Skip to main content

Posts

ВО ЧЕСТ НА ДЕНОТ НА ИЗДАВАЊЕТО НА КНИГАТА "ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ"

Денес (25.12.2017) Љубители на литература, култура и наука „Свети Висарион“-Демир Хисар , во училиштето „Свети Кирил и Методиј“ - Бучин, имаше предавање на тема"Делото на Крсте Мисирков и заветот на Блаше Конески, за македонскиот јазик“ со професорот  Ванѓелко Лозаноски. На овој значаен настан, одбележување на годишнина од издавањетон на книгата "За македонцките работи" беше претставен и најновиот романот „ Љубов и завет низ виорите " од  Гордана Димовска  и  Ване Лозаноски - промотор  Анита Диманоска  која прочита фрагменти од книгата.

ЖИВИ ОЧИ

Стар длабок бунар ѕидан од македонски камен пишти со вресок и клокоти пливнат со живи очи што нè чекаат нас, ослепените Македонци. Да црпнеме со дланка и барем по едно око од него да извадиме за јасно да прогледаме, да видиме што сторивме и колку пред Бога згрешивме. Да не си го видиме небото со сенки пред сонцето и со разлеано виножито. Да не си ги видиме нивите од туѓи плугови изорани со бразди спремни за семе донесено од туѓи расадници. Да не си ги видиме ливадите со нашите цветови свенати

ПОД ЕДНО СОНЦЕ

Автор: Гордана Димовска Шумолат, шепотат брезите крај стариот пат, Никако да запрат Пожолтеле но сјаат како златни одблесоци на сонцето зад ридот. А тоа срамежливо излегува и блеска Со бои црвени и жолти есенска слика бои, И знае дека секој со радост го чека. Минувачи минат, итаат, брзаат секој по свој пат Лица радосни, лица тажни, загрижени, ведри животни приказни кажуваат, протекуваат како река Река кoja де тече, де застанува Де жубори и сјае под силното сонце Де молкне и се губи во тишината силна.

ММД "НИКОЛА КАРЕВ" СО ИМПРЕСИВЕН ПРЕЗЕНТАЦИОНЕН БАЛ И КОНЦЕРТ

 ММД ” Никола Карев" , го одржа презентациониот бал н а 16 декември в о просториите на  Ferraro Reception. Одбележувањето на достигнувањата, макотрпната работа през годината беше наградена со доделување на  пехари на играорците од сите три групи. Вечерта ја отвори и ги поздрави присутните, претседателот на друштвото Аце Петровски кој истовремено посочи на фактот што ова друштво од самото формирање па до ден денес, означувајќи 40 годишне јубилеј, неуморно работи и е верен амбасадор на македонскиот фолклор, песна и оро.  

ПОЕМА

И немаше ништо да те одврати Постана бунтовник во кошмарен сон а чувствата  како стари избледени конци... се кинат и ти го олеснуваат патот ти стануваш ненадајно и си одиш... Ги остави боите и четката со која знаеше и да сликаш во прашината остана поема започната но недовршена зборовите испрекинати плачат и дење и ноќе довикуваат да се вратиш како птица во своето гнездо да се свиеш и стоплиш да насликаш нови бои да го отвориш срцето кога умот друг пат фатил.

САМ

Мои размислувања за животот и осаменоста кои ги споделувам со читателите на МТ - Вера Горгиевска Самиот збор  САМ , се состои од три букви, но тие се тешки колку една голема планина. “Сам“ колку е лесно да се изговори тој збор и на него и околу него да се испреплетуваат вљубени во себе си лирски варијации со својата скапоценост како центар. А навистина колку е тешко, тешко и невозможно да се замисли и целосно да се сфати и со крајни последици да се прими таа самотија. Сам – три букви, коишто се изговараат во еден здив а всушност безброј години и недогледани пространства, пустоши, одрекувања, и стравотии од секаков вид без ниедна светла точка. Не ја сакам самотијата која по себе носи голем број последици, ја ранува душата, многу длабоко, повеќе отколку што се замислува.

ЗА АДРИАН

Посветена на внукот Адриан Чудо од дете, сокол на баба со сродна душа на баба Мило око што насекаде гледа, да стави ред да залее цвеќе да направи она што него среќен го прави. Најомилен дуќан му е Банингс да си купи штрафче да си поправи точак мотор и количе нарочито ги расипува за повторно да ги поправа еден ден ми вели: Овој точак тато сака да го фрли но јас го поправив баба му рече: Браво Адриан мило на баба ти си гениј, иноватор постојано нешто измислуваш, мир во душата немаш.