Не би зборувал многу за мојата кариера, нека зборуваат
другите. Отсекогаш сум бил скромен по природа и можеби тоа е мојата доблест.
Знам што сакам и тоа е напишано во мене, и работам на тоа со мојот тим. Нашиот
најголем сон е Греми и се надевам дека ќе го направиме тоа наскоро, бидејќи
работиме на одличен филм со одлична работа, тема и сценарио. Моите филмови
секогаш се посветени на нашата мила Македонија. Голема благодарност до Америка,
и секако до мојата екипа која неуморно работи на овој филм. Тимот што победува
не се менува, туку само ја постигнува целта.
Летово имавме многу работа во соседна Албанија и
контактираме со Ридме, Дурс и други места, работиме за албанско-американска
филмска компанија на некои проекти кои се многу интересни и не би открил многу
за тоа. Имаме многу проекти со Србија со многу познати режисери со Дејо,
Милошевиќ и други и веќе работиме на игран филм. Станува збор за многу
интересна акција на тема балканска мафија, не би открил многу за неа.