Skip to main content

Posts

ЧУДЕСНИОТ ГРАД МЕЛБУРН

Melbourne - the most livable city in the world Распространет по должината на заливот Порт Филип, градот Мелбурн се издвојува како важен индустриски и трговски центар. Препознатлив по најубавите зелени паркови, облакодерите и мултикултурното раздвижување, претставува вистински пример за хармонија меѓу етничките заедници. Наречен град на културата, денес брои 4 милиони жители и е главен град на државата Викторија. Настанал во 1835 година, 45 години после доселувањето на европјаните. Од 1901 до 1920 година беше и главен град на цела Австралија се дури не се изгради Канбера во Северната Територија. Името го доби во 1837 година во чест на британскиот премиер во тоа време, Вилијам Лемб Висконт Мелбурн. Во 1842 година и официјално е прогласен за град од страна на Кралицата Викторија. Во 1850-тите години за време на “златната треска“, Мелбурн се трансформира во еден од најголемите и најбогати градови во светот. Познатиот англиски новинар Џорџ Аугустус Сала бил воодушевен од градот...

ЗА РОДНАТА ЗЕМЈА

Часови минат во очај и тага,  И домот е веќе празен и душата пуста, народот жали и плаче за чедата свои, Една мајка стои крај прозорец и пати не верува дека синот нема да се врати. Остана сама во очај и болка жали за животот кој пребрзо згасна. Тешка грутка в срце ja стега Нема место каде да се бега. Молк, солзи и пак исто кога ли ќе царува мир во светот?

АНТИЧКАТА ШКОЛА ПЕЛА

Пишува: Ванѓелко Лозаноски “Аристотеловите дела, методи и просветителска дејност во Пела ја организираше македонската научна мисла, која го огреа светот .“ Македонската, античката школа Пела, научниците ја премолчуваат, но сепак низ историските извори ни даваат драгоцени податоци за нејзиното успешно работење, од основање, наставата, наставната програма, наставниот кадар, предметите, без поконкретни објаснувањеа. Посебно внимание на античките македонски училиштата и школите им посветува Ангелина Маркус, со посебен осврт на Александриската медицинска школа, која се надоврзува на античката школа Пела, со учебници и наставен кадар од Македонија. Ако не постоеше Македонската античка школа Пела, не можеше да се основа ни Александриската медицинска школа, за која пишува научникот посветен на антиката Ангелина. Таа во втората книга "Македонски древни вредности", зборува за постоењето и работењето на три школи и тоа: МУЗЕУМ, ГИМНАЗИУМ - средно образование и ЛИЦИУМ - виша воена Школ...

ЗА ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА - ЧЕНТО

Методија Андонов - Ченто (17 август 1902 – 24 јули 1957) бил македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Методија Андонов - ЧЕНТО: Политиката не значи ништо друго освен да се биде одговорен спрема сопствениот народ и граѓаните, да ја делиме судбината со обичниот човек и да им излеземе во пресрет на очекувањата на луѓето. Сонцето не обединува а името е наша вековна гордост. Македонци обединете се, само така Македонија ќе има подобра иднина. Ако за вас Македонија е бесперспективна земја,оставете ни ја нас,на нејзиниот народ и неговото управување,па да видите како од неа овој народ може да направи цветна градина. Не треба да веруваме на никого од страна,нивните ветувања се празни, затоа што не подржуваат дури им требаме за да ги остварат сопствените интереси а потоа не забораваат. Никогаш не верував дека и Македонците ќе ме судат. Македонија обединета Вардарска,Пиринска и Егејска ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА - ДА ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИТЕ ...

Занимливости за Александар Македонски

Освоени градови Според биографот на Александар Македонски,Плутарх од Херонеја, Александар   основал   70 градови низ неговата империја. Дури и да е ова претерување, факт е дека Александар изградил повеќе од дваесет градови во целиот свет, од кои најпознати меѓу нив се Александрија во Египет основана во април 331 година пред Христа. Тоа е сега вториот најголем град во Египет. According to Alexander's biographer Plutarch of Chaeronea, Alexander founded as many as 70 cities all over his empire. Even if this is an exaggeration, the fact is that Alexander had built more than twenty cities all over the world, the most famous among them being Alexandria in Egypt founded in April 331 BC. It is the second largest city in present day Egypt.

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТУРЦИЈА ЌЕ УЧАТ МАКЕДОНСКИ

Една од најголемите важности за постоењето на една нација, а се со цел нејзино опстојување е писмото, јазикот. По барање на Турците со македонско потекло по долги години конечно ќе добијат професори по македонски јазик кои ќе ги едуцираат на нашиот мајчин јазик новите генерации кои живеат во Р.Турција. Ова беше голем сон на нашите иселеници,а истиот стана нивна реалност со несебичното залагање на амбасадорот на Р.Македонија, Неговата Екселениција,Горан Тасковски и големата поддршка на Премиерот на Р.Македонија Никола Груевски кој ужива голем респект кај нашите иселеници.Ова е голем успех за нашата земја зошто Македонија е до таму до каде се слуша и пишува македонски. Јазикот претставува лична карта на Македонија преку која се спознава значењето на националната свест и култура.  Македонскиот јазик е кодифициран врз основа на нашата писмена традиција низ вековите. Македонскиот јазик е јазик на милиони Македонци, кои живеат во својата татковина но и во иселеништво. Овој проект...

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ - ВОИН, ВОДАЧ И УЧИТЕЛ

Пишува:Ванѓелко Лозаноски Тhe Macedonian Empire built by Alexander the Great is the one of the greatest empires ever built by man! Средбата на Аристотел со младиот Александар се прикажува како „еден од најголемите моменти во историјата на човештвото.”Аристотел овозможил да Александар стане: генијален, херојски настроен војсководец и обединител на Азија и Европа. А Аристотел несомнено прераснал  во генијален филозоф, со научна мисла .  Во малото место Миези, во внатрешноста на Македонија, во градот Нимфеон, идниот крал и неговите другари врсници биле воспитувани во хеленски дух. Аристотел не сметал дека на идниот владетел му е потребна посебна настава која практично би го подготвувала за должноста која го чекала. На часовите по гимнастички вежби, јавање, лов и игри се надоврзале со поезијата, ораторство, географија, историја. геометрија, астрономија, реторика и еристика.