Skip to main content

Posts

МАКЕДОНИЈА

Автор: Нове Богојески Со златни букви врз божји камен име навезено, со свето длето в карпа издлабено, од памтивек  на поколенија пренесувано. Газена,ограбувана, поробувана,разделувана и пак создавана. Од пепелта како феникс изникната, како троскот и пиреј неуништива.

ДА БИДЕШ ЧОВЕК

Автор: Кочо Рацин Да бидеш човек, да имаш топла крв Да мислиш со ум и создаваш со рака Па да си нечие нешто. Низ сиот живот ден и ноќ Болно да венееш покрај челичната машина! Да сонуваш за среќа И да ја создаваш за друг

СКАЗНА

Автор: Кочо Рацин Одел Петре со години аргат пусти по туѓини, одел, 'ргал, аргатуел и работел и робувал по скелиња и палати и по куќи на богати. Не спечалил пусти пари на години млади-стари - се за други тој работел се за други тој се потел -  тој што потта му ја зимал змија в гради му оставил.

ВО ЧЕСТ НА ДЕНОТ НА ИЗДАВАЊЕТО НА КНИГАТА "ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ"

Денес (25.12.2017) Љубители на литература, култура и наука „Свети Висарион“-Демир Хисар , во училиштето „Свети Кирил и Методиј“ - Бучин, имаше предавање на тема"Делото на Крсте Мисирков и заветот на Блаше Конески, за македонскиот јазик“ со професорот  Ванѓелко Лозаноски. На овој значаен настан, одбележување на годишнина од издавањетон на книгата "За македонцките работи" беше претставен и најновиот романот „ Љубов и завет низ виорите " од  Гордана Димовска  и  Ване Лозаноски - промотор  Анита Диманоска  која прочита фрагменти од книгата.

ЖИВИ ОЧИ

Стар длабок бунар ѕидан од македонски камен пишти со вресок и клокоти пливнат со живи очи што нè чекаат нас, ослепените Македонци. Да црпнеме со дланка и барем по едно око од него да извадиме за јасно да прогледаме, да видиме што сторивме и колку пред Бога згрешивме. Да не си го видиме небото со сенки пред сонцето и со разлеано виножито. Да не си ги видиме нивите од туѓи плугови изорани со бразди спремни за семе донесено од туѓи расадници. Да не си ги видиме ливадите со нашите цветови свенати

ПОД ЕДНО СОНЦЕ

Автор: Гордана Димовска Шумолат, шепотат брезите крај стариот пат, Никако да запрат Пожолтеле но сјаат како златни одблесоци на сонцето зад ридот. А тоа срамежливо излегува и блеска Со бои црвени и жолти есенска слика бои, И знае дека секој со радост го чека. Минувачи минат, итаат, брзаат секој по свој пат Лица радосни, лица тажни, загрижени, ведри животни приказни кажуваат, протекуваат како река Река кoja де тече, де застанува Де жубори и сјае под силното сонце Де молкне и се губи во тишината силна.

ММД "НИКОЛА КАРЕВ" СО ИМПРЕСИВЕН ПРЕЗЕНТАЦИОНЕН БАЛ И КОНЦЕРТ

 ММД ” Никола Карев" , го одржа презентациониот бал н а 16 декември в о просториите на  Ferraro Reception. Одбележувањето на достигнувањата, макотрпната работа през годината беше наградена со доделување на  пехари на играорците од сите три групи. Вечерта ја отвори и ги поздрави присутните, претседателот на друштвото Аце Петровски кој истовремено посочи на фактот што ова друштво од самото формирање па до ден денес, означувајќи 40 годишне јубилеј, неуморно работи и е верен амбасадор на македонскиот фолклор, песна и оро.