Skip to main content

СОНОТ СТАНУВА РЕАЛНОСТ - СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ

Не би зборувал многу за мојата кариера, нека зборуваат другите. Отсекогаш сум бил скромен по природа и можеби тоа е мојата доблест. Знам што сакам и тоа е напишано во мене, и работам на тоа со мојот тим. Нашиот најголем сон е Греми и се надевам дека ќе го направиме тоа наскоро, бидејќи работиме на одличен филм со одлична работа, тема и сценарио. Моите филмови секогаш се посветени на нашата мила Македонија. Голема благодарност до Америка, и секако до мојата екипа која неуморно работи на овој филм. Тимот што победува не се менува, туку само ја постигнува целта.

Летово имавме многу работа во соседна Албанија и контактираме со Ридме, Дурс и други места, работиме за албанско-американска филмска компанија на некои проекти кои се многу интересни и не би открил многу за тоа. Имаме многу проекти со Србија со многу познати режисери со Дејо, Милошевиќ и други и веќе работиме на игран филм. Станува збор за многу интересна акција на тема балканска мафија, не би открил многу за неа.

 

 

Бевме многу изненадени од наградата за второ место во Детроит во Америка, да не кажам, бевме шокирани од наградата на фестивалот за документарен филм Детроит 23 каде што учествувавме со филмот Јад. а во иднина ќе посетуваме филмски фестивали и ќе создаваме филмови. Би сакал да упатам голема благодарност до Саше, Боби, Младен, млад човек кој ни е голема поддршка во се што правиме. Македонијо обедини се, твоето име се слуша низ целиот свет меѓу Македонците расфрлани насекаде и време е да се обединат и да се сакаат и почитуваат. Само така ќе успееме и ќе им докажеме дека постоиме. И за крај ќе го кажам ова: Денот е убав и плоден ако го поминете со драги луѓе, со луѓе кои не познаваат завист, суета, љубомора. Биди горда Македонијо ти си една и единствена библиска земја во светот.




Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.