Skip to main content

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ОПФАТЕН ВО ЈАЗИЧНАТА ПЛАТФОРМА ВО АВСТРАЛИЈА

Language Trainers е јазична платформа во Мелбурн, која ja започна својата мисија во 2004 година со цел да им помогне на учениците од целиот свет да учат јазици. Се нудат часови за над сто јазици меѓу кои од неодамна се вбројува и македонскиот. Имено,  Language Trainers доби побарувања за изучување на македонскиот јазик па и понуди позиција на Гордана Димовска од Мелбурн.

Гордана со задоволство ја прифати оваа позиција и гледа голема иднина во оваа платформа, можност за сите возрасни Македонци и луѓе од други националности да го учат македонскиот јазик во време кога тие сакаат. Засега се пријавени возрасни од Канада и сојузните држави на Австралија. Токму оваа платформа нуди можност на луѓе кои не можеле или не сакале да го научат јазикот во детството а им потребал на возрасни години. Најчести причини за барање часови се луѓе од мешани бракови, во кои едниот не е Македонец/Македонка па сака да го учи јазикот на својот сопатник. Друга група на заинтересирани се млади Македонци од Австралија измеѓу 20 -30 години кои немале можност да научат дома од никого или не посетувале јазично училиште. Нивната цел е да го унапредат зборувањето, читањето, пишувањето со цел подобро да комуницираат со свои роднини и пријатели или се спремаат да отпатуваат на подолг престој во Македонија.

Гордана вели:в Прекрасно е чувството што ни се отвори оваа нова платформа преку која ќе помогнам на сите кои сакаат да учат македонски. Токму преку јазикот се унапредува комуникацијата меѓу луѓето, се дознава повеќе за македонската историја, јазик и традиција. Ова е уште еден начин да се сочува нашиот убав македонски јазик и пренесе на наредните генерации, но и на луѓе од друго етничко потекло кои сакаат да го знаат македонскиот како уште еден јазик повеќе.

Вработените наставници можат да даваат часови во локалните библиотеки, во домовите или онлајн во погодно време за двете страни. Без разлика кој јазик сакате да го учите, каде и да сте во светот и каков и да е вашиот распоред, Language trainers ви стои на располагање. Лесно прилагодува курс и специјализиран наставник за да ви го направи направи учењето удобно и ефикасно.

Во Language Trainers, знаеме дека учењето нов јазик бара посветеност. Но, исто така, ги разбираме притисоците и предизвиците на современиот свет. Долгите работни часови и семејните и здравствените обврски можат да го отежнат постојаното посетување на јазичен курс.

Затоа наша мисија е да обезбедиме часови по јазик што одговараат на вашите потреби и агенда. Вашиот наставник ќе држи часови каде и како што вас ви одговара, без разлика дали тоа е онлајн или лице в лице на локација по ваш избор. Часовите можат да бидат приватни, индивидуални сесии или во мали групи, ако тоа е попривлечно. Исто така, нудиме сесии во отворени групи, каде што ќе се сретнете со ученици од различни места во светот додека учествувате во збогатувачка културна размена. А нашите тутори ќе го персонализираат секој час за да ги исполнат вашите цели и амбиции. Ова многу е значајно за нас Македонците, и настанува како последица од мешаните бракови, недоволно можности да се учи јазикот во детството и немање интерес за јазикот тогаш но кога ќе пораснат младите сакаат да научат повеќе за своето потекло и да зборуваат македонски со своите баби и дедовци.

 



Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...