Skip to main content

СПЕКТАКУЛАРЕН ИЛИНДЕНСКИ ФЕСТИВАЛ НА ФОМКУД ВИКТОРИЈА

Спектакуларен Илинденски фестивал, Мелбурн 2023

На 26 август 2023, во организација на ФОМКУД (Федерација на македонските културно уметнички друштва на Викторија) се одржа традиционалниот 37-ми по ред, Илинденски фестивал во Plenty ranges arts & convention centre, South Morang, Victoria. Ова беше само уште еден од многуте настани и празнувања во сојузната држава Викторија по повод големиот национален и верски празник Илинден.

Фестивалот го отвори претседателот на ФОМКУД – Џорџ Ламбески.

На овој фестивал учество зедоа голем број на играорни групи од Викторија.

Светлост, Александар Македонски, Никола Карев, Јане Сандански, АМДЕ Тоше, Гоце Делчев, Илинден,

Со песни се претставија Кајла, Тиана Степановски, Индира Котевска, Наталија Котевска, Петар Дамчевски.

 Водител на програмата беше – Елена Ѓуровска  

Беше вистински празник за очи, фолклорна разгледница на која се восхитуваа сите  и поскуваа да трае подолго. Играорците го дадоа најдоброто од себе презентирајќи ја македонската традиција, обичаи, историја низ песна и оро. Импресивни настапи од сите МКУД,  за што сведочат громогласните аплаузи и овации од пyбликата. Приредија вистински фолклорен спектакл.

Честитки до организаторите ФОМКУД, Викторија, родителите, волонтарите и големо браво за младите играорци-Илинденци во новото време.

Повеќе фотографии од фестивалот:














Гордана Димовска

Gordana Dimovska


Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ТЕАТАРСКИ СПЕКТАКЛ КОЈ ГО ЗАПАЛИ СВЕТИ НИКОЛЕ

Театарската претстава „Хај-Фај сватови“ ги крена сите на нозе – публика во транс и брилијантна глума која ќе се памети! ​Свети Николе беше центар на вистинска уметничка магија и театарски триумф! Во атмосфера преполна со емоции, смеа и громогласни аплаузи, театарската претстава „Хај-Фај сватови“ го доживеа својот врв, оставајќи ја публиката без здив и на нозе. Тоа не беше само обична театарска претстава – тоа беше вистинска културна експлозија која покажа колку силно бие срцето на македонската уметност. ​Уште со првите минути и подигањето на завесата, сценската енергија ја исполни салата до последното место. Претставата „Хај-Фај сватови“, која на маестрален начин ги испреплетува традицијата, модерното време, хуморот и живописните човечки судбини, успеа да допре до срцето на секој еден гледач. Актерски ансамбл кој доминираше на сцената ​Оваа театарска бајка ја носеше феноменална актерска екипа која покажа врвна професионалност, харизма и брилијантен уметнички израз: ​Габи ја...