Skip to main content

ПРОГЛАСЕНИ НАГРАДЕНИТЕ ДЕЛА ЗА ПРЛИЧЕВА НАГРАДА


Жири комисијата во состав на
Мери Петковска (претседател),Славица Ристеска и Драгица Митев ги објави наградените дела од традиционалниот конкурс за Прличева награда за 2022 година организиран од Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.Конкурсот се организира за последните 45 години и има за цел да ги поттикне Македонците во Австралија да го промовира македонскиот јазик и ја задржува традицијата за негување на македонскиот пишан збор. За четирите категории пристигнаа 44 дела. Жири комисијата ја донесе следнава одлука:

Песни за возрасни

 
Прва награда: „Од туѓина стигнав  -  Шифра: дедо и баба, автор Наум Трајчески

Втора награда: „За сите кој се молат за некого  - Шифра: Те молам за втора шанса, автор Оливера Јовановска


Трета награда: „Од главата си патиме - Шифра:?, автор Наум ПауноскиTрета награда: „Казна -  Шифра: мајка, автор Наум Трајчески


Песни за деца

Прва награда: „Новата учителка -  Шифра: Стариот учител, автор Ристе Петрески

Втора награда: „Не е смешно другарче -  Шифра:Трендафилчиња, автор Гроздан Јовановски

Трета награда: „Училиште зрак од светла иднина - Шифра:Деца,Деца, автор Оливера Јовановска

 Раскази за возрасни

Прва награда: „Бројаница - Шифра: Бројаница, автор Љубица Поповска


Втора награда: Не припаѓам во твојот свет - Шифра: Те напуштам, автор Оливера Јовановска


Трета награда: „Геноцид - Шифра: Планети, автор Велика Џангаловска Гатсис



 Расказ
и за деца

Прва награда: „Нов будилник - Шифра:?, автор Гордана Димовска

Втора награда: „Двете мали мечиња - Шифра: Планети, автор Велика Џангаловска Гатсис

Tрета награда: Маица - Шифра: Маица, автор Љубица Поповска


Првонаградена песна за возрасни:

ОД ТУЃИНА СТИГНАВ      

 Ко уморена птица

од туѓина стигнав.

В растурено гнездо

јас ноќта ја минав.

 Многупати ќерне

се завртев в час.

Наоколу гледав,

не испуштив глас.

 Можеби по патот

татко ми ќе мине,

јавајќи на коњот

дома за да стигне?!

 Бериќетот сакам

повторно да никне.

Мајка ми од негде

" Сине!" да ми викне!

 Ветровите веат,

прашина се крева.

Во куќата наша

сега има врева.

 Радувај се, село,

со нас сите збрани-

сонцето те грее

од неколку страни!

 

Потомци млади

дојдени се тука,

за баба и дедо

срцето им чука.

 Дома да се врати

не видоа дедо,

не слушнаа баба

да им каже: "Чедо!"

 Наум Трајчески

 

 Првонаградена песна за деца:

 НОВАТА  УЧИТЕЛКА       

Од како учителот 

во пензија појде

на негово место

учителка ни дојде.

 

Се престави таа

со презиме и име

истото го посака

да го сториме ние.

 

Внимателно сите 

не прозива со ред 

зборовите и беа

послатки од мед.

 

"Ќе говориме денес

за природата дечиња

во гората знаеме

има многу мечиња.

 

Природата е мајка 

сите што не храни

од секакво зло

таа нас не брани".

 Ристе Петрески


 Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...