Skip to main content

Posts

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА “АНТИЧКА МАКЕДОНСКА АРХИТЕКТУРА И УРБАНИЗАМ“

Книгоиздателство “Матица македонска“ ја објави моногафијата “Античка македонска архитектура и урбанизам” од Меланија Шерденковска. За првпат пред македонската и светската јавност се афирмираат изворната античка македонска архитектура и урбанизам. За првпат, на научно ниво, детално се анализираат и пред стручната и пошироката македонска и светска јавност се презентираат и афирмираат карактеристиките на изворната античка македонска архитектура и урбанизам. Изданието е двојазично, на македонски и на англиски јазик, а со него, за првпат, на ваков начин, се афирмира самостојниот развој и пат на македонското античко градителство, коешто иако користи дел од искуствата и дострелите на хеленската цивилизација и на останатите антички држави со кои дошла во контакт Македонија, има во себе доволно елементи за да може да се воведат и полнозначно да се користат термините “Македонска античка архитектура“ и “Македонски урбанизам“.

ПОЗНАТИОТ ИСЕЛЕНИК Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ГО ПРОСЛАВИ 90 - тиот РОДЕНДЕН СО ФОРМИРАЊЕ ФОНДАЦИЈА

  Познатиот иселеник д-р Лефтер Методиев Манче кој е дете прогонето од Егејска Македонија, а кој постана светски естетски  хирург, трансплантер и асистент университетски професор, на 28 септемсри 2025 година, во хотелот „Мериот“ во Скопје, заедно со бројни роднини, другари, колеги, и пријатели од сите делови на Македонија, го прослави неговиот 90. Роденден  со промоција на Фондацијата “Доктор Лефтер Манче”. По интонирањето на македонската национална химна, реч за животот и делото на доктор Лефтер Манче одржа претседателот на Светскиот Македонски Конгрес и генерален секретар на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, Тодор Петров. Пригодно обраќање со евоции од неговиот живот и историјата на Егејскиот дел од Македонија одржа доктор Лефтер Манче, а свечената трпеза ја благослови Неговото Високопреподобие отец Никодим Царкњас, архимандрит мегленски.

ОСВЕТЕНА ЦРКВАТА „СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

На 28 септември беше осветена новата црква „Св. Константин и Елена“ која се наоѓа во центарот на Скопје. Чинот на ослетувањето го изврши поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан во сослужение на голем број свештенослужители, а во присуство на голем број верници и личности од политичкиот и културниот живот, меѓу другото, тој го рече следното: „Овој храм убавец е радост за сите сетила и со него добиваме уште едно место во кое земјата се сретнува со небото и во кој временото станува вечност, а светите Константин и Елена на кои им е посветен овој молитвен дом, заслужуваат ваква убавина. Но, убавината на храмот не е цел сама по себе, таа, пред се, е водич кон Бог. Архитектурата, фрескописот, иконостасот и црквата служат за да ни помагаат да ги издигнуваме нашите срца кон небесните висини. Молитвените домови не се прават за да ја покажуваме нашата слава, туку за да бидеме близу до Бога, врвејќи го патот на прочистувањето ...

ПРОСЛАВА НА 20. ГОДИШНОТО ПОСТОЕЊЕ НА „ОБЕДИНЕТАТА МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА“

На 27 септември во Детроит се одржа прослава на  20 годишното постоење на организацијата „Обединета македонска дијаспора“ (ОМД) што беше  ден на гордост за сите М акедонци и пријатели на Македонија, бидејќи таа е врвна меѓународна, невладина асоцијација чија главна цел се интересите и потребите на луѓето со македонско потекло и македонските заедници ширум светот. Примарната цел на ОМД е да го обедини македонскиот народ и нивните интереси, а активностите на организацијата се фокусирани кон промоција на нашето македонско историско, духовно и културно наследство.   На прославата на  20 годишното постоење на организацијата „Обединета македонска дијаспора“ учествуваа голем број познати и признати американски Македонци од сите делови на етничка Македонија, меѓу кои посебно место имаше претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска – Давкова, која обраќајќи им се на присутните им оддаде почит за нивните успеси и им посака да останат сплотени и обе...

НАГРАДЕНИ ДЕЛА ЗА ПРЛИЧЕВА НАГРАДА ЗА 2024

Жири комисијата во состав Мери Петковска (претседател),  Славица Ристеска и Цвета Чумковска, ја донесоа одлука да ги наградат најдобрите дела пристигнати за традиционалниот награден конкурс за Прличева награда за 2024 година. За четирите категории пристигнаа 25 дела. Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ наградниот конкурс за Прличева награда го организира од 1978 година со цел да ги поттикне љубителите на пишаниот збор да го негуваат македонскиот јазик и ја искажат својата креативност во поезијата и прозата. Жири комисијата одлучи да ги награди следните автори и дела: Песни за возрасни 1. „Најнежните раце“ - Шифра: Баба или мајка – од Оливера Јовановска 2. „Корени“ - Шифра: Македонија е вечна - од Оливера Јовановска 3. „Немир“ - Шифра: Грофица – од Дона Димовски Кантаровски 3. „Војводата Јордан Пиперката“ - Шифра: Сонце – од Велика Џангаловска Гатсис Песни за деца 1. „Првачето Ариана“ - Шифра:Ариана - од Ристе Петрески 2. „Роденден“ - Шифра: Радост - од Оливера Јованов...

АЛЕКСАНДРИСКАТА БИБЛИОТЕКА

Александриската библиотека, еден од најпознатите центри за учење во античкиот свет, е основана на почетокот на 3 век п.н.е. за време на владеењето на Птоломеј I Сотер, поранешен генерал на Александар Велики и основач на Птоломејската династија во Египет.   Сместена во градот Александрија, библиотеката имала за цел да го собере целото знаење од познатиот свет и се верува дека содржела стотици илјади свитоци што опфаќале теми од астрономија и математика до литература, медицина и филозофија. Научници од целиот Медитеран биле поканети да проучуваат и преведуваат текстови, што ја прави библиотеката симбол на интелектуална амбиција и меѓукултурна размена во тоа време.   Уметничка реконструкција на древната Александриска библиотека, која прикажува грандиозна класична зграда со високи столбови, отворени дворови и научници собрани меѓу свитоци и ракописи во сончево опкружување.

МАЈЧИНА ПРЕГРАТКА - РАСКАЗ

Зимски студен ден. Ивана седеше крај огништето и упорно гледаше во вжарените дрвја кои даваа некој посебен црвен сјај. Беше Петок, еден часот попладне кога наеднаш некој заѕвона на влезната врата. Ивана дури тогаш се свести дека многу далеку замина со своите мисли. - Ех, како сум се замислила, заминав на крајот на светот со моите мисли...хм...не заџабе велат, Умот е најбрзо нешто на светот. Поита до вратата да отвори.   Добар ден девојко, ти ли си Ивана? – праша човекот на вратата, беше новиот поштар за кого Ивана слушна од мајка си дека го заменува стариот Стојан. Да, јас сум – одговори малку возбудено Ивана. Еве писмо за вас. Како што гледам од амбасадата е, сигурно и ти ќе ни одлеташ преку океан! – се насмеа и гледаше во Ивана дали ќе каже нешто. -           Е, ви благодарам, ете конечно стигна и тоа писмо. Па видете, јас не се ни радувам многу на тоа но можно е да одлетам преку океан, се зависи што одлучиле од амбасадата......