Skip to main content

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА "ЗАД ПРИСОЈ" ОД ЈАГОДА ЗДРАВЕСКА - КОТЕСКА



Промоцијата на книгата Зад Присој, Историја на Семејството Здравески од село
Лопатица Прилепско oд Јагода Здравеска-Котеска во организација на Македонското
Литературно Здружение “Кочо Рацин“ од Мелбурн се одржа на 7
Декември 2025 во просториите на Yarra Plenty Regional Library, Mill Park.
Водител на програмата беше Лидија Стојаноска, Промотори: Гордана Димовска и Зоран
Здравески.  Извадоци од книгата читаа: Дона Димовски-Канатаровски, Весна
Котеска, Антониј и Китан Здравески.
Зад Присој е трето дело на авторката Јагода Здравеска -Котеска, која вложила многу
труд и долгогодишно истражување и собирање на податоци за семјната историја, чија
историјата е и историја на македонскиот народ.
Авторката во нејзиното обраќање до присутните кажа дека целта за книгата била “да
остане запишана семејната историја во наследство на моите деца и идните поколенија,
приказната за предците да остане запишана и да ги потсети дека потекнуваат од многу
жилав и отпорен народ кој преживеал разни премрежја низ историјата но никако не се
покорил и опстојува успешно до ден денешен и покрај сите препреки.... И да им оддаде
почит на предците за нивната истрајност, храброст и способноста да преживеат и да
се снаоѓаат во време кога било повеќе од тешко да се преживее посебно од
Илиденскиот период па се до завршувањето на Прва Светска Војна“.
Книгата е во осум поглавја во кои се опфатени монографија за родното место Лопатица
и околината, историските услови во кои живееле предците на авторката, семејните
лози, семејните традиции, живот во поширока семејна патријархална заедница,
склучување на бракови, семејните традиционални прослави и неминовното заминување
на печалба во Австралија. Во книгата опфатени се и многу други елементи од богатиот
културен и духовен живот на предците и сеќавања за светот, времето и животот кој
одминале а со оваа книга ќе бидат спасени од заборавот.
Еден од рецензентите на книгата е Др. Ник Анастасовски, кој ја започнува рецензијата
со следниве зборови:
Зад Присој“ е длабоко интересна книга, во која на хронолошки начин е прикажана
историјата на семејството Здравески, едно Македонско семејство вкоренето во селото
Лопатица, Прилепско. Книгата е напишана од Јагода Здравеска-Котеска, која сега живее
во Австралија, која успеала беспрекорно да ја спои нарацијата на нејзината семејна
историја со поширокиот историски и културен контекст на регионот, нудејќи им на
читателите еден живописен портрет на животните искуства на македонците низ еден
подолг временски период.“
Од име на Македонското Литературно Здружение “Кочо Рацин“ од Мелбурн на
авторката Јагода и посакуваме долгогодишно плодно литературно творештво.
Повеќе фотографии













Извештај и фотографии на Јагода Здравеска Котеска

Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...