Skip to main content

Во пресрет на големиот светол празник Илинден

Пишува: Гордана Димовска

Во чест на овој најголем верски и национален празник, ние Македонците насекаде во светот со длабока почит се присетуваме на три светли датуми од македонската историја. 

338 п.н.е. Битка кај Херонеја – 18-годишниот Александар ја предводел Македонската коњаница на својот татко против силите на Теба, Атина и други грчки сојузници. Битката била убедлива победа за Филип и Македонците.

По точно 123 години од Илинден 1903 и 82 години од АСНОМ, нашиот втор Илинден 1944, сите ние, на различен начин но со иста цел, - да се оддаде почит кон делото на нашите востаници, револуционери, борци кои ги положија своите животи за слобода на нашата татковина Македонија. Колку повеќе се оддалечуваме временски од овој настан, толку поголемо станува неговото значење.
На Мечкин Камен на тоа свето место, останаа коските на илјадниците саможртвеници за најсветиот идеал, за национална слобода и самостојност. Големи беа материјалните и морални жртви кои ги поднесе македонскиот народ во текот на востанието . Во 203 борби што ги воделе востаниците со турскиот аскер зеле учество околу 26 000 востаници и 350 000 турска војска. Околу 150 села, или 9.850 домови, биле делумно или целосно изгорени, околу 58.000 луѓе останаа без домови.Во текот на борбите беа убиени 8.816 луѓе а над 10.000 Македонци емигрирале од Македонија

Истакнатиот револуционерен деец Димо Хаџи Димов рече Македонија го има својот прв Илинден проследуван од крвави дни на разорување и тешки страдања ..таа ќе го има и својот втор Илинден...Земји што имаат народни манифести како Илинден 1903 година – не умираат. Тие манифести стојат погоре од договорите за мир, од политичките шпекулации, од трговијата со народите. Светските историчари го нарекуваа Илинден како некаков оган што гори и ја осветлува цела Македонија. Ирскиот патриот Роџер Кејсмент рекол дека нема видено потрагична историја од онаа на Ирска и на Македонија.
Илинденскиот дух и решеност да се бори за своите права имаа силно влијание за иднината на сите наредни генерации Македонци, тогаш и денес. Македонските генерации со тоа беа обврзани да ги чуваат илинденските традиции , да ги развиваат и прилагодат на нови услови за борба.
Па така,поведен од идејата за слободна држава, и поттикнат од храброста и саможртвувањето на илинденците од 1903, македонскиот народ повторно поведе војна овојпат, против фашистичкиот окупатор. Младата интелигенција во НОБ ја продолжи борбата за слободна Македонија.После четиригодишна војна, успеа да ги оствари соништата на борците од историското Илинденско востание, ВМРО, и безброј други востанија и обиди за слобода. Уште еден значаен ден, уште еден 2-ри август, уште еден светол ден,Илинден но во 1944 година. На 2 Август, 1944 година во манастирот Прохор Пчински со одржувањето на второто заседание на АСНОМ се прогласи за самостојна современа македонска држава.Македонија конечно се здоби со самостојност и слобода
Македонија е земја богата со историја а Илинден е само уште еден повод повеќе за потсетување на македонското мачно минато под турско ропство. 
Ја имаме таа чест и привилегија да го одбележиме празникот Илинден на достоинствен начин како што доликува.

Иако живееме далеку од својата родна земја, ние македонците во Мелбурн сме најубедлива и најсилна врска помеѓу две култури, македонската и австралиската..

Со одбележувањето на македонските национални празници и овде во Австралија имаме можност да се пронајдеме и дефинираме како културна и цврста заедница во австралиското општество.

Оддавајќи им почит на нашите претци, борци за слобода на Македонија, се потсетуваме на нивниот стремеж, јака волја за ослободување од тиранијата и создавање на самостојна држава без ропства и покорување. Нека нивната саможртва ни биде инспирација и поттик за тоа како се чуваат и негуваат националните вредности и како се бори за правото на себедефинирање, духовна и национална слобода зачувување на светиот симбол, вековното име Македонија. Македонија за век!

Повикувајќи се на борбениот дух и стремежот за национална слобода на нашите Илинденци и борци во НОБ , ние, Македонците на сите меридијани на светот треба да останеме верни на нивните заложби и понатаму верно да ја чуваме и браниме нашата заедничка мајка Македонија. Илинден е како сонце кое ги огрева и полни срцата на милиони Македонци ширум светот. Да им оддадеме достојна почит на сите кои ги положија своите животи за слободна Македонија и да не заборавиме на овој светол датум во Македонската историја .

Слава и чест на паднатите борци за слободата на Македонија.


Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

Ensemble of Folk Instruments and Songs "Stefce Stojkovski" - keep Macedonian tradition alive

The Macedonian traditional music and dance seminar, which has my name as a brand, is known on the world music scene, traditional folklore festivals, at the departments of world-famous universities in ethnomusicology, ethnochoreology, musicology, folklore studies and beyond. The need for organizing such a seminar as well as the significance of the existence of such a seminar are enormous for us Macedonians. Namely, through this seminar, which is being organized for the 19th time, the general public is introduced to Macedonian musical traditions, the playing of original and classical instruments, Macedonian songs and dances, the styles and manner of playing, singing and dancing are studied. The seminar is organized for beginners, connoisseurs and more advanced amateur or professional level of participants. The seminar is organized by the members of the ensemble, and the lecturers are prominent and renowned amateurs and professionals in the field of folklore. All visitors who register ar...