Skip to main content

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ПОЕТСКА МАНИФЕСТАЦИЈА „СПЛОТИ СЕ МАКЕДОНИЈО" 2023

Писмото и јазикот се нашите македонски национални симболи преку кои ние се распознаваме во светот. И нека оваа манифестација ги отвори вратите за уште поголеми поврзувања и развивање на идеи за силна афирмација на македонското поетско творештво во светот а со тоа и афирмација на македонскиот јазик. Сме постоеле и ќе опстојуваме и покрај сите премрежја кои ни се појавуваат на патот во сите периоди од животот. Само посветеност, сполотеност, грижа и љубов можат да не водат напред. Македонија на Македонците, Македонците за Македонија.
Честитки до организаторите, со среќа на учесниците и нека бидат поттик и за други да се пријават и поддржат оваа манифестација. Да работиме и соработуваме како едно големо македонско семејство сплотени во духот на македонската доблесна убавина. Македонија вечна!

Еве го и соопштението за овогодинешната манифестација:

Почитувани поети почитувани љубители на пишаниот збор како и секоја година така и оваа започнуваме од утре со интернационалната манифестација на светско ниво "Сплоти се Македонијо".Право на учество ќе има секој кој е љубител на пишаниот збор насекаде низ светот.Сите вие кои сакате да учествувате на оваа манифестација можете да се пријавите на мејлот simemladenovski@gmail.com за манифестација Сплоти се Македонијо со пишан текст на мајчин јазик без навреди и клевети со убав текст ваш емоционален.Тема на оваа манифестација Една си Македонијо.На оваа тема може да пишуваат и децата кои се љубители на пишаниот збор,и ги повикуваме сите училишта заедно со директорите да се вклучат на оваа манифестација да биде помасовна како и секоја година.Жири комисија во состав професор доктор Златко Тимковски професор од Лос Ангелес Америка,професор Лидија Бурческа Манеска професор по компаративна книжевност,господин Бранко Николовски текстописец,Симе Младеновски продуцент на Лица и дела тв Сонце задолжен за детската поезија.Генерален покровител на поетската манифестација Лица и дела тв Сонце,медиумски покровител тв Сонце,портал Кул Арт,Зона М1 радио,Екран,портал Феникс.портал Зеро Америка,Куд Гоце Делчев Сиетл,MN1 Canada Торонто, Macedonian Timeline Australia,Radio Prespa,radio Brich,Sydney,Makedonski glas radio,2xx radio Canbera,Avdtralija.Osterel Нов Зеланд,портал Македонија Шведска и портал Македонска фаланга Амстердам Холандија и мн други.Сите вие можете да ги праќате вашите песни до 20 септември,на емајл адресата.Доколки вашите песни се вон темата ќе бидат дисквалификовани и нема да учествуваат и молиме да нема притисок врз жири комисијата.Ќе има и награди кои ќе ги обезбеди организаторот.и да знаете оваа манифестација е on line.Македонијо ти наша и единствена сплоти се низ убав стих кај и да си низ светот.



Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ТЕАТАРСКИ СПЕКТАКЛ КОЈ ГО ЗАПАЛИ СВЕТИ НИКОЛЕ

Театарската претстава „Хај-Фај сватови“ ги крена сите на нозе – публика во транс и брилијантна глума која ќе се памети! ​Свети Николе беше центар на вистинска уметничка магија и театарски триумф! Во атмосфера преполна со емоции, смеа и громогласни аплаузи, театарската претстава „Хај-Фај сватови“ го доживеа својот врв, оставајќи ја публиката без здив и на нозе. Тоа не беше само обична театарска претстава – тоа беше вистинска културна експлозија која покажа колку силно бие срцето на македонската уметност. ​Уште со првите минути и подигањето на завесата, сценската енергија ја исполни салата до последното место. Претставата „Хај-Фај сватови“, која на маестрален начин ги испреплетува традицијата, модерното време, хуморот и живописните човечки судбини, успеа да допре до срцето на секој еден гледач. Актерски ансамбл кој доминираше на сцената ​Оваа театарска бајка ја носеше феноменална актерска екипа која покажа врвна професионалност, харизма и брилијантен уметнички израз: ​Габи ја...