Skip to main content

Posts

ЈАЗИКОТ НАШ НАСУШЕН

За думата, за јазикот наш насушен Зборот може да се изгуби како град, како земја како душа. А што е народот, ако го изгуби јазикот земјата душата? Не земајте ги туѓите зборови во своја уста. Земеш ли туѓ збор, знај дека не си го освоил, туку, себе си се отуѓил. Подобро е да го изгубиш најголемиот и најобезбедениот град во земјата, отколку најмалиот и најбезначајниот збор - на својот јазик.

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ - ЈАНЕ САНДАНСКИ

Macedonian brigand who captured an american missionary Miss Stone and held her for a ransom of sixty thousand dollars.  From the book: "Bulgaria and her people  with an account of the Balkan wars, Macedonia, and the Macedonian Bulgars,  by Will S. Monroe. 1863 - 1913.  Јане ја афирмирал политичката и националната посебност на Македонија и Македонците!. ... " А, пак ние не сакаме да ја замениме турската тиранија и турските султани со други такви, дури ни со бугарската тиранија и бугарскиот кнез. Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците... вие ја сакате слободата на Македонија... како средство, како етапа за идно завојување и присоединување, а кај нас слободата, автономијата на Македонија е легална во основа како цел.

ДО КОГА МАКЕДОНИЈА ЖРТВА ЗА ТУЃИ ИНТЕРЕСИ?

Во книгата "Бугарија и нејзиниот народ", постои дел и за Македонија во балканските војни. Нејзиното опстојување и иднина секогаш водени од други сили кои безмилосно ја парчеја,уништиваа со т.н договори, од кои излегуваше само како губитник, потпаѓаше под нови окупации.  И денес се соочуваме со проблеми околу нејзиното постоење како засебна држава со свој посебен идентитет  земја во светот. Ако во минатото други ја парчеја и делеја сега сама се уништува, дозволува пак да биде како дрво од кое полека полека се сечат гранките за да стигнат и уништат коренот. Дозволува, свесно или несвесно, без борба да биде уништена. Се предава токму на истите "волци" кои ја сместуваа во разни сојузи со убедување дека ќе ја ослободат од турското ропство. И секогаш со понизност и прифаќање на поставените мамки, се декларираа де срби, грци, бугари, зависно кој господареше, окупираше Македонија. Историското минато не ја научи да си ги заштитува своите интереси и зацврсти својот идентит...

МИСИЈАТА НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА

 Едно од првите споменувања за патувањата на апостолите во Македонија се наоѓа во дела на светите апостоли најверојатно напишано од страна на апостол Лука, каде се вели: на Павлe му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни! И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието. Потоа отпловивме од Троада и патувавме право кон Самотрак, а на идниот ден во Неапол.  Павле, познат како „апостол на апостолите“, пристигнал во Македонија  на  49 години заедно со своите придружници Сила, Тимотеј и  Лука.

"МАКЕДОНЕЦ" - КНИГА ОД 1927

Леонард Шулце, германски зоолог, географ, филолог. Роден 28 мај 1872 година, почина во Марбург (Германија) на 28 март 1955 година. Леонард Шулце е роден во академско семејство со висок статус во Јена. Од 1918 година го додава и Јена на неговото презиме. Тој започнал со студии по медицина во Лозана, Кил и Jена и се префрлил на биолошки науки и хемија откако го добил првиот медицински степен („Физикум“). Во 1896 година успешно го завршил универзитетското образование со Д-р. по зоологија на универзитетот Јена. Кариерата на Шулце е исклучителна по тоа што тој последователно работел на четири различни научни полиња, имено зоологија, каде го доби своето прво вработување како асистент на Ернст Хакел [1834-1919] вклучувајќи океанографски студии во јужна Италија и Сицилија, исто така направи и теренски студии во морски риболов и физичка антропологија во Јужна Африка, беше професор по географија од 1908 година, најпрво во Јена, подоцна во Кил, каде исто така беше на чело на етнографската збир...

MACEDONIAN TRADITIONAL MUSIC & DANCE SEMINAR 2020

Expression of interest for the best Macedonian Traditional Music and Dance Seminar - Ensamble Stefce Stojkovski: Date: From 27.07 to 05.08. 2020 Ohrid lake. Join us and experience the unique Macedonian tradition through our magnificent dances and songs played on different instruments. Registration until 01.06.2020 For more details and registration form please visit the website: www.stefcestojkovski.mk Macedonian music is described as being a product of its unique geographical position, "a crossroads between East and West". Macedonian folklore bursts with rhythms, fast dancing steps, colorful costumes. Traditional folk dance is the best way to discover and experience the Macedonian culture.  Macedonian timeline

ЗНАМЕТО Е СВЕТА РАБОТА

Македонското сонце изгравирано на ѕвоно во 1834 година, на коешто пишува: ☨ МАКЕДОНИА ✵- Мајстор Г. Д. Алексов од село Горно Броди, Серско Знамињата се илјадници години се користат како симболи на идентификација. Со почеток биле само дрвени столбови со резби се додека не започна користење на ткаенина а дрвото сепак остана дел од таа идентификација како додаток кој го држи знамето. Боите и симболите на секое знаме ги пренесуваат идеите, амбициите, вредностите на земјата или организацијата.    Вредностите, целите или историјата на секоја земја во светот  може да се прочита дури и во едно парче платно.  Зошто е толку голема неговата значајност? Уште од дамнешни времиња белото платно се користело во воените походи да испратат сигнал или одредени порака.