Skip to main content

НАГРАДЕНИ ДЕЛА ЗА ПРЛИЧЕВА НАГРАДА ЗА 2024

Жири комисијата во состав Мери Петковска (претседател),  Славица
Ристеска и Цвета Чумковска, ја донесоа одлука да ги наградат
најдобрите дела пристигнати за традиционалниот награден конкурс за
Прличева награда за 2024 година.
За четирите категории пристигнаа 25 дела.
Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ наградниот
конкурс за Прличева награда го организира од 1978 година со цел да
ги поттикне љубителите на пишаниот збор да го негуваат
македонскиот јазик и ја искажат својата креативност во поезијата и
прозата.
Жири комисијата одлучи да ги награди следните автори и дела:
Песни за возрасни
1. „Најнежните раце“ - Шифра: Баба или мајка – од Оливера
Јовановска
2. „Корени“ - Шифра: Македонија е вечна - од Оливера Јовановска
3. „Немир“ - Шифра: Грофица – од Дона Димовски Кантаровски
3. „Војводата Јордан Пиперката“ - Шифра: Сонце – од Велика
Џангаловска Гатсис
Песни за деца
1. „Првачето Ариана“ - Шифра:Ариана - од Ристе Петрески
2. „Роденден“ - Шифра: Радост - од Оливера Јовановска
3. „Лагата на дедо“ - Шифра: Модерно време – од Оливера Јовановска
Раскази за возрасни
1. „Дали снегулките се виновни за нашата средба и за нашата
разделба?“ - Шифра: Снегулка – од Оливера Јовановска
2. „Разделба“ - Шифра: Сонце – од Велика Џангаловска Гатсис
3. „Две нијанси на сиво“ - Шифра: Казнета со убавина – од Нове
Младеновски
Раскази за деца
1.„Мајка - Шифра: Сонце – од Велика Џангаловска Гатсис

Првонаградена песна за возрасни:

НАЈНЕЖНИТЕ РАЦЕ

Кога мракот ќе го прегрнеше денот
џагорот детски се стишуваше,

улиците остануваа пусти
ние децата дома си одевме,
секој в срце своја тајна криеше
а во моето секоја вечер иста тага риеше.
Сакав ѝ само посакував
со приспивна песна да заспивам,
мајка да прегрнам
лесен сон да ѝ посакам,
а таа да ме милува со нежните ѝ раци
да ми раскажува бајки за принцези и јунаци.
Да, секоја вечер ме милуваа две раци
кои беа распукани и рапави,
но допирот беше нежен како памук
понекогаш во длабоките ѝ рани,
црвена крв ќе наѕреше
тоа беше затоа што таа измеќаруваше.
Дење аргат по нивте туѓи
ноќе со чингелаќе прсти бодеше,
чаршав да сплете пара в куќи да донесе
желби да ми угоди,
дека растам без мајка
вистината да нè ме погоди.
Рапавите раце на баба мѝ
се единствените раце на светот,
кој најнежно ме галеа
кога со солзи го топев креветот,
затоа што немав мајка да ме милува.
(Шифра: Баба или мајка)
Оливера Јовановска

Првонаградена песна за деца:

ПРВАЧЕТО АРИАНА
Денес ми е прв ден
на училиште јас одам
со дедо ми Ристе
за рака се водам.
Учителката тивко 
за името ме праша?      
Ариана и реков а од неа 
слушнав учителка Наташа.

Прости ми кукличке
што те оставам на мама
додека сум во училиште
не сакам да бидеш сама.
Букварот ме чека
молив, гума и тетратки
да читам и пишувам
и да добивам петки.
(Шифра: Ариана)
Ристе Петрески

Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.