Skip to main content

ДО КОГА МАКЕДОНИЈА ЖРТВА ЗА ТУЃИ ИНТЕРЕСИ?


Во книгата "Бугарија и нејзиниот народ", постои дел и за Македонија во балканските војни. Нејзиното опстојување и иднина секогаш водени од други сили кои безмилосно ја парчеја,уништиваа со т.н договори, од кои излегуваше само како губитник, потпаѓаше под нови окупации.  И денес се соочуваме со проблеми околу нејзиното постоење како засебна држава со свој посебен идентитет  земја во светот. Ако во минатото други ја парчеја и делеја сега сама се уништува, дозволува пак да биде како дрво од кое полека полека се сечат гранките за да стигнат и уништат коренот. Дозволува, свесно или несвесно, без борба да биде уништена. Се предава токму на истите "волци" кои ја сместуваа во разни сојузи со убедување дека ќе ја ослободат од турското ропство. И секогаш со понизност и прифаќање на поставените мамки, се декларираа де срби, грци, бугари, зависно кој господареше, окупираше Македонија. Историското минато не ја научи да си ги заштитува своите интереси и зацврсти својот идентитет ни во слобода. Не ја научи историската лекција да престане да биде попустлива кон соседите чија геноцидна политика не е сменета. 
Како да не е важно кои се и од каде се, не им е важна жртвата на нашите претци кои ги дадоја своите животи за тоа парче земја покриено со културни богатства кои имаат посебна значајност на светско ниво. Ама кој знае да ја цени таа вредност? Актуелната Влада на "самоизбрани шерифи од дивиот запад" без чувство на припадност, без почит кон своето парче земја нити својот народ, потпишуваат штетни договори за нејзиното егзистирање како Република Македонија. Со кое право овие "шерифи" потпишуваат во име на цел македонски народ, решаваат едноставно да ја снема Македонија на географската карта. Грција на големо си користи и става забрана на користење на знамето со 16 зраци како да е нивно, става забрана и на името Македонија, со децении води пропаганда дека Македонија (ама која Македонија) била грчка, создаде своја нова историја во која Грција е "мајка на цивилизацијата", античка Македонија е грчка, Александар и Филип се нивни, уште малку па цел свет ќе го наречат грчки. Апетитите на соседите во ниту еден момент не се намалиле, и по толку години остануваат исти наместо да ги признаат своите злодела, да 'одраснат", да научат да почитуваат постоење на друг народ .
Повикувањето на различните имиња користени за означување на еден народ во минатото е обид за мистификација, а наметнувањето имиња дадени од оние што сакале да го присвојат и обезличат македонскиот народ значи оспорување на неговото право да се нарекува така како што се чувствува и како што мисли дека треба да се нарекува.









Macedonian timeline
Гордана Димовска

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...