Едно од првите споменувања за патувањата на апостолите во Македонија се наоѓа во дела на светите апостоли најверојатно напишано од страна на апостол Лука, каде се вели: на Павлe му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни! И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието. Потоа отпловивме од Троада и патувавме право кон Самотрак, а на идниот ден во Неапол. Павле, познат како „апостол на апостолите“, пристигнал во Македонија на 49 години заедно со своите придружници Сила, Тимотеј и Лука.
Притоа во Филипи ја основал првата христијанска општина во Македонија и во Европа, за чие раководење тука го оставил евангелистот Лука кој токму во овој град и го составил едното од четирите евангелија што ја претставуваат основата на христијанското учење. Наскоро биле формирани и христијански црковни општини во Солун и во Бероја. Подоцна, во дејноста за ширењето на христијанството, тој уште двапати престојувал во Македонија (56 и 57 г.).
Macedonian timeline
No comments:
Post a Comment