Skip to main content

Posts

ЗА МАКЕДОНИЈА СО ЉУБОВ

Во низата свечености по повод 8-ми септември, Денот на независноста на Македонија, се вклучија и училиштата од Викториското училиште за јазици. Како што е познато, македонскиот јазик е вклучен во програмата на државното училиште во раните седумдесетти години и во многу го подобрува културниот имиџ на бројната македонска дијаспора. Во еден од поголемите училишни центри во Keilor Downs college, и оваа година наставничкиот колегиум припреми специјална приредба под мотото За Македонија со љубов. Целта беше да преку изведбите на македонски јазик, се испрати порака во светот дека и најмладите во Австралија го чуваат и негуваат македонскиот јазик . Во овогодишната програма се опфатија теми од македонското минато, легенди, народното творештво и родољубивата поезија. На крајот учениците ги изненадија присутните и со сопствена кореографија на орото Водарки . На приредбата гостуваше и пратеникот на Македонската дијаспора од Австралија, Г-днот Мики Додевски кој ги им се обрати на присутните роди...

Македонија, лулка на писменоста

Пишува: Ванѓелко Лозаноски Старомакедонскиот или античкиот македонски јазик е јазикот на античките Македонци. На овој палеобалкански јазик зборувало населението во Античка Македонија во текот на првиот милениум пред Христа. Иако нема многу сочувани текстови за овој јазик, сепак постојат доволно докази кои го потврдуваат неговото потекло. Тој е пронајден на монети, на лексиконот на Хесихир Александриски (5. Век), кој содржи околу 700 зборови и имиња.  Научниците од Македонија и светот приврзаниците на македонистиката дефинитивно им зададоа удар на сите оние кои мислеа и се бореа да докажат дека античките Македонци биле неписмени. Напротив се докажа спротивното дека Македонија од пред нашата ера е извор на писмо,просвета и култура. Таа како цивилизирана земја и најстара држава во Европа, основана по сите норми,белези и карактеристики на цврста држава со своја иторија, традиција, култура јазик. Со цврсти државни иституции и со своите оберазовни кадри зрачи зз описменување и прсве...

ХИЛМИ ПАША ЗА ВМРО

За ВМРО во интервјуто дадено на парискиот „Ле матин“ (од 27 ноември 1904 година) Хилми-паша изјавил: „Тука веќе осум години е создадена една тајна организација која е разгранета не само во големите градови туку и по селата... Нивното нефаќање и неказнување на нејзиното членство е обезбедено и од фактот што е поддржана од интелигенцијата насекаде во земјата каде што доминира... Фанатизираните револуционери се 10%, најмногу 15%. За жал, ова мало малцинство е составено од мудри и образовани луѓе, кои се наметнуваат со терористички средства.“

ЧУДЕСНИОТ ГРАД МЕЛБУРН

Melbourne - the most livable city in the world Распространет по должината на заливот Порт Филип, градот Мелбурн се издвојува како важен индустриски и трговски центар. Препознатлив по најубавите зелени паркови, облакодерите и мултикултурното раздвижување, претставува вистински пример за хармонија меѓу етничките заедници. Наречен град на културата, денес брои 4 милиони жители и е главен град на државата Викторија. Настанал во 1835 година, 45 години после доселувањето на европјаните. Од 1901 до 1920 година беше и главен град на цела Австралија се дури не се изгради Канбера во Северната Територија. Името го доби во 1837 година во чест на британскиот премиер во тоа време, Вилијам Лемб Висконт Мелбурн. Во 1842 година и официјално е прогласен за град од страна на Кралицата Викторија. Во 1850-тите години за време на “златната треска“, Мелбурн се трансформира во еден од најголемите и најбогати градови во светот. Познатиот англиски новинар Џорџ Аугустус Сала бил воодушевен од градот...

ЗА РОДНАТА ЗЕМЈА

Часови минат во очај и тага,  И домот е веќе празен и душата пуста, народот жали и плаче за чедата свои, Една мајка стои крај прозорец и пати не верува дека синот нема да се врати. Остана сама во очај и болка жали за животот кој пребрзо згасна. Тешка грутка в срце ja стега Нема место каде да се бега. Молк, солзи и пак исто кога ли ќе царува мир во светот?

АНТИЧКАТА ШКОЛА ПЕЛА

Пишува: Ванѓелко Лозаноски “Аристотеловите дела, методи и просветителска дејност во Пела ја организираше македонската научна мисла, која го огреа светот .“ Македонската, античката школа Пела, научниците ја премолчуваат, но сепак низ историските извори ни даваат драгоцени податоци за нејзиното успешно работење, од основање, наставата, наставната програма, наставниот кадар, предметите, без поконкретни објаснувањеа. Посебно внимание на античките македонски училиштата и школите им посветува Ангелина Маркус, со посебен осврт на Александриската медицинска школа, која се надоврзува на античката школа Пела, со учебници и наставен кадар од Македонија. Ако не постоеше Македонската античка школа Пела, не можеше да се основа ни Александриската медицинска школа, за која пишува научникот посветен на антиката Ангелина. Таа во втората книга "Македонски древни вредности", зборува за постоењето и работењето на три школи и тоа: МУЗЕУМ, ГИМНАЗИУМ - средно образование и ЛИЦИУМ - виша воена Школ...

ЗА ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА - ЧЕНТО

Методија Андонов - Ченто (17 август 1902 – 24 јули 1957) бил македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Методија Андонов - ЧЕНТО: Политиката не значи ништо друго освен да се биде одговорен спрема сопствениот народ и граѓаните, да ја делиме судбината со обичниот човек и да им излеземе во пресрет на очекувањата на луѓето. Сонцето не обединува а името е наша вековна гордост. Македонци обединете се, само така Македонија ќе има подобра иднина. Ако за вас Македонија е бесперспективна земја,оставете ни ја нас,на нејзиниот народ и неговото управување,па да видите како од неа овој народ може да направи цветна градина. Не треба да веруваме на никого од страна,нивните ветувања се празни, затоа што не подржуваат дури им требаме за да ги остварат сопствените интереси а потоа не забораваат. Никогаш не верував дека и Македонците ќе ме судат. Македонија обединета Вардарска,Пиринска и Егејска ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА - ДА ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИТЕ ...