Sunday, December 17, 2017

ММД "НИКОЛА КАРЕВ" СО ИМПРЕСИВЕН ПРЕЗЕНТАЦИОНЕН БАЛ И КОНЦЕРТ


 ММД ”Никола Карев", го одржа презентациониот бал на 16 декември во просториите на Ferraro Reception. Одбележувањето на достигнувањата, макотрпната работа през годината беше наградена со доделување на пехари на играорците од сите три групи. Вечерта ја отвори и ги поздрави присутните, претседателот на друштвото Аце Петровски кој истовремено посочи на фактот што ова друштво од самото формирање па до ден денес, означувајќи 40 годишне јубилеј, неуморно работи и е верен амбасадор на македонскиот фолклор, песна и оро. 
Исто така значајно за оваа година е тоа што ММД Никола Карев додели специјални признанија на долгогодишните членови : Андријана Стојановска – 20 години, Александра Петровска – 20 години,Сашо Петровски – 18 години, Николче Петровски – 14 години, Стефан Јовановски – 17 години, Александар Јовановски – 18 години, Тони Јовановски  - 22 години
Македонското младинско културно уметничко друштво 
Наградата за доживотен член (life membership) ја доби Гордана Аневска за нејзиниот огромен допринос и долгогодишна работа во друштвото. Ова е петнаесетта личност а прва жена која го доби ова високо заслужено признание во ММД Никола Карев.
Вториот дел од оваа вечер продолжи со распеаниот Дамјан Стојановски во придружба на Соната бенд & Влатко, Мелбурн гајда. Дамјан за првпат гостува во Австралија и со своите гласовни квалитети докажа дека е вистински професионалец и ја воодушеви публиката со изборот на свои песни но и песни од легендата на македонската народна песна, неговиот татко Војо Стојановски.
Прекрасно организирана вечер која беше круна на сите успешни концерти, настапи и презентации одржани во годината што измина како дел од одбележувањето на 40тиот годишен јубилеј на ММД Никола Карев. Честитки до сите играрци, кореографи, родители, управниот одбор, со надеж за уште поуспешни години што следуваат во негувањето на македонското оро и песна.  


A.M.Y.A “Nikola Karev” – celebrated big achievements in style at  Presentation ball
In the beautiful setting of the Ferraro Reception, on the 16th of december, the Australian Macedonian Youth Association "Nikola Karev" held a presentation ball on which the dancers of all three groups were given the special awards for their hard work and incredible achievements during the years.The president of the A.M.Y.A Nikola Karev, Ace Petrovski, welcomed everyone present that evening and pointed out the fact that this association from the very beginning until today, marking 40 years anniversary, works tirelessly and is a faithful ambassador of the Macedonian folklore, song and dance.  A.M.Y.A "Nikola Karev"  awarded special acknowledgments to the long-time members: Andrijana Stojanovska - 20 years, Aleksandra Petrovska - 20 years, Sasho Petrovski - 18 years, Nikolche Petrovski - 14 years, Stefan Jovanovski - 17 years, Aleksandar Jovanovski - 18 years, Toni Jovanovski - 22 years old
Gordana Anevska received the Life membership award for her huge contribution and long-term work in the Association. This is a fifteenth person and the first woman who received this highly deserved recognition in  A.M.Y.A "Nikola Karev".
In the second part of this evening was the audience enjoyed the concert by the singer from Macedonia, Damjan Stojanovski, accompanied by the Sonata band & Vlatko Melbourne bagpipes. On this first concert in Australia Damjan showed his vocal qualities, proved that he is a true professional and delighted the audience with the choice of his own songs as well as songs from the legend of the Macedonian folk song, his father Vojo Stojanovski.
 Congratulations to all dancers, choreographers, parents, the committee of management, hoping for more successful years to follow and promotion of the macedonian folklore.







Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment