Monday, October 24, 2016

РАЗГОВОР СО ДУШАН РИСТЕВСКИ


Stigma or shame slowly disappear, we live in another world where anything and everything is possible. Although is a comedy, certainly has a messages to think about, regarding the economic situation in Macedonia and Australia, for immoral and unethical things people are sometimes forced to do. - Dushan Ristevski

Повод за разговор со Душан Ристевски ни даде поставувањето на сцена на неговата последна драма „Баба се мажи“ во изведба на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј.
.Душан, ова е мошне интересен наслов, делува смешно и се јавува љубопитност да се дознае темата на „Баба се мажи“.
Точно со самото слушање на насловот луѓето се смеат, а воглавно и тоа се очекува од оваа комична престава: исполнета е со комични сцени само за разонода, смеење и уживање во позитивните моменти на животот. Малку се бега од македонското традиционално размислување со кое „бабите или дедовците не треба да се мажат или женат“ но затоа вреди да се види и да бидеме отворени кон она што ќе се чуе во преставата. Стигмата или срамот се нарушува, живееме во друг свет каде се и сешто е можно. Иако е комедија, секако има доста пораки за размислување во однос економските ситуации во Македонија и Австралија, за она луѓето што некогаш се присилени да прават неморални и неетички работи.

Минатата престава „Куферот“ се прифати многу позитивно од публиката иако беше трагедија. Што беше поводот да напишете комедија кога знаеме дека секогаш обработувате социјални и психолошки теми.
Пред „Куферот“ на сцена беше „Доктор Жими Мајка“, комедија со особено длабоки пораки во однос семејството, социјалните промени и меѓучовечките односи. Пред неколку години на сцена ја имавме музичката комедија „Стари и весели“. Репертоарот го прошируваме по барање и желба на публиката, некои сакаат комедии за да дојдат само за разонода но некои сакаат поозбилни теми, драми со подлабоки содржини. Се обидуваме со преставите да постигнеме повеќе цели па се надевам дека и со оваа престава луѓето ќе бидат задоволни. Добро е што успеваме на заедницата да и нудиме разонода.
Повторно земате учество на Discovery Festival во Хрствил каде ја преставувате македонската култура.
Повторно сме поканети и скоро секоја година успеваме да преставиме нешто не само за македонската туку и за англиско-говорната публика. Тој е најуспешниот начин да се покаже нешто од нашите културни вредности, посебно од театарот кој е длабоко врежан во нашата култура.
Покрај постарите во оваа престава имате и нови членови во Театарот.
Среќни сме што секогаш ни доаѓаат нови членови кои сакаат да бидат дел од нашата група, а некои од постарите после неколку години пауза повторно се враќаат. За прв пат настапуваат Татјана Нешковска, Јован Апостоловски, Зора Сазданова и Македонка Наневска. Покрај нив учество земаат Јаворка Котевска, Гордана Милошевска, Владо Сазданов, Антонио Нешковски и Спасија Огненовска. Режијата е на Васко Србиновски, а сценската продукција на Никола Апостоловски.
Значи нудите пет престави во НЈВ а имате ли престави да посетите и други градови/држави?
Покрај Сиднеј и Волонгонг би сакале да ја дадеме преставата и во другите градови каде македонската заедница е стационирана но тоа зависи од постоечките македонски организации кои делуваат таму. Поканите не ги одбиваме само турнејата треба да се организира по нивно барање. Преставите се закажани само за:
  • Civic Theatre, Hurstville Entertainment Centre, MacMahon Street, Hurstville во петок, 11-ти ноември и сабота, 12-ти ноември во 19.30 часот
  • Sun Lounge Function & Reception Centre, 8-14 Stewart Street Wollongong во сабота, 19-ти ноември во 19.30 часот
  • Macedonian Cultural Centre “Ilinden”, 65 Railway Street Rockdale во недела, 20-ти ноември во 15 часот
  • Bankstown Polish Club,11 East Terrace Bankstown во сабота, 3-ти декември во 19.30 часот
Иван Трпоски
Interview with Dushan Ristevski  from Australian Macedonian Theatre - Sydney, about the latest drama "Grandmother is getting married"
Interviewer: Ivan Trposki

 Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment