Skip to main content

Posts

ДАЛИ ПОГРЕШИВМЕ?

Расказ од Нове МЛАДЕНОВСКИ  За еден обичен брачен живот потрошен во иселеништво а сведен на едно едноставно прашање: “Дали погрешивме? " ...  Влегуваме со колата во селскиот двор во кој многу одамна сум ги направил првите чекори во мојот живот. Татковата стара куќа што му ја препуштивме на најмладиот брат, се гледа дотерана, средена со уреден двор. Останале само неколку елементи во дворот кои можеби тајно воздивнуваат по старите времиња. Каменото корито, клесано во монолитен камен, стои како нем сведок на тајните на генерациите што се раѓале и завршувале во тој двор. Колку ли само момински нозе се измиени во тоа корито по напорната земјоделска работа. Една дотраена плевна од комшиите се уште се крепи за ѕидот од земјани тули ѕидан уште во турското. Се уште стои и кочината што ја ѕидал мојот татко, напуштена и заборавена. Излегуваме од колата. За момент како да ги видов силуетите на покојна ми мајка и изнемоштениот татко на чардакот.. “Се вративте ли сине?. Се стори вечнос...

MACEDONIAN CULTURAL FESTIVAL WILLIAMSTOWN 2025

Food is an important part of any celebration in all nations of the world, regardless of culture or religion. It can unite and strengthen community bonds and helps to maintain a common identity among a group of people. Come and enjoy the food, music, dancing performances on Macedonian Cultural  festival, 23 November 2025 Williamstown. И оваа година ќе се одржи Македонскиот фестивал на културата во  Williamstown. Во склоп на овој фестивал посетителите ќе уживаат во убавите македонски јадења, кои се препознатлив дел од македонската култура. Македонското фолклорно богатство кое ги вклучува македонските ора, песни, традиционални носии кои за првпат се појавиле во 15 век, се препознатлив белег и ден денес се користат за промоција на македонската култура во светот.

ФИЛИП ВТОРИ - АРХИТЕКТ НА ПОХОДИТЕ НА СВОЈОТ СИН АЛЕКСАНДАР

Трансформацијата на Македонија од периферно кралство во доминантна империјална сила беше дело на еден човек: Филип II. Честопати запаметен само како татко на Александар Велики, Филип всушност беше вистинскиот архитект на идните освојувања на својот син. За време на неговата младост во Теба, тој ги апсорбирал тактичките иновации на Епаминонда, а подоцна ја преобликувал и Македонската војска. Со воведувањето на долгото копје сариса и реформирањето на фалангата, тој создал дисциплинирана, професионална воена сила што го променила лицето на античкото војување. Од Амфипол до Метон, од Тесалија до Тракија, Филип ги обезбедил своите граници и го проширил своето влијание. Тој, исто така, ја совладал дипломатијата, користејќи бракови и сојузи како стратешки алатки, додека ги искористувал соперништвата меѓу Атина, Теба и Спарта. Во 338 година п.н.е., во решавачката Битка кај Херонеја, Филип ги уништил здружените сили на Атина и Теба, ставајќи крај на независноста на грчките градови-држави. Набрг...

ИНТЕРНЕТОТ КАКО МЕЧ СО ДВЕ ОСТРИЦИ - ВИСТИНИ И ЛАГИ

“ Новинарството е популарно, но е популарно главно како фикција. Животот е еден свет, а животот виден во весниците друг“ [Ф. Г.К. Честертон] ” Ако во минатото луѓето требаше да патуваат илјадници километри да бидат сведоци на важни настани или да добијат популарност  во јавноста, денес  со појавата на интернетот секоја вест се пренесува во моментот на случувањето. Медиумите играат голема улога во креирањето на имиџот на политичарите, филмските ѕвезди, уметниците од сите области. Дури може да се каже дека се поттикнувачи на разни движења во општествено политичкиот живот на една земја. Сите вести за одреден настан или личност, со секавична брзина се пренесуваат насекаде низ светот , но понекогаш  поради популарност на самиот медум, веродостојноста на информациите треба да се преиспита.  Во денешното опкружување, влијанието и досегот на медиумите станаа исклучително моќни. Медиумите се главното средство за масовна комуникација, доставувајќи пораки до широк опсег н...

MOСТОВИ

Животот нема да ти понуди совршен пат, Напротив ти дава товар. И прашува дали ќе останеш да градиш Или ќе одиш по другиот, лесен пат. Мислиш дека си избрал најдобар пат По време увидуваш дека си згрешил. И пак одиш избираш друг со помалку грижи и болка, и нова надеж. Но, мостовите се градат од раце кои се вредни Од раце кои се обидуваат. Од срца полни со љубов и мудрост. Тие го премостуваат јазот, ја ублажуваат болката, Тие ја претвораат твојата загуба во твоја добивка. Затоа гради со елан, надеж, храброст Иднината се потпира на мостот што го градиш. И секој чекор по него Покажува кој си и колку можеш.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 74“ – ГЛАСИЛО НА ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го издаде списанието „Повод 74“ наменето за литература и култура. Тоа се појави од печат и во електронска форма, двојазично кое успешно го промовира македонскиот јазик, литература, култура, македонската заедница во демократска Австралија.  Издавач на списанието „Повод 74“ е Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија, во чија редакција се: Душан Ристевски-Македон, главен и одговорен уредник, уредниците се Иван Трпоски и Мена Ристевска, соработници се: Виктор Бивел (Сиднеј), Гордана Димовска (Мелбурн), Ристо Стефов (Канада), Фиданка Танаскова, Александар Донски и Славе Николовски Катин (Македонија), а технички уредник и дизајнер е Александар Донски. Списанието „Повод“ бр. 74  за октомври 2025 година, наменето за литература и култура се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел списанието успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедни...

МАНАСТИРОТ „СВ. ЃОРЃИ“ ВО КУРБИНОВО – ЗНАЧАЕН МАКЕДОНСКИ СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА (2) - Славе Николовски - Катин

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН Често се вели дека Курбиново и Претор се познати туристички места; Курбиново по значајниот културен објект – црквата „Св. Ѓорги“ од дванаесеттиот век, додека Претор со своето летувалиште, песочните плажи, зимскиот рекреативен центар, угостителските објекти и бројните викенд куќи. Инаку, Курбиново и Претор се познати туристички места; Курбиново по значајниот културен објект – црквата „Св. Ѓорги“ од дванаесеттиот век, додека Претор со своето летувалиште, песочните плажи, зимскиот рекреативен центар, угостителските објекти и бројните викенд куќи. Инаку, селото Курбиново се наоѓа на околу 2 км од североисточното крајбрежје на Големото Преспанско Езеро, во подножјето на планината Баба односно нејзиниот разгранок Голема Чука, на надморска височина од 950м, со околу сто и триесетина жители. Тоа е старо христијанско село, во кое секогаш живееле православни Македонци.  Курбиново, често го нарекуваат село со стари воденици. Според пишаните документи, Курбиново...