Tuesday, February 26, 2013

ЧЕКОРИ ПО СВОЈОТ ПАТ



Треба да се ризикува. Ние навистина го сфаќаме чудото на животот дури откако ќе ни се случи нешто неочекувано.
Секој ден Господ ни дава со утринското сонце, еден миг во кој е можно да се измени сето она што не прави несреќни. Секој ден ние се преправаме дека не сме свесни оти тој миг постои, се однесуваме како божем веруваме дека денешниот ден е сличен на вчерашниот и дека ќе биде сличен на утрешниот. Но, човекот кој со внимание го следи денот во што го живее, го открива волшебниот миг. Тој може да биде скриен во минутите, кога наутро го ставаме клучот на клучалката, во миговите на тишината што настапуваат по вечерата, во илјада и едната дребност што ни се чинат наполно исти. Но тој миг постои. Тоа е миг во кој сета моќ на ѕвездите минува низ нас и ни овозможува да сториме чуда. ..
СРЕЌАТА понекогаш е благослов – но најчесто е освојување. Волшебниот миг на денот ни помага да се измениме, не тера да тргнеме во потрага по нашите сништа. Ќе страдаме, ќе чекориме по патиштата послани со трње, ама сето тоа е привремено и не остава траги. А подоцна, со гордост и со верба, ќе можеме да се свртиме и да погледнеме зад себе. ...
НЕСРЕЌЕН е оној кој не се осмелил да ризикува. Можеби тој никогаш нема да доживее разочарувања, нема да остане без своите илузии, нема да страда како оние кои пред себе имаат сон што го следат. Но кога ќе погледне зад себе (зошто ќе дојде тоа време кога секој од нас ќе погледне зад себе) ќе го слушне своето СРЦЕ како му вели:
- " Што ли направи со чудата со кои Господ ги посеа твоите дни? Што стори со дарбите кои Творецот ти ги довери? Ги закопа во длабока дупка, зошто се плашеше да не ги загубиш. И сега само уште тоа ти преостанува: Сознанието дека ЗАЛУДНО СИ ГО ЖИВЕЕЛ СВОЈОТ ЖИВОТ... "
Тешко на оној што ќе ги слушне овие зборови. Дури тогаш ќе поверува во чуда, само што волшебните мигови на ЖИВОТОТ веќе ќе бидат минато......


 Извадок  од " Крај реката Педра седев и плачев " - Паоло Коелјо

Пауло Коелјо е португалски писател,роден на 24 август 1947 година во Рио де Жанеиро. Тој посетувал језуитско (католичко) училиште. Како тинејџер, Коелјо имал голема желба да стане писател. Откако тоа и го рекол ова на својата мајка, таа му одговорила „Татко ти е инженер, логичен и разумен човек со многу јасен поглед за светот. Дали ти воопшто знаеш, што значи да си писател?“ Барајки одговор Коелјо заклучил дека „писателите секогаш носат очила и никогаш не ја чешлаат косата“ и дека меѓу другото „нивна должност и обврска е никогаш да не бидат разбрани од сопствената генерација“. Кога имал 17 години, поради неговото спротивставување на традиционалниот начин на живот, неговите родители го испратиле во ментална институција, од каде побегнал 3 пати пред да биде ослободен на 20 годишна возраст. За тоа искуство рекол „Не дека тие сакаа да ме повредат, туку не знаеа што да направат... Тие не го направија тоа за да ме уништат, туку за да ме спасат“.

Во 1986 година, Коелјо го изодел патот до Сантијаго долг повеЌе од 500 милји во северо-западна Шпанија, што всушност претставувало пресвртница во неговиот живот. За време на тој пат Коелјо доживеал духовно будење, кое автобиографски го опишал во делото АџилакотКоелјо има издадено 26 книги.

Цитати (позајмено од crnobelo.com)


"Човекот има два големи проблема: Едниот е да знае кога да почне, а вториот кога да запре"
"Кога ќе посакаш нешто, целата вселена ќе скрои заговор за да ти се исполни таа желба..."
"Постојам само јас, а се околу мене е моја претстава"
"Обиди се да живееш. Спомените претставуваат задоволство на остарените."
"Оној кој е способен да господари со своето срце, тој може да го освои светот."
“Универзумот секогаш ни помага да се бориме за нашите сништа, без оглед колку глупави ни се чинат. Бидејќи тоа се наши сништа, и само ние знаеме колку скапо не чинело што сме ги сонувале."
"Луѓето секогаш имаат услови да го направат она за што сонуваат."
"Во животот сè си има своја цена."
"Се љуби затоа што се љуби. Не постои причина поради која се љуби."
"Најмрачниот миг настапува спроти самото изгрејсонце."

"Кога пред нос имаме големи богатства,никогаш не ги забележуваме. Затоа што луѓето не веруваат во богатства."

"Tоа што очите не го гледаат, срцето не го чувствува"
“Тајната на среќата се состои во тоа да ги набљудуваш сите чуда на овој свет, ама никогаш да не ги заборавиш двете капки масло во лажичката.“
“Не е зло она што влегува во човековата уста, туку зло е она што излегува од неа.“
“Во определен миг на нашето постоење,ја губиме контролата над сопствениот живот и и се припуштаме на судбината. Ете тоа е најголемата лага на светот.”
“На светот секогаш постои една личност која ја чека онаа другата,без оглед дали тоа се случува сред некоја пустина или во некој голем град. И кога ќе се сретнат тие личности и ќе се вкрстат нивните погледи,сето минато и сета иднина го губат секое значење и постои само тој миг и таа неверојатна сигурност дека сите нешта под Сонцето ги има испишано само една Рака. Рака која ја буди љубовта и која создала една душа близнак за секоја личност што работи,што се одмора и што бара богатство под сонцето. Зашто без тоа ниту еден сон на човековата раса нема да има смисла.“



Wednesday, January 30, 2013

АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ ЈА ИЗМИСЛИЛ ВОЈНАТА

Простиот народ кажува и верува дека војните првин биле пронајдени од Александар Велики Македонски. Кога тој шетал по море одејќи во некој друг непознат свет, за да најде и нацрпи “бесмртна вода“, за да се напие, та да не умира никогаш, кога видел во морето како се бијат рибарите меуѓу себе, како во војна намислил и тој да го направи истото, па кога дошол во своето царство, прв ја измислил војната во овој свет.

Македонска легенда

Saturday, December 22, 2012

ПРИСТИГНА ПОМОШ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО



Проектот “Македонска новогодишна приказна“ како дел од кампањата за поттик на младите од македонско потекло да го изучуваат македонскиот јазик во Австралија, беше поддржан и од Агенцијата за иселеништво на Р. Македонија. За таа цел беа пратени неколку пакети со книги и двд “Чудесната земја Македонија“ кои деновиве пристигнаа во Австралија. Од особена значајност е да го негуваме и чуваме јазикот каде и да сме. Тоа е наше основно обележје како посебна нација и треба да се работи на негово афирмирање и посебен статус во средините каде има можност да се развива.Голема благодарност до Агенцијата за иселеништво за нивната поддршка и следење на нашите активности во Австралија.






Gordana Dimovska

Wednesday, December 19, 2012

ЗА СВЕТИ НИКОЛА

Какo заштитник на Бoжјата вистина, oвoј прeкрасeн свeтитeл бил сeкoгаш иoдважeн заштитник на правдата пoмeѓу луѓeтo. Двапати спасил пo трoјца луѓe oд нeзаслужeна смртна казна. Милoстив, вистинит, правдoљубив, тoј oдeл пoмeѓу луѓeтo какo ангeл Бoжји.
Св. Мeтoдиј, патријарх Цариградски, пишува: “Eдна нoќ св.Никoлај Гo видeл нашиoт Спаситeл вo слава кадe штo стoи близу дo нeгo и му гo пoдава Eвангeлиeтo, украсeнo сo златo и сo бисeри, а oд другата страна ја видeл Бoгoрoдица, кoја на рамeњата му гo ставала архијeрeјскиoт omofor тoа гo oзначува призивoт на св. Никoлај кoн архиeрeјската служба, Милoстив, мудар, бeстрашeн, св. Никoлај бил вистински дoбар пастир на свoeтo стадo. Вeднаш пoтoа сo чудна Бoжја прoмисла бил избран за архиeпискoп на градoт Мир вo Ликија.Вo врeметo на гoнeњeтo на христијанитe пoд Диoклeцијан и Максимијан, бил фрлeн вo затвoр, нo и таму ги пoучувал луѓeтo на закoнoт Бoжји. Присуствувал и на всeлeнски сoбoр вo Никeја и oд гoлeма рeвнoст кoн вистината се борел против нововерецот- eрeтикoт Ариј. Нe мoжeјќи сo причини да ја сoпрe бeзумнoста на Ариј вo хулeњeтo на Синoт Бoжји и на Нeгoвата Прeчиста Мајка, св. Никoлај сo рака гo удрил Арија пo лицeтo. Св. Oтци на сoбoрoт, нeгoдувајќи заради ваквата пoстапка, гo oдлачилe Никoлаја oд сoбoрoт и му ги oдзeлe ситe архиeрeјски oдличија. Вo таа иста нoќ, се случило чудо, милост Божја, нeкoлкумина свeти Oтци видeлe иста визија: какo oкoлу св. Никoлај стoјат oд eдната страна Гoспoд Спаситeлoт сo Eвангeлиe, а oд другата страна Прeсвeта Бoгoрoдица сo oмoфoр, пoдавајќи му ги на свeтитeлoт oдзeмeнитe oдличија на архијeрeјствoтo. Кoга гo видeлe oва,Oтцитe сe вчудoвидeлe и брзo му гo вратилe на Никoлаја oна штo му гo oдзeлe и пoчналe да гo пoчитуваат какo гoлeм Бoжји угoдник и нeгoвата пoстапка кoн Арија да ја тoлкуваат, нe какo дeлo на бeспричински гнeв, туку какo израз на гoлeмата рeвнoст за вистината Бoжја.

Какo заштитник на Бoжјата вистина, oвoј прeкрасeн свeтитeл бил сeкoгаш и oдважeн заштитник на правдата пoмeѓу луѓeтo. Двапати спасил пo трoјца луѓe oд нeзаслужeна смртна казна. Милoстив, вистинит, правдoљубив, тoј oдeл пoмeѓу луѓeтo какo ангeл Бoжји. Уштe за нeгoвиoт живoт луѓeтo гo смeталe за свeтитeл и гo пoвикувалe на пoмoш вo макитe и вo бeдитe; и тoј сe јавувал, вo сoн и најавe на oниe кoи гo пoвикувалe, пoдeднаквo лeснo и брзo вo близина и надалeку и им пoмагал. Oд нeгoвoтo лицe сјаeла свeтлина какo oд лицeтo на Мoјсeј и тoј сo самата свoја пoјава дoнeсувал утeха, тишина и дoбра вoлја пoмeѓу луѓeтo. Вo старoста малку бoлeдувал и сe упoкoил вo Гoспoда, мнoгутрудeн и мнoгуплoдeн, вeчнo да сe вeсeли вo нeбeснoтo царствo, прoдoлжувајќи сo чудата на зeмјата да им пoмага на вeрницитe и да гo прoславува свoјoт Бoг. Сe упoкoил на 6 дeкeмври 343 гoдина.

Да му благодариме на Бога што ни дал ваков светол пример како што е Св.Никола, незлоблив, кроток, мирен, милостив, сожалив, помошник на бедните, натажените, болните, патниците виситнски чудотворец, светило на православието.

Нека е честито и од Бога благословено вие кои го носите името на Св.Никола и го прославувате као именден и домашана слава. За многу години.



Saturday, December 15, 2012

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е НАШ ДОЛГ


Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зошто е наш, исто како што е наша татковината. Еден народ што го изгубил својот јазик, личи на човек кој го изгубил патот и не знае ни каде оди, ни кој е!- Крсте Мисирков
Македонскиот јазик зазема посебно место во мултиетничка Австралија. Повеќе од 30 години е вклучен во програмите на некои редовни училишта и секако во програмата на Викториското саботно училиште.

Во текот на учебната година  наставниците  вложуваат голем труд во организирање на занимливи лекции и активности за да го подобрат квалитетот на наставната програма.  Со цел да  поттикнеме што поголем број на деца да го изучуваат македонскиот јазик, ја организиравме и едукативната програма, “Македонска Новогодишна приказна“. Многу сме радосни што оваа година имавме  масовен одзив на пријавени деца од четири годишна возраст па до 18 години. Несомнено голем беше интересот за македонските обичаи (Мира Цаковска), како и активности за Нова година (Весна Дамчевска, Ленче Инџевски) занимливости за Божиќните празници и пишување на новогодишна приказна со Гордана Димовска.
Ова е наш нов чекор кон воведување на нови промени во наставната програма, поттикнување на што поголем број деца да учат Македонски јазик и да им ја пренесеме љубовта кон македонската традиција и обичаи.

Паричката за среќа падна во делот на Клаудија Гроздановска  за што не можеше да ја сокрие радоста.
Овојпат го вклучивме и Дедо Мраз да донесе подароци за вредните ученици. Благодариме Џорџ Стојкоски за неговата успешно завршена работа.
Изразуваме голема благодарност до нашите спонзори, Црквата, Раѓање на Пресвета Богородица, Сиднем, Крис Лангоски,  Доне Димов од Канбера, Kings Fresh burek,медиумите:  Today – Денес, Радио Илинден, Мелбурн, Македонка Засекогаш, сите наши фб пријатели,Вин Фм и  секако родителите кои не поддржуваат во  кампањата за зачувување на македонскиот јазик меѓу најмладите.  За поздравување е и одлуката на Агенцијата за иселеништво на Македонија да ја поддржи нашата едукативна програма.

И на крајот апелираме  до сите Македонци , да ги запишат своите деца во најблиските училишта. Тоа можат да го сторат на веб страницата www.vsl.vic.edu.au. Новата учебна година започнува на 9 февруари.
Организатори: Весна Дамчевска, Мира Цаковска и Гордана Димовска
 
Во прилог
Новогодишна приказна
ПОДАРОК
(Автор: Гордана Димовска)
И пак тоа време од годината кога сите луѓе наоколу се радосни и очекуваат нешто посебно да им се случи. Јас седам сам во мојата соба и размислувам за тоа што би можел да направам за оваа година да ми биде посебна и различна од другите. Се мислам и гледам низ прозорецот. А дома веќе моите родители го декорираат новогодишното дрво. Да, пак така. Се исто како и лани. Сестра ми Ленче има пет години и едвај чека да ги стави лампионите на елката. Премногу е возбудена. Баба  ми и дедо ми само што не дошле. Тие исто така ни носат подароци и спремаат убави јадења за новогодишната ноќ.
Уште се сеќавам на книгата која ја прочитав за волшебната приказна. За двете кутии, црна и бела, за празната кутија исполнета со бакнежи кои таткото не можеше да ги види но кога дозна за тоа од неговата петгодишна ќерка, ја чуваше кутијата како најскапоцен подарок во неговиот живот.
Ех кога би можел и јас нешто да смислам!
Во мислите ми беше и незаборавниот престој во Македонија. Се навратив за момент и таму, и посакав да се најдам во снежните убавини на Битола. Но тоа беше само желба. Токму така, желба. Но што со нашите желби и копнежи? 
И започнав да работам на мојот специјален новогодишен подарок. Ги спаковав во една црвена кутија и возбуден истрчав кај моите да им го предадам. Еве , отворете, внатре има подароци за сите вас.
Татко ми го зеде жолтото ливче, на него пишуваше – оствари една желба.
Мајка ми го зеде црвеното – на него  пишуваше – подари среќа.
Баба ми и дедо ми го зедоја – белото на кое пишуваше – надеж.
А за сестра ми остана зеленото на кое напишав – не заборавај на Македонија.
Тоа беа подароци со кои во наредната година ќе некој треба да се остварат вистински желби, со  надеж за подобра и посреќна иднина. Но никогаш не заборавај на  Македонија.
Гордана Димовска
 
 

 

 



























СЕЌАВАЊЕ

Песна за Благоја Нешковски
Во една ноемвриска ноќ
млитава ноќ
еден бел гулаб
излета без никаков шум
се изгуби во ѕвездените далечини
Мајка во црнила се зави
прокапеја солзи тешки
и издишки за таксири неми
заредија сестри желби празни
се скамени татко
срцето тешкотија капе..
Оптичари
останаа да чмае
некаде во Пелагониската празнина
а во Порт Кембла
под оџаците
на замаглениот Стил Ворк
се спушти последната завеса
и остана да сонува
за македонскиот Шекспир

Oд книгата на Душан Ристевски
Украдени мисли/Stolen thoughts

Благоја Нешковски (Оптичари, 1964 - 24 ноември 1989), истакнат македонски режисер и писател. Најголемиот дел од својот живот го поминал во Австралија каде што работел и на меѓународната афирмација на националната самобитност на македонскиот народ.

Saturday, December 1, 2012

НАРОДНИ ПОГОВОРКИ


Арниот јунак дома не умира

Арно братство помило од богатство.

Болеста лесно доаѓа, а лесно не си оде.
 

Без слобода ко риба без вода

Викај по волкот дури не влегол во булукот.

Водата се може да измие, само лошио јазик не може.

Во секое село треба да имаш по еден пријател

Далеку оди, ама и за дома мисли.

Да немаше темница, ич не ќе ни беше мила виделината

Да растуреш е лесно, а да направиш е мачно.

Два лешника еден орев кршат.

Два пати помисли, еднаш прозборуј.

Добрината со добрина се плаќа.

Добри пријатели и од браќа се помили.

Ѕид без малечки камчиња, не стоит,

Јунак без рана , не бива.

Книгата дно нема

 


Gordana Dimovska

ЛЕГЕНДА ЗА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

"Од што се страшиш и се плашиш, тоа ќе те најди“
Местото кај што е денеска Охрицкото Езеро во старо време било поле со најубави ливаѓе.
Близу до градот Орид имало едно изворче, многу длабоко и напраено како бунар со капак одозгора, да се заклопува како некоја кутија, што да нема влакно од кај да излези, нити да влезе внатре. Градо Орид бил како некое село и бидејќи немало во градот ни чешма, ни па бунар си лееле вода од изворчето, требало убао да го затвори капако. Не оти за да стои чис изворо, ами еден насиет, што му бил оставен на жените и на мажите од дедо – предедо, да го затворат изворот, оти , ако не го затворат, ќе избрзни водата и ќе му го удаи сето поле, можеби и селото. Знаејќи оричани тој стар насиет, со голем мукает го отворале и го затворале изворот, чунки сите верувале оти, ако го остаат отворен капако, ќе избрзни водата, и за вистина тоа и нашло. Од што се страшиш и се плашиш, тоа тоа ќе те најди – што рекле старите, да тоа и нашло и комшиите наши оричани. Се нашла една глупаа невеста што си залеала една вечер вода и од мрза, али од будалштина незина, не го затворила изворот со капакот. Штом се нашол изворот од устината надвор, та си текол , текол целата ноќ и се исполнило сето поле: станало цело блато. Кога се обзорило, отишле жени да си леат вода и што да видат  - сето поле се удаило во водата од изворчето. И не могле веќе да се приберат да си залеат од изворчето вода, ами си залеале открај. Бараа, тражија која беше таа жена што го остаи изворчето отворено, и ја нашле која невеста била, ама што да напраат, олди битти, тоа веќе се стори и не можело да се отстори. Од ден на ден растела водата, растела, дури се сторило цело езеро, како што го гледаме и денеска што е најголемо – Охридско езеро.

Марко Цепенков


Gordana Dimovska

Sunday, November 4, 2012

ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО, БИТОЛА

4 ноември 1944 година, по четиригодишна окупација македонските борци го ослободија градот Битола.










На Тодор Ангелевски

На сред село збрани
пред митралез стојат селаните, испраени!
А децата
што наивност в очи им блика, наредени
како пред жртвеник чекаат
Наоколу тишина...
Сал мисла, ко птица низ секого мине, скришна:
“Дали ќе го најдат?“
Секој од камен понем станал!
Ни плач! Ни лелек! Ни писок најмал!
Сал чкртање заби во крвничка уста и,кундак по плеќи
Пак тишина!!!
...Негаде ѕвонец заѕвони :
Некоја порта со сила се отвори.
То крвникот - предавник - не почива миг,
И ко хиена штом смириса крв,
Се приближува полека, полека, но не прв!
Обрачот се повеќе стега...
Тишината намирисала бура па чека.
Одеднаш пукот, два...
Некаде заечи митралез и, борбата пламна.
Бој нерамен беше.
Тој сам !
Ко карпа пред сите стоеше!
Пресудата гласеше :СМРТ !
Но, сам тој судија стана на животот свој
и крвникот останал пак со празни раце тој!
На сред село збрани,
со гордост во очите стојат селаните исправени,
наивноста избегала од очите насолзени.
-----------------------------------------------------------------------------
извор:објавена во списанието на Литературната дружина
во О.У.“Тодор Ангелески“- во учебната “59-“60 год.стр.17
During the World War II (1941-1945), the Germans and later Bulgarians took control of the city. But in September 1944, Bulgaria switched sides in the war and withdrew from Yugoslavia, and Bitola was freed by Macedonian solders. On 4 November, the 7th Macedonian Liberation Brigade entered Bitola victoriously.


Егејска бригада низ градот Битола

Tuesday, October 30, 2012

ИМЕ МАКЕДОНСКО

Господ земјата ја направи
Име наше македонско нам ни подари
Македонија рајска градина
Секој ми сака тој да ја има

Господ земјата ја направи 
име наше македонско нам ни подари
Македонија рајска градина
Секој ми сака
Тој да ја има

Еј вие Грци, пукнете од мака
Македонско знаме не е за ваша рака
Прајте што ќе прајте
Торби си дигајте
Надвор од Македонија вие си бегајте!

Ѓорѓи Стојкоски
Мелбурн

Thursday, September 20, 2012

ЗА МАКЕДОНИЈА СО ЉУБОВ

Во низата свечености по повод 8-ми септември, Денот на независноста на Македонија, се вклучија и училиштата од Викториското училиште за јазици. Како што е познато, македонскиот јазик е вклучен во програмата на државното училиште во раните седумдесетти години и во многу го подобрува културниот имиџ на бројната македонска дијаспора. Во еден од поголемите училишни центри во Keilor Downs college, и оваа година наставничкиот колегиум припреми специјална приредба под мотото За Македонија со љубов. Целта беше да преку изведбите на македонски јазик, се испрати порака во светот дека и најмладите во Австралија го чуваат и негуваат македонскиот јазик . Во овогодишната програма се опфатија теми од македонското минато, легенди, народното творештво и родољубивата поезија. На крајот учениците ги изненадија присутните и со сопствена кореографија на орото Водарки . На приредбата гостуваше и пратеникот на Македонската дијаспора од Австралија, Г-днот Мики Додевски кој ги им се обрати на присутните родители, ученици и наставници. Додевски ги охрабри напорите за зачувување на македонскиот јазик во Австралија. Се надеваме дека македонската заедница во иднина ќе посвети поголемо внимание на задржување на јазикот во државните австралиски училишта. Оваа година неколку наставници работаат со по десетина деца во клас што е предупредувачки сигнал за драстично намалување на бројот на ученици. Се надеваме дека в година нема да го имаме истиот проблем и нема да се изгуби програмата која опстојува со години. Со овие зборови ученичката Ана Цаковска го започна уводниот дел од програмата: Оваа приредба ја организиравме во чест на големиот државен празник на Р. Македонија, 8-ми септември,- Денот на независноста. Овој празник ја означува независноста, сувереноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ. Точно на овој ден, пред 21 (дваесет и една) година , Македонија зачекори по патот на независноста, надвор од југословенската федерација. Македонскиот народ со голема радост го прославуваше овој ден во сите градови на Македонија. Овој празник има посебно значење за сите Македонци. На овој ден Македонија започна да го гради патот кон нови успеси и остварување на историската цел. Ние, учениците од ова училиште имаме можност да го изучуваме македонскиот јазик и на тој начин дознаваме повеќе за Македонија. Исто така се зголемува и нашиот интерес и љубов кон земјата на нашите родители, баби и дедовци. Затоа денес, решивме да настапиме под мотото “ Со љубов за Македонија.“ Преку рецитирањето на поеми , драмски изведби и фолклор, ќе го искажеме нашето познавање на јазикот, нашата креативност. Со оваа приредба на наш начин, ние ќе го означиме овој празник и ќе изразиме почит кон сите борци кои ги дадоја животите за Македонија. Заради нив, ние денес се гордееме со нашето потекло, со убавиот македонски јазик, историја, култура и традиција. Гордана Димовска

Sunday, September 16, 2012

Македонија, лулка на писменоста

Пишува: Ванѓелко Лозаноски

Старомакедонскиот или античкиот македонски јазик е јазикот на античките Македонци. На овој палеобалкански јазик зборувало населението во Античка Македонија во текот на првиот милениум пред Христа. Иако нема многу сочувани текстови за овој јазик, сепак постојат доволно докази кои го потврдуваат неговото потекло. Тој е пронајден на монети, на лексиконот на Хесихир Александриски (5. Век), кој содржи околу 700 зборови и имиња.

 Научниците од Македонија и светот приврзаниците на македонистиката дефинитивно им зададоа удар на сите оние кои мислеа и се бореа да докажат дека античките Македонци биле неписмени. Напротив се докажа спротивното дека Македонија од пред нашата ера е извор на писмо,просвета и култура. Таа како цивилизирана земја и најстара држава во Европа, основана по сите норми,белези и карактеристики на цврста држава со своја иторија, традиција, култура јазик. Со цврсти државни иституции и со своите оберазовни кадри зрачи зз описменување и прсветување на народите Европа и светот. Затоа многу научници поткрепени со историски факти ја нарекуваат Македонија просветителска земја.
Писмената традиција на античките Македонци има далечни корени од пред 5000 г. пр.н.е., и претставува голем допринос за светската културна ризница. Таа даде успешни резултати како за развој на просветата и културата, така и за прераснување на Македонија во една од земјите со најстара цивилизација во Европа и во најзабелижителните земји во светот. Затоа не случајно Македонија е прва основана држава во Европа од чии про светителски кадри се напојуваше не само словенскиот свет, туку и другите народи на Европа и Азија.
Врз развојниот процес и континуитет на античкото македонско писмо се основани и двете гласовни азбуки: кирилицата и глаголицата. Писмото од античка Македонија во поглед на неговиот развој минало низ неколку фази, од гравири, пиктографско писмо, кон сонантно, слоговно до гласовно писмо.
Античките Македонци својата писмена комуникација ја почнале со гравири -први никулци на писменоста во светот. Древното македонско писмо можеме да го за бе-лежиме и денес по карпите и пеште рите,низ планинските предели во Македо-
нија, во Охридско, Кичевско, Мариовско,Битолско, Прилепско итн. Д-р Душко Алексовски пишува дека е пријатно изненаден кога открил гравирно писмо во кумановските села, Добрача, Стрновец, Пузаљка во местото Рид, а исто така, и во Кратовско во селото Крилатица, каде открил гравирно писмо во вид на кудела (бог на домашната ракотворба). Од двете страни на долниот дел на куделата се изгравирани две сонца со текст. Гравирани сончеви симболи откриени се и во селата Руѓинце и Младо Нагоричане, Кумановско. Во месноста Илин Рид кај селото Опила, Општина Ранковце, се наоѓа прекрасен комплекс од идиоли форми. Во местото Оролов Камен, кај селото Трновец, Кратовско, е откриен идиолиформот божество на плодноста. Над божеството е исклесано и името на божеството кое почнува со буквите Кок, додека последните букви сè уште не се де шифрирани затоа што се многу оштетени. Сета оваа писмена традиција мораме да ја поврземе со Кокино, најстарата опсерваторија во Европа и во најретките цивилизаторски вредности во светот.
КОКИНО низ вековите и денес зрачи со сите белези писмени, културни, уметнички и научни вредности на древните и античките Македонци.Гравирите, според еден од најдобрите познавачи на светската праисторија, Andre Leroy Gouthand, се првите никулци на светската писменост". Македонија низ сите предели е исполнета со изобилие гравири, кои се основа на писмото.
Матријалните уметнички остатоци од Кокино и виз Македонија Охридско, Воденско, Кичевско , Преспанско зборуваат дека Античкото македонско писмо и јазик е забележано на дела од глинената уметност. Тие плочки Македонците ги чувале како скапоцена вредност, а подоцна биле уништувани од освојувачите на Македонија.На глинените предмети македонскитемајстори со вештина и уметност ја илустрираат древно-македонската сцена сомитолошка проблематика, кој оваа уметност ни еден народ на Балканот не ја поседувал.


За тоа дека македонскиот бил различен од старогрчкиот сведочи и обраќањето на Александар кон војсководителот Филота кога  го прашува дали на судењето пред Македонците ќе им се обрати на македонски јазик?
 Филота се оправдува дека таму, покрај Македонци, присутни се и многу други, кои полесно ќе го разберат јазикот со којшто се служи и Александар (тука мисли на старогрчкиот јазик – коине, разбирлив не само за Македонците кои „се служат“ со него иако не им е мајчин јазик туку и за народите во Персија); сепак, Александар го осудува Филота дека се „гнаси од мајчиниот јазик“ и дека е отуѓен и од македонските обичаи и од македонскиот јазик.Сите хеленски и римски автори, всушност, Македонците ги претставуваат како посебен етнос, различен и туѓ наспрема Хелените, со поинаков менталитет, јазик и обичаи. Најчесто Македонците се претставени како „барбари“ и непријатели на Хелените.
 Македонија е едно од најбогатите археолошки наоди на Балканскиот Полуостров.Без нејзините наоди, артефакти, историјата во Европа и светот е некомплетна.


Foto1: Ancient megalithic observatory of Kokino
Foto 2: Ancient Macedonian on Roseta stone

Friday, September 7, 2012

ХИЛМИ ПАША ЗА ВМРО

За ВМРО во интервјуто дадено на парискиот „Ле матин“ (од 27 ноември 1904 година) Хилми-паша изјавил: „Тука веќе осум години е создадена една тајна организација која е разгранета не само во големите градови туку и по селата... Нивното нефаќање и неказнување на нејзиното членство е обезбедено и од фактот што е поддржана од интелигенцијата насекаде во земјата каде што доминира... Фанатизираните револуционери се 10%, најмногу 15%. За жал, ова мало малцинство е составено од мудри и образовани луѓе, кои се наметнуваат со терористички средства.“