарна и станува се повеќе.Со какви личности се среќавате и која од нив оставила најголем впечаток?
С. Турунџиева - Трета смена ја работам веќе трета сезона, и навистина стана многу препознатлива. Поради темите кои ги обработувам, поради енергијата која ја ширам, а верувам и поради пораките кои се обидувам да ги испратам: Дека треба повеќе да љубиме, отколку да судиме, дека не мора да имаме причина за да помогнеме некому. Дека совеста не е ретка болест, туку е ретка, но драгоцена состојба!
Љ.П Музиката,уметноста, пишаниот збор се јазици на кои најдобро се изразувате. Со што почнавте прво да го изградувате вашиот животен стил и како се развиваше понатаму?
С. Турунџиева - Музиката отсекогаш беше јазикот на кој најдобро се изразувам.... Пеам, значи постојам! беше мојата девиза.. Најнесреќна сум била во животот секогаш кога ми било болно грлото, кога не сум била способна да пеам.. Тогаш тивко умирав.. иако знаев дека ќе помине, дека не е ништо опасно. Но, животот ме однесе на едни сосема други раскрсници, каде се помалку има простор за музика, а се повеќе време за пишување.
Љ.П.Вие свирите на три иструменти.Кои се тие?Вие и сликате?Од кога,во која техника и колку слики сте насликале?
С. Турунџиева - Не би можела да издвојам што од сите уметности со кои ме обдарил Бог повеќе ме усреќува. Се што сакам е само да поживеам доволно долго, за да имам повеќе време, да им се посветам на сите мои таленти подеднакво.
 Љ.П Која од вашите активности најмногу ве преокупира:песната,музиката или литературата?
Свирам на клавир, гитара и хармоника. Клавирот ми е секојдневен придружник и е составен дел од мојот живот. И колку и да имам тежок, напорен ден, јас седнувам, свирам и пеам, а дури тогаш сите виуги во мојата глава си доаѓаат на своето место
Љ.П Дали работите и на хуманитарен план.Кажете нешто повеќе за тоа?
С. Турунџиева - Редовно учествувам на сите настани од хуманитарен карактер, донирам книги, слики, а многу често и во моите емисии поттикнувам на хуманоста, како особина, која не треба да дозволиме да заспие. Сакам свет со добри и свесни луѓе, кои ќе размислуваат глобално, зашто среќата е убава кога се дели со останатите.

Разговорот го водеше Љубица Поповска
Macedonian Timeline
www. macedoniantimeline.blogspot.com.au

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.